Свет
Италијански вирусолог: Лекарите што не сакаат да се вакцинираат да си ја сменат професијата

Вирусологот Масимо Гали, професор на Универзитетот во Милано, за телевизијата „Ла 7“ изјави дека лекарите и медицинскиот персонал кои одбиваат да бидат вакцинирани треба да си ја сменат својата професија.
Многу медицински работници во Италија не се убедени во валидноста на вакцината против Ковид-19 и многумина изјавија дека не сакаат да се вакцинираат. Тоа е нивно право бидејќи вакцинирањето засега е доброволно.
Во Италија вакцинацијата со вакцината на „Фајзер“ симболично почнува на 27 декември, што е таканаречен ден на вакцини во целата Европска Унија, но вистинската кампања за масовна вакцинација почнува дури во јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Грција: Земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди Крит

На грчкиот остров Крит се почувствува земјотрес, а епицентарот беше во морето, на 52 километри североисточно од Ситија, објави атинскиот Институт за геодинамика.
Јачината на земјотресот била 4,2 степени, иако прелиминарните резултати покажале дека тој бил 4,6 степени, објави веб-страницата „Екатимерини“.
Засега нема информации дали има штети или повредени.
Свет
Захарова им порача на критичарите на апсењето на Навални да се занимаваат со своите проблеми

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, се јави по повод пораките од политичарите за итно ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални.
Захарова им порача на странските политичари кои го критикуваат апсењето на Навални, кој беше уапсен на московскиот аеродром, да ги почитуваат меѓународното право и рускиот закон и да се справат со нивните проблеми.
Тоа се случи откако Џејк Саливан, кого Џо Бајден има намера да го назначи за помошник на националната безбедност, повика на итно ослободување на Навални.
„Што се однесува до Саливан (и други странски службеници кои објавуваат претходно подготвени коментари): почитувајте го меѓународното право, не навлегувајте во националното законодавство на суверена држава и справувајте се со проблемите во вашата земја“, напиша Захарова на „Фејсбук“, како што објави „Спутник“.
На веста за апсењето на Навални реагираа и други светски официјални лица, вклучително и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој оцени дека апсењето на рускиот опозиционер е недозволиво и ги повика руските власти да го ослободат.
Рускиот опозициски политичар, најгласниот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, слета на аеродромот Шереметјево во Москва, по што беше приведен.
Бирото за извршување на кривични санкции објави дека Навални ќе биде во затвор до следната судска одлука.
Службата објави дека за Навални е распишана потерница на 29 декември 2020 година, за повеќекратно кршење на правилата додека бил под условна казна.
Регион
Во Хрватска вакцинирани околу 46.000 лица, кај 80 забележани лесни несакани ефекти

До овој викенд вакцинирани се околу 46 000 граѓани во Хрватска, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти, изјави Алемка Маркотиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“.
Таа потврди појава на силна алергиска реакција кај една личност и изјави дека лекарите подготвени ја пречекале и ја решиле ситуацијата.
Д-р Маркотиќ во ХТВ дневно изјави дека некои несакани ефекти, како што се треска и болка во раката се очекуваат по втората доза на вакцинација, но дека не се регистрирани опасни несакани ефекти за време на клиничката студија или за време на вакцинацијата во земјите каде што повеќе луѓе примиле вакцина.
„Епидемиолошката слика е подобра, но треба да бидеме претпазливи при олеснување на мерките бидејќи се шири нов вид коронавирус“, рече Алемка Маркотиќ.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира