Контакт

Европа

Италијанскиот Народен правобранител: Мигрантите неправедно се држат на брод

Објавено пред

Делегација на италијанскиот Омбудсман во четвртокот ги посети 150-те мигранти кои веќе три дена се сместени на брод на италијанската крајбрежна стража, и посочија дека е неправедно што не им се дозволува да се симнат од бродот на пристаништето во Сицилија.

dobivaj vesti na viber

Шефот на делегацијата, Данијела де Роберт, за телевизијата „СкајТГ24“, по тричасовниот престој на бродот, изјави дека мигрантите доаѓаат од земји како што се Еритреја, Сирија, Судан и Сомалија, и затоа тие имаат право да бараат статус на бегалец.

Италија претходно побара од Европската Унија да пронајде земји што сакаат да примат околу 177 мигранти кои со денови останале заглавени на брод на италијанската крајбрежна стража по новиот спор меѓу Рим и Малта околу мигрантите.

Во време кога Малта и Италија се натегаат околу прашањето на прифаќањето на мигрантите кои секојдневно по воден пат пристигаат во земјите од Европа, и австрискиот канцелар, Себастијан Курц, излезе со јасен став.

Курц пред една недела апелираше до земјите членки да не дозволат бродовите со мигранти да стигнат до Европа.

Австрискиот канцелар својот став го повтори и денеска. Курц на годишниот прием на ЦДУ ја советувал партијата на германската канцеларка, Ангела Меркел, да не влегува во коалиција со десничарската АФД, и меѓудругото подвлекол дека во Европа не може да има неограничен прием на мигранти, но и дека е потребна заштита на границите.

Европа

Лукашенко: Украина го користи секој изговор за да го вовлече НАТО во конфликт

Објавено пред

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека Украина го користи секој изговор за да ги вовлече силите на земјите членки на НАТО во конфликтот, а Белорусија забележува зголемување на провокациите во близина на нејзината граница.

dobivaj vesti na viber

„Сите агенции за спроведување на законот забележуваат зголемување на бројот на провокации во близина на државната граница. Украина, најверојатно, се обидува да искористи каков било изговор за да ги вклучи трупите на земјите членки на НАТО во конфликтот. Сето ова е потврдено со неодамнешниот пад на ракета на територијата на Полска“, рече Лукашенко на состанокот со воени и безбедносни претставници, пренесе новинската агенција „Белта“.

Како што рече, Белорусија е во состојба да го одврати потенцијалниот непријател од употреба на воена сила против земјата.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Свлечиште на автопат во Бразил: најмалку двајца загинати и десетици исчезнати

Објавено пред

Најмалку две лица загинаа, а десетици се водат како исчезнати кога во вторникот при лизгање на земјиштето беше затрупан автопат во Бразил. Силниот дожд предизвика лизгање кал на автопатот БР-376 во градот Гуаратуба, во државата Парана.

dobivaj vesti na viber

Засега не се знае што се случило со 30 лица и тие се водат како исчезнати. Властите веруваат дека под калта има неколку затрупани возила. На видеата се гледаат и превртени камиони, кои се опасно блиску до работ на патот, пишува „Скај њуз“.

Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат зошто властите не го затвориле патот порано, туку само по одронот.

По инцидентот, сообраќајот во областа беше во прекин, а пристапот до главното пристаниште за испорака на жито и шеќер беше прекинат. Околу 80 % од стоките извезени од Паранагва, второто по големина пристаниште во земјата за житарки и шеќер, се испорачуваат со камиони.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Шпанија откриена трета бомба за два дена, била скриена во пакет, а испратена во базата на шпанската авијација

Објавено пред

Трета експлозивна направа за два дена скриена во пакет била испратена во базата на шпанската авијација во Торехон де Ардос во близина на Мадрид, главниот град на Шпанија.

dobivaj vesti na viber

Вчера, како што потсетуваат тамошните медиуми, во таа земја беа откриени две писма бомби.

Едното било испратено во украинската амбасада во Мадрид, а другото во компанија што произведува оружје на северот на земјата, соопшти шпанската полиција.

Првата бомба експлодирала и му нанела полесни повреди на вработен во Амбасадата, пишуваат медиумите.

Доцна синоќа полицијата потврди дека истражува можна поврзаност помеѓу двете писма бомби испратени до амбасадорот на Украина во Мадрид и шпанската компанија за оружје, која произведува ракетни фрлачи и ги донира на Киев.

