Контакт

Свет

Италија мора да се држи до буџетските правила на ЕУ

Објавено пред

Италија мора да го скрати својот структурален буџетски дефицит кој Европската Унија ѝ го налага, велат од врвот на еврозоната, додека официјален Рим изјавува дека планира да потроши повеќе наредната година, но и да го намали данокот.

Лидерите од владејачката коалиција на Италија на десничарската лига Матео Салвини и Луиџи ди Маио одамна ветуваа дека даночните давачки ќе бидат скратени, ќе ја намалат границата за остварување право на пензија, и ќе го укинат данокот на додадена вредност.

За оваа цел, Италија, која веќе е задолжена со 132 проценти од бруто-домашниот производ, ќе мора да го снижи буџетарниот дефицит за кој експертите на пазарната економија не се сигурни дека може да го исплати.

„Италија мора да го снижи структурниот дефицит“, вели Пиере Московичи, евро-комесарот за економски и финансиски прашања.

„Во интерес на Италија е да има буџет што ќе ѝ овозможи да го намали својот јавен долг. За бројките ќе дискутираме кога буџетот ќе биде подготвен. Но бројките се оние кои укажуваат на тоа дека Италија мора да го снижи дефицитот,“ тој забележа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

За една недела увозот од Србија и БиХ во Косово намален за 50 отсто

Објавено пред

Директорот на косовската царина Бахри Бериша изјави дека увозот од Србија и Босна и Херцеговина се намалил за 50 отсто, на седум дена по воведувањето на данок од 10 отсто на производите од овие две земји.

„Споредбата е направена една недела по воведувањето на решението. Ова покажува дека на само една недела пред одлуката имаше околу 7 милијарди евра на увезените производи од двете земји, Србија и Босна и Херцеговина, што во текот на следните шест дена, по одлуката на властите, имаше 3,5 милијарди евра увоз од двете земји “, рече тој.

Косовскиот министер за трговија и индустрија Eндрит Шаља, пак, објасни дека Владата на Косово оваа мерка ја вовела на барање на производителите на Косово, но вели дека не ја исклучува ниту можноста за заострување на овие мерки и дека „досега во државниот буџет се собрани околу триста илјади евра”, пренесува Н1.

„Одлуката е донесена како резултат на поплаки од нашите производители, нашите извозници, во однос на третмант, кои го имаа од Србија и Босна и Херцеговина, и двете потписнички на ЦЕФТА. Таква одлука беше неопходна. Мислам дека оваа мерка треба да биде уште поостра и во моментов се извршуваат консултации по ова прашање“ , вели Шаља.

На оваа одлука на Владата на Косово вчера реагираше и Амбасадата на САД во Косово, оценувајќи дека овој потег на Владата создава несигурност за бизниси и ја дестабилизираат економската ситуација.

Прикажи повеќе...

Европа

За Макрон поважна е одлична воена соработка, од твитовите на Трамп

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, денеска изјави дека за него е важно да има одлична соработка меѓу армиите на САД и Франција, наместо твитови на американскиот претседател, Доналд Трамп.

Ваквата изјава на Макрон се однесуваше на низата пораки на Трамп на социјалната мрежа „Твитер“ во кој тој го напаѓа Макрон.

Во неколку твитови, Трамп го нападна Макрон поради неговата идеја дека е потребна европска армија за одбрана на Европа, а потоа и напиша дека Макрон е многу непопуларен во анкетите на јавното мислење.

Прикажи повеќе...

Европа

Владата на Меј го одобри нацрт-договорот за брегзит

Објавено пред

Британската премиерка, Тереза Меј, рече дека нејзината влада денеска го разгледала и го поддржала нацрт-договорот на ЕУ за брегзит.

Изјавата на Меј следуваше по состанкот на Владата, кој траеше нешто повеќе од пет часа. Владиниот состанок тече во доста жестока атмосфера и дебата.

Велика Британија треба да ја напушти официјално Европската Унија на 29 март 2019 година. Претходно денеска Меј изјави дека Велика Британија е значително поблиску до склучување договор за брегзитот.

Меј посочи дека по излезот, Британија ќе ја преземе контролата над границите, законите и финансиските средства, а ќе понуди и поголема заштита врз бизнисите и работните места.

Џереми Корбин, пак, вели дека Британија ќе биде заглавена во бесконечност во куќа во која ќе нема право на збор.

Лидерот на лабуристите вели дека Меј креира лажен избор пред парламентот.

Но, Меј вели дека целта на лабуристите е да го попречат процесот за брегзит и да го згазат гласот на народот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

(Видео) „Гардијан“: Хрватската полиција ги тепа барателите на азил

Британски „Гардијан“ објави снимка на која тврди дека се прикажани барателите на азил во Хрватска и на која се гледало...

Македонија3 часа

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Македонија4 часа

Граѓани му оставија слика од Груевски на Заев

Со транспаренти „Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, „Немојте пред народот”,...

Македонија5 часа

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Македонија6 часа

Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер

Унгарската влада за „Макфакс“ вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде...

Македонија6 часа

Судот ги одби жалбите за „Империја“, Камчев ќе биде 30 дена во притвор

Кривичниот совет од скопска „единица“, составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска-Масевска, ги одби жалбите на осомничените...

Македонија7 часа

Унгарски медиуми: Законот е сменет, унгарската влада треба Груевски веднаш да го врати назад

Унгарските медиуми се полни со вести за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на...

Македонија9 часа

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија9 часа

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија9 часа

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија10 часа

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија10 часа

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија11 час

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет11 час

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија12 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија13 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија13 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија1 ден

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија1 ден

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија1 ден

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Досие