Контакт

Европа

Италијанците бројат часови до ублажување на мерките

Објавено пред

Италијанците ги бројат часовите до стапувањето на сила на мерките кои барем делумно ќе ја вратат нивната слобода, по два месеца минати во целосна блокада поради пандемијата на коронавирусот.

Утре ќе се отворат парковите и игралиштата, како и патеките за пешачење, џогирање или возење велосипед, но луѓето ќе треба да одржуваат меѓусебно растојание од барем еден метар.

Италијанците и денеска се надвор, се шетаат и разговараат, повеќето со маски над носот и устата.

Здравствените експерти ги предупредуваат граѓаните да се придржуваат и кон другите мерки за лична заштита, а премиерот Џузепе Конте предупреди дека повторно ќе воведe рестриктивни мерки доколку стапката на инфекција почне да се зголемува.

Во рестораните и кафулињата ќе можат да се купат храна и пијалоци, но само за носење.

„Кафето за ноесње“ досега никогаш не било толку популарно во Италија, бидејќи пиењето на мало еспресо во кафуле таму се смета за традиција.

Европа

Франција: Нападите на турските власти се полни со омраза

Објавено пред

Нападите на турските власти врз францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“ се полни со омраза, вели портпаролката на француската влада, Габриел Атал.

Тоа беше нејзиниот коментар на прес-конференцијата откако турските власти реагираа на карикатурата во која Реџеп Таип Ердоган е претставен во долна облека, држејќи конзерва пијалак и здолниште на жена во хиџаб, на која и се гледа задникот.

Турскиот гнев поради карикатурата додаде оган во масло во односите меѓу Турција и Франција, а сè започна поради цртаните филмови со пророкот Мухамед, поради што тинејџер му ја отсече главата на својот професор во Париз минатата недела, наведува „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Шведска рекорден број на новозаразени од почетокот на пандемијата

Објавено пред

Во Шведска во последните 24 часа регистрирани се 1.980 нови случаи на коронавирус, што е најмногу од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Здравствените експерти, сепак, посочуваат дека на врвот на епидемијата во текот на пролетта, веројатно, имало многу повеќе заразени лица, но тоа не било забележано поради недостиг на тестови во тоа време.

Уште девет лица починаа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 5.927, пренесува „Ројтерс“.

Стапката на смртност од коронавирус во Шведска е неколкупати поголема од нејзините нордиски соседи, но сепак е пониска од поголемите европски земји, како што се Шпанија и Велика Британија.

За разлика од другите земји, Шведска не воведе строги мерки во борбата против коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Европа

Европската комисија предложи мерки за забавување на ширењето на коронавирусот

Објавено пред

Европската комисија предложи низа мерки за забавување на ширењето на коронавирусот, кои вклучуваат, меѓу другото, помасовно и побрзо тестирање, подготовка на кампања за вакцинација и ефективни и интероперативни апликации за следење на контактите.

„Ситуацијата е многу сериозна. Треба да го забрзаме одговорот на ниво на ЕУ“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

„Оваа година ќе имаме поинаков Божик“, истакна Фон дер Лаен додавајќи дека многу ќе зависи од тоа што ќе се преземе во следните неколку недели.

Комисијата ги повикува земјите членки да преземат понатамошни чекори и да дејствуваат на координиран начин бидејќи Европа повторно станува жариште на пандемијата.

„Ги повикувам земјите членки да соработуваат поблиску. Храбрите чекори што се прават сега ќе спасат животи и средства за живот. Ниту една земја членка нема да излезе од пандемијата сè додека не го сторат тоа сите“, изјави Фон дер Лаен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија2 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија2 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија2 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија3 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија3 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија4 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет4 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија5 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет6 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија7 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет8 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет8 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет8 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа8 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет19 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија19 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа21 час

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија22 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија23 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Досие