Контакт

Свет

Италијанска тинејџерка дрогирана, силувана и убиена од банда Африканци и Арапи

Објавено пред

Шеснаесетгодишна тинејџерка во Италија била дрогирана, силувана и убиена од банда Африканци и Арапи, тврди наводен сведок, а крајно левичарските демонстранти потоа го спречиле министерот за внатрешни работи на Италија да го посети местото на злосторството за да ѝ оддаде почит на жртвата.

Телото на тинејџерката, идентификувана како Дезире Мариотини, било откриено на напуштено градилиште во областа Сан Лоренцо во главниот град на Италија на 19 октомври, пренесува „Ил џорнале“.

Инспекторите првично мислеле дека тинејџерката починала од предозирање со дрога бидејќи областа во која е пронајдено нејзиното тело е позната како дувло на бездомници и зависници од дрога и бидејќи откриле дрога во нејзиниот систем.

Новите наводи и сведочења опишуваат сосем поинакво сценарио. Полицијата сега верува дека тинејџерката била силувана од повеќе луѓе пред нејзината смрт, за што има потврда од еден мигрант од Сенегал кој тврди дека бил сведок на наводното убиство. Неименуваниот мигрант, кој пристигнал таму кратко време пред смртта на Дезире, вели:

„Пристигнав таму околу полноќ и имаше жена која врескаше. Гледав во жената, но имаше уште една девојка на креветот: ѝ ја покрија главата со ќебе, но можеше да се види. Не знам дали дишеше. Изгледаше дека веќе е мртва бидејќи другата жена врескаше дека девојката е мртва.“

„Имаше Африканци и Арапи, шест или седум луѓе. Имаше уште една девојка која зборуваше ромски. Таа врескаше дека ја силувале, а потоа зеде некаква дрога бидејќи таа таму продава дрога“, додаде тој и тврдеше дека тинејџерка била дрогирана пред силувањето.

Убиството предизвика бес низ Италија. Популистичкиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, се обиде да ја посети областа, но беше спречен од екстремно левичарските демонстранти.

„Имам бела роза во автомобилот што сакав да ја донесам да не беа овие идиоти”, рече Салвини и додаде дека следниот пат ќе се врати со булдожер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Меркел: Состанокот со Зариф е паралелен настан, не е дел од самитот

Објавено пред

Германската канцеларка, Ангела Меркел изјави дека доаѓањето на иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф во Франција е паралелен настан на истото место, а не официјален состанок во рамки на Самитот Г7.

Таа нагласи дека вреди да се искористи секоја можност за да избегне натамошна ескалација на спорот околу иранската нуклеарна програма, пришто додаде дека лидерите на Г7 имале добра и конструктивна дискусија синоќа на таа тема, пренесе „АП“.

Иранскиот министер за надворешни работи, денеска допатува неочекувано во Бијариц на повик на Франција, на што реагираше Белата куќа од каде истакнаа дека американскиот претседател не бил информиран за состанокот. Зариф за време на кусата посета оствари средба со францускиот претседател, Емануел Макрон, по што се врати назад кон Иран.

Прикажи повеќе...

Свет

Белата куќа: Трамп не бил известен за средбата на Макрон и Зариф

Објавено пред

Франција не го известила претседателот на САД, Доналд Трамп дека дека шефот на иранската дипломатија ќе се состане денеска со француската делегација на маргините на самитот Г7, соопшти Белата куќа.

Министерот за надворешни работи на Иран, Мохамед Џавад Зариф разговараше со Макрон за можните начини за намалување на тензиите помеѓу Вашингтон и Техеран.

„АП“ наведе дека не се планирани состаноци на Зариф со американските власти.

Прикажи повеќе...

Свет

Пукање на протестите во Хонг Конг, употребени и водени топови

Објавено пред

Еден полицаец пукаше со пиштол на денешните протести во Хонг Конг, што е прва употреба на оружје откако почнаа демонстрациите во јуни.

Ова е истотака прв протест за време на којшто полицијата излезе пред демонстрантите со водени топови.

Од полицијата за локалните медиуми велат дека пукањето било предупредување кон демонстрантите, a неколку полицајци се пренесени во болница.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Унгарски државјанин почина во автобус на излез од земјава

Синоќа од Итната медицинска помош било пријавено дека во автобус на граничниот премин Табановце на излез од земјава починал Ф.С.(71)...

Македонија14 часа

Сугарески: Нема вмешани функционери на СДСМ во ,,Рекет”

Остануваме посветени на заложбата од Декларацијата што ја донесовме за борба против криминал и корупција, комуникацијата во партијата е одлична...

Македонија14 часа

(Видео) Арсовски: Кога ќе биде повикан Заев во обвинителството?

,,Зоран Заев и целото раководство на СДСМ се во длабок очај. Откако Јавното обвинителство и продолжената рака на Зоран Заев,...

Македонија16 часа

Ветрот го шири пожарот кај Опеница, кризниот штаб бара решение

Поради сериозноста на ситуацијата заседава Кризниот штаб на Општина Охрид кој бара решение како да се изгасне пожарот кој се...

Топ16 часа

Ресенчанец со фалц диплома станал полицаец, се запишал на факултет и го унапредиле во инспектор

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(38) од село Асамати, Ресенско, поради „фалсификување исправа“, казниво по член 378 став1 од...

Свет17 часа

Трамп размислува да ја повика Русија на следниот Самит Г7

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Бијариц дека е „можно“ тој да ја покани Русија да се врати на годишниот...

Свет17 часа

НАСА објави вознемирувачки снимки од пожарите кои ги уништуваат ,,белите дробови” на светот

Вознемирувачки сателитски снимки на НАСА од вселената укажуваат на огромниот размер на пожарите што ја зафатија Амазонија која се нарекува...

Европа19 часа

Уапсени 68 учесници на протестот против Самитот Г7 во Франција

Француските власти соопштија дека уапсиле 68 лица кои учествувале на напнатиот протест во близина на Бијариц, каде се одржува самитот...

Регион19 часа

Вучиќ: Пред Србија е тешка есен и компликувана зима

Српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека не може да ги толкува или да зборува за важноста на...

Спорт19 часа

Ѓоковиќ: Мојата сопруга е помоќна од мене – секогаш пишува нешто

Новак Ѓоковиќ во ново интервју пред САД опен во Њујорк, последниот гренд слем од сезоната, се отвори за својот личен...

Македонија19 часа

Прв рок за упис на скопскиот универзитет на 29 и 30 август

Првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје е...

Спорт20 часа

Ковалев го „здроби“ Јарди во 11. рунда, сега го сака Канело (видео)

Шампионот Сергеј Ковалев го „уништи“ британскиот предизвикувач Ентони Јарди со нокаут во 11. рунда од нивниот меч за ВБО титулата...

Свет1 ден

Над 1 600 нови пожари во Амазонија, на терен испратени 44 илјади војници

Над 1 600 нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, поради што на тарен се испратени авиони како и...

Македонија1 ден

ЗНМ и СЕММ бараат медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) сметаат дека јавните функционери треба...

Македонија1 ден

(Видео) Заев се надева дека со опозицијата консензуално ќе го донесат законот за јавно обвинителство

Премиерот Зоран Заев денеска во Општина Новаци, на настанот по повод увидот на напредокот на работите на магистралниот гасовод Неготино...

Свет1 ден

Во пожар на Алјаска изгореа 51 куќа и три згради

Шумски пожар којшто гори северно од Анкорејџ, Алјаска, уништи 51 куќа и три деловни згради, соопштија властите. Уништени се и...

Европа1 ден

Макрон апелираше за помош за сузбивање на пожарите во Амазонија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска пред почетокот на самитот на Г7 во Бијариц дека ги повикува сите светски сили...

Македонија2 дена

(Видео) Заев ќе тужи за клевета по објавата на записникот за случајот „Рекет“

Премиерот Зоран Заев денеска oд Прилеп најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој...

Регион2 дена

Во Словенија просечната плата изнесува 1.108 евра

Просечната нето плата во Словенија во јуни 2019 година била 1.107,96 евра, што е за 0,8 проценти пониска од просечната...

Македонија2 дена

Обвинителството ќе утврдува како документи од „Рекет“ протекле во јавноста

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата...

Досие