Европа
Италијански началник: Премногу сум загрижен, има нецивилизирани идиоти

Претседателот на италијанскиот регион Кампанија, Винченцо де Лука, се закани кон населението со нови построги мерки, пишува агенцијата „Анса“.
Тој се закани дека ќе воведе мерка за затворање на продавниците, баровите и други јавни установи, доколку вработените или клиентите не носат заштитни маски.
„Не сум загрижен, јас сум супер загрижен. Во септември, кога започнува новата учебна година, ризикуваме инфекцијата да се врати на големо“, рече Де Лука на прес-конференција.
Во врска со организираните патувања, Де Лука вели дека сите транспортни компании треба да се угледаат на железницата која ги запира возовите доколку се забележат патници кои не носат заштитна маска.
„Луѓето кои не носат маска и кои не ги почитуваат мерките се нецивилизирани идиоти. Ние мора да ги изложиме на јавен потсмев. Тие го загрозуваат здравјето на сите нас. Ако владата ги отвори, како што е и нормално, регионалните железнички врски, ние мора да инсистираме на одговорно однесување на граѓаните бидејќи во спротивно, ќе бидеме присилени да воведеме строги мерки на забрани и ограничувања“, рече Де Лука.
Винченцо де Лука, претседател на јужниот регион Кампанија, е познат по своите видеопораки до граѓаните за време на карантинот, а некои од неговите пораки станаа светски познати, како на пример кога се закани дека ќе испрати карабинери со пламенофрлачи на матурски забави, кои беа забранети за време на пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Три денa трае потрагата по исчезнати планинари во Италија

Четворица планинари веќе три дена се водат како исчезнати во планинскиот венец Абруцо, недалеку од Рим.
Најверојатно, биле однесени или убиени од лавина, соопшти денеска италијанската служба за спасување.
Четворицата планинари од градот Авецано исчезнале додека се возеле по снег и мраз на планината Велино во неделата, објави агенцијата АНСА.
Напорите за нивно спасување се запрени поради обилниот снег што денеска паднал во таа област, па дури и специјално обучените кучиња имале проблеми во портагата, се додава во веста од италијанската агенција.
Спасувачките екипи исто така се соочуваат со ризик да бидат однесени од лавина.
Европа
Германската полиција уапсила крадец, испаднало дека им бил колега

Германската полиција во Берлин уапсила 30-годишен колега од Бамберг, кој е осомничен за неколку кражби, пренесува „Б92“.
Уапсениот полицаец веќе подолго време бил на боледување, соопштила полицијата.
Тој е осомничен дека заедно со еден соучесник, кој исто така е уапсен, извршил повеќе злосторства во Баварија.
Наводно, на 14 јануари во Бамберг тој насилно украл скап мобилен телефон од една жена, што потоа преку интернет го понудил на продажба.
Истата вечер тие украле автомобил од една личност во Швајнфурт.
Следниот ден со тоа возило влетале во излогот на една златарница во Бамберг и украле накит вреден повеќе од 100.000 евра.
Европа
Исланд почна да издава потврди за вакцинација со цел да се олесни патувањето

Исланд почна со издавање на првите сертификати за вакцинација со цел да им се олесни патувањето на оние што се заштитиле од Ковид-19, соопштија денеска тамошните власти.
Речиси 4,8 илјади луѓе на Исланд примиле по две дози од вакцината против Ковид-19 и добиле потврда на платформата достапна на интернет од минатиот четврток, изјави исландската министерка за здравство за „Франс прес“.
Таа посочила дека целта е повторно да се овозможи циркулација на жителите иако исландскиот сертификат во моментот важи само за патувања во таа островска држава.
Исланд планира да прима граѓани на земјите од ЕУ кои ќе почнат сличен механизам или ќе го преземат механизмот што би бил воспоставен од Светската здравствена организација (СЗО).
Исланд не е дел од ЕУ, но се наоѓа во шенген-зоната за слободно движење, што е ограничена со мерките за борба против коронавирусот.
Расправата за т.н. ковид-пасоши, што ќе го олеснат патувањето, во моментот е тема на дебата во рамките на ЕУ, но прашањето е далеку од консензус.
Земји како Грција се залагаат за такво решение за спас на својот туристички сектор, но од друга страна, Франција и Германија сметаат дека е прерано за ваква дебата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот