Европа
Италија: По 25 години ослободен убиецот на судијата Фалконе

Сицилијанскиот мафијаш Џовани Бруска (64), кој активираше бомба во 1992 година и го уби судијата Џовани Фалконе, е ослободен од затвор по 25 години робија, предизвикувајќи тага и гнев кај роднините на луѓето што ги уби.
Бруска беше уапсен во 1996 година, четири години по нападот врз Фалконе, неговата сопруга и тројца полицајци.
Откако ѝ се предаде на државата, тој му помогна на обвинителството да ги разбие клановите Коза ностра, пренесува „Ројтерс“.
Во времето кога беше убиен Фалконе, Италија го минуваше најлошиот период кога станува збор за борба против мафијата.
Бруска, познат како „касап на луѓе“, ја призна својата улога во повеќе од 100 убиства, вклучувајќи го и убиството на момчето (14), Џузепе ди Матео, кој беше убиен, а неговото тело беше растворено во киселина, бидејќи бил син на доушник од мафијата.
Марија Фалконе, сестра на убиениот судија, рече дека е тажна поради оваа вест.
„Без оглед на тоа што некој ќе помисