Европа
Италија воведува петдневен карантин за патниците од ЕУ

Италија ќе воведе петдневен карантин за патниците што доаѓаат од земјите членки на ЕУ, велат извори од Министерството за здравство.
Сите што доаѓаат од ЕУ ќе треба да направат тест пред поаѓање, да бидат во петдневен карантин и да го повторат тестот потоа, што веќе е во сила за земјите што не се членки на ЕУ. Оваа мерка важи за сите оние што заминуваат и доаѓаат на полуостровот, дури и за италијанските граѓани, додаде Министерството одговарајќи на прашањето на агенцијата „Франс прес“.
Но, сè уште не е познато кога мерката ќе стапи во сила, а за велигденскиот викенд, кој почнува в сабота и завршува в понеделник, странските туристи традиционално доаѓаат во Италија.
Поголемиот дел од земјата во моментот е под строги епидемиолошки мерки за запирање на третиот бран на пандемијата (баровите и рестораните се затворени за посетители, движењето е ограничено…).
Покрај тоа, целиот полуостров ќе биде прогласен за црвена зона со висок ризик од зараза и со најголеми можни ограничувања за време на велигденскиот викенд. Пандемијата досега уби повеќе од 108.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Песков: Украина ги отфрла граѓаните кои говорат руски јазик

Граѓаните на Украина кои зборуваат руски јазик беа одбиени од нивната држава, а Русија смета дека заштитата на интересите на тие луѓе е приоритет, изјави денеска претставникот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој посочи дека граѓанската војна во Украина стана голема трагедија за украинските соседи и цела Европа.
Кремљ се надева дека Киев ќе покаже политичка мудрост и ќе престане со провокативни активности во регионот, рече Песков.
„Се надеваме дека Киев ќе покаже политичка мудрост, дека ситуацијата нема да стане посериозна и дека провокациите ќе престанат“, рече претставникот на Кремљ, пренесува ТАСС.
Европа
Во Данска ќе бидат вакцинирани 100.000 луѓе за еден ден

Данскиот министер за здравство Магнус Хојнеке денес прогласи „голем ден на вакцинација“, затоа што 100.000 луѓе ќе бидат вакцинирани за еден ден.
Вакцините ќе бидат дадени во 68 центри за инокулација низ Данска, која има речиси шест милиони жители, пренесува агенцијата АП.
Данскиот министер рече дека Данците ќе постават нов рекорд и ги повика луѓето да пристигнат на време за вакцинација.
Најголемиот дел од вакцинацијата ќе се реализира во Копенхаген и неговата околина, каде што живее една третина од населението.
Во Данска досега 868.461 лице или скоро 15 проценти од населението ја примиле првата доза на вакцина, а 445.566 лица или скоро 8,0 проценти ги примиле двете дози.
Европа
Франција нуди 2.500 евра за замена на старите автомобили со електрични велосипеди

Франција им нуди на сопствениците на стари автомобили со мотори со внатрешно согорување 2.500 евра да ги однесат во отпад и да ги заменат со нов електричен велосипед.
Мерката го доби потребното мнозинство на прелиминарното гласање во парламентот, а владата ја предложи во форма на измени и дополнувања на нацрт-законот насочен кон намалување на емисиите на стакленички гасови за 40 проценти од нивото во 1990 година.
Доколку добие поддршка од пратениците на последното гласање за законот, Франција ќе стане првата земја во светот што ќе им понуди на граѓаните можност да заменат старо возило со електричен или склопувачки велосипед, соопшти Француската федерација на корисници на велосипеди (FUB).
„ Тие сфатија дека решението не е да се направат автомобилите позелени, туку едноставно да се намали нивниот број“, рече претседателот на ФУБ, Оливие Шнајдер.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш