Контакт

Свет

Италијанскиот премиер: „Престанете да ги оправдувате убиствата на жените!”

Објавено пред

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, во четвртокот ги критикува судиите што ги признаваат олеснителните околности на убијците на жените бидејќи злосторствата ги извршиле во афект поради љубомора или разочарување.

Семејното насилство е голем проблем во Италија, а овој месец две намалени казни ја разбрануваа јавноста бидејќи судиите во објаснувањето зборуваа за повредените чувства на луѓето што ги убиле своите сопруги или девојки.

Апелацискиот суд на Болоња ја преполови на 16 години казната за човекот што ја задавил својата сопруга во 2016 година во состојба што судскиот психијатар ја нарече емоционална и страсна бура.

Убиецот пронашол пораки од други мажи во мобилниот телефон на својата сопруга, а таа му кажала дека сака да ја прекине нивната врска.

Во вториот случај, во Џенова, човек што ја избол својата жена до смрт доби 16 години затвор наместо 30 колку што бараа тужителите. Судијата одлучи дека убиецот бил воден од бес и очај, длабоко разочарување и гнев.

Мажот открил дека неговата сопруга не го оставила својот љубовник како што му ветила.

Во време на жестоки критики на активистките за женски права во дебатата се вклучи и Конте, по професија адвокат. На „Фејсбук“ напиша дека иако судиите треба да останат независни, овие случаи отвораат прашања за културата, што тој мора да ги коментира.

„Мора да разјасниме дека никаква емоционална реакција, никакви чувства, без разлика колку се интензивни, не може да ја оправдаат или ублажат тежината на убиствата на жени“, напиша Конте со големи букви за да ја нагласи својата порака.

Европа

Поранешна министерка од Хрватска е нов генерален секретар на Советот на Европа

Објавено пред

Поранешната хрватска министерка за надворешни работи, Марија Пејчиновиќ-Буриќ, официјално ја презеде функцијата генерален секретар на Советот на Европа.

Таа е втора жена и прв политичар од централна и источна Европа на оваа позиција. Во крајното гласање, таа го победи Белгиецот Диди Рејндерс.

Поранешната шефица на хрватската дипломатија положи заклетва во седиштето на СЕ во Стразбур.

Пејчиновиќ Буриќ дојде на местото на Норвежанецот Торбјорн Јагланд.

Прикажи повеќе...

Свет

Нетанјаху го откажа учеството на Генералното собрание на ОН

Објавено пред

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, го откажа учеството на Генералното собрание на Обединетите нации.

Патот за Њујорк е откажан по вчерашните парламентарни избори на кои нема јасен победник и Нетанјаху, судејќи според неофицијалните резултати, нема мнозинство во парламентот заедно со неговите сојузници, десничарските и верските партии.

Нетанјаху требаше да се сретне и со американскиот претседател Доналд Трамп следната недела во Њујорк. Не е соопштено дали средбата на двајцата лидери ќе биде презакажана.

Прикажи повеќе...

Свет

Индија со закон ги забрани електронските цигари

Објавено пред

Индија денеска најави забрана за електронските цигари со образложение дека таквата консумација на производи со тутун претставува здравствен ризик, особено за младите луѓе, пренесува Си-ен-ен.

„За жал, е-цигарите првично беа промовирани како добар начин за откажување од пушењето. Тие требаше да им помогнат на пушачите да се откажат од пушењето“, рекла индиската министерка за финансии, Нирмала Ситараман.

Таа додала дека Владата одлучила дека дошло време да ги преземе неопходните мерки за да не се загрози здравјето на граѓаните.

Ситараман објаснила дека индиските власти биле загрижени од информациите за смртта на седум лица во САД поради заболувања на белите дробови поврзани со употреба на електрични цигари. Инаку, неколку стотици луѓе се лекуваат од болест на белите дробови во 36 држави во САД, а научниците и медицинските установи испитуваат точно како оваа болест е поврзана со употребата на е-цигари.

Министерката за финансии рекла дека ќе биде издадена итна уредба во наредните неколку дена со која ќе се забрани употребата на електрични цигари. Уредбата потоа ќе биде одобрена од парламентот и ќе се претвори во закон.

Забраната ќе ги опфати производството, увозот, извозот, транспортот, продажбата, дистрибуцијата, складирањето и рекламирањето на е-цигари.

Сторителите кои прв пат ќе го прекршат законот ќе се соочат со затворска казна до една година и парична казна од 100.000 рупии (околу 1.270 евра). За повторно прекршување казната ќе биде до пет години затвор и парична казна од 500.000 рупии (околу 6354 евра).

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт11 час

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија14 часа

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија14 часа

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија16 часа

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија18 часа

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија18 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ19 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет20 часа

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет22 часа

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет22 часа

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет1 ден

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт1 ден

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион1 ден

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија2 дена

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија2 дена

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија2 дена

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија2 дена

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија2 дена

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Досие