Контакт

Европа

Италија ги затвори и парковите и игралиштата

Објавено пред

Во Италија денеска стапи на сила мерката за затворање на игралиштата и парковите.

Здравствените власти се пожалија дека премногу луѓе се собираат на игралиштата за да се додаваат со топка или да трчаат во групи.

Според владината мерка за карантин донесена на почетокот на оваа недела, граѓаните можеа да шетаат, трчаат или да возат велосипед во парковите доколку се задржат на најмалку еден метар оддалеченост едни од други.

Но, многумина не се придржувале до тоа.

Италија има најголем број на заразени од коронавирус, по Кина.

Европа

Градоначалникот на Лондон бара да се забрани одењето на гости

Објавено пред

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, побара од британскиот премиер, Борис Џонсон, да забрани мешање луѓе од разни домаќинства.

Тој повика на тоа како дел од рестриктивните мерки за главниот град на Британија за да се запре ширењето на Ковид-19.

„Една од работите што му ги кажав на премиерот е дека мислам оти треба да следиме што се случува во земјата и да престанеме со социјалното мешање на домаќинствата“, рече Кан во интервју за британски „Гардијан“.

„Го велам тоа со тешко срце“, истакна тој.

Прикажи повеќе...

Европа

Нови мерки поради коронавирусот во Мадрид

Објавено пред

Регионалната влада во Мадрид ја прошири блокадата на 45 области во регионот, што ќе стапи во сила в понеделник.

Блокадата ќе зафати повеќе од еден милион луѓе и ќе се воведе за да се намали бројот на нови инфекции со коронавирус, соопштија локалните власти, објави „Ројтерс“.

Во регионот на Мадрид, кој е жариште на коронавирусот, регистрирани се повеќе од една третина од хоспитализираните во земјата.

Прикажи повеќе...

Европа

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

Објавено пред

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше повреда на лицето веројатно од мачета“, изјави сведок за радиото Европа 1.

„Го видов и вториот сосед на подот и веднаш отидов да им помогнам”, ја пренесуваат медиумите неговата изјава, по нападот што се случи во близина на поранешното седиште на магазинот „Шали ебдо“ во Париз, при што четири лица се повредени, од кои двајца се во тешка состојба.

Париската полиција соопшти дека едно лице е уапсено во близина на операта во Бастилја.

Полициски извор изјавил дека на местото на настанот била пронајдена мачета. Друг полициски извор рече дека таму е пронајден сатар за сечење месо.

Локалните власти побараа од луѓето да ја избегнуваат областа и рекоа дека во тек е полициска акција во североисточниот кварт на Париз. Заменик-градоначалникот Емануел Грегуар објави на Твитер дека полицијата лови „потенцијално опасен“ човек.

Париското метро ги затвори линиите во областа.

На 2 септември им се судеше на 14 лица во Париз, обвинети како соучесници во нападот на канцелариите на „Шарли Ебдо“ во јануари 2015 година, во кој беа убиени 12 лица. Тие се обиделе да се одмаздат за пророкот Мухамед, речиси една деценија откако неделникот објави карикатури коишто го исмеваат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Заев: Пописот ќе се спроведе во април, одложување нема да има

Нема да има ново одложување на пописот, ќе се спроведе во април 2021 година, истакна премиерот Зоран Заев. Тој потсети...

Топ2 часа

Возач и мигрант ранети при обид да избегаат од полицијата

Возач, кој превезувал мигранти и еден патник, добиле со прострелна рана во нозете додека возачот се обидувал да ѝ побегне на...

Регион3 часа

Загинаа двајцата пилоти од воениот авион што се урна во Србија

Српското Министерството за одбрана потврди дека загинале двајцата пилоти при уривањето на авионот „миг-21“ за време на воена вежба. Надлежните...

Македонија3 часа

Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија4 часа

Спасовски: Нападнатиот полицаец од дрвокрадци има фрактура на черепот и е во тешка состојба

Еден од петтемина полицајци од Велес, кои синоќа биле нападнати од дрвокрадци, има тешки телесни повреди. Тој од синоќа е...

Македонија4 часа

(Видео) Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Европа5 часа

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Македонија7 часа

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Македонија7 часа

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Свет7 часа

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Македонија8 часа

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија8 часа

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Регион8 часа

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во...

Свет9 часа

Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог Кристијан Дростен во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот...

Свет9 часа

Трамп: Бајден ќе ја уништи Флорида, мојот план ќе го уништи вирусот

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател, Доналд Трамп, ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што...

Свет9 часа

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број...

Македонија9 часа

Заев: Бруталноста од полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци брутално тепаат Роми. Според него, таквото однесување е срамно за...

Регион10 часа

Албански претседател: Косово гарант за безбедноста на Балканот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на 75. заседание на ООН изјави дека членството на Косово во ООН би било корисно...

Свет24 часа

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ1 ден

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Досие