По инцидентот во Амбасадата, Киев нареди зголемени безбедносни мерки во сите свои претставништва во странство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Дојави за бомби во осум училишта во Скопје

Попладнево, во полицијата било пријавено дека на електронски адреси на осум училишта во Скопје им е упатена закана за поставена...

Македонија2 часа

Град Скопје го раскина договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“

Договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“ денес е раскинат поради неисполнување на обврските што произлегуваат од договорот. „Во...

Економија2 часа

Мицкоски: РЕК „Битола“ од вчера работи со еден блок на 75 отсто од инсталираниот капацитет

„Владата најавуваше дека ќе работат од 1 ноември до крајот на грејната сезона со трите блока во Битола, едниот блок...

Македонија2 часа

Османи: Во фокусот на нашето претседавање ќе биде враќањето на мирот и стабилноста во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Лоѓ, денес оствари билатерална средба со...

Економија3 часа

Дизелот поевтинува, цените на другите горива остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Европа4 часа

Лукашенко: Украина го користи секој изговор за да го вовлече НАТО во конфликт

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека Украина го користи секој изговор за да ги вовлече силите на земјите...

Македонија5 часа

(Видео) Пендаровски: Брзината на интеграцијата во ЕУ зависи најмногу од нас

Општиот впечаток меѓу нашите граѓани, за жал, е дека некои од преземените реформи или не се одржливи на долг рок...

Свет6 часа

Лавров: Западот го осакати Советот на Европа не оставајќи му никакви шанси за закрепнување

Сергеј Лавров рече дека Западот го осакати Советот на Европа, без никакви шанси за закрепнување. „Западот го осакати Советот на...

Свет8 часа

Маск најави тестирање мозочен чип на луѓе, ќе почне за шест месеци

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип развиен од неговата компанија Neuralink да почнат...

Свет8 часа

Белата куќа објави нови пакет-санкции против Северна Кореја

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан објави дека САД работат на нови пакет-санкции насочени кон Северна Кореја. Саливан изјави...

Свет8 часа

Кинески амбасадор: Кина не ја снабдува Русија со оружје

Кина не ја снабдува Русија со оружје, изјави кинескиот амбасадор во Франција, Лу Ша. „Не. Мислам дека на Русија не...

Свет8 часа

Џјинпинг: Кина ги продолжува координацијата и комуникацијата со Европската Унија

Кина ќе продолжи да ги зајакнува комуникацијата и координацијата со Европската Унија, изјави денеска кинескиот претседател на средбата во Пекинг...

Свет8 часа

Пет лица пронајдени мртви во куќа во предградие на Чикаго

Пет лица се пронајдени мртви во куќа во предградие на Чикаго, соопшти полицијата. Според полицијата, во средата во 11.12 часот...

Македонија8 часа

Маричиќ во Брисел, почнува билатералниот скрининг за „Правосудство и фундаментални права“

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел ќе го...

Регион20 часа

Курти: Сакаме договор, но се чини дека Вучиќ и Белград не го сакаат

„Сакаме договор, одиме на дијалог. Се чини дека Белград и Вучиќ не сакаат договор“, изјави косовскиот премиер Албин Курти. Во...

Македонија23 часа

Атиџе и Штајнмаер си разменија тегли со мед: „Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат“

Хероината од документарниот филм Атиџе Муратова му подари од својот мед на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер. „Ако ги сакате пчелите,...

Македонија1 ден

Адвокатите на осудените за убиството на Тот, најавија жалби: „Казните се драконски“

Сите адвокати на обвинетите и првостепено осудени за убиството на Денис Тот најавија жалби на пресудата. Незадоволни се од висината...

Свет1 ден

Писмо бомба експлодира во украинската амбасада во Мадрид

Шпанската полиција соопшти дека дошло до експлозија во украинската амбасада во Мадрид. Станува збор за писмо бомба, а еден вработен...

Економија1 ден

Потпишан договор, продолжува испораката на греење во Чаир и Бутел

АД ЕСМ го плати природниот гас наменет за АД Скопје Север за испорака на греење и потрошувачите во општините Чаир...

Македонија1 ден

Тупанчески: Некој функционер го искористил дискреционото право овозможувајќи предвремено полагање на правосудниот испит

Министерот за правда Никола Тупанчески , одговарајќи на новинарски прашања за положениот правосуден испит на Барлет Џафери во 2015 година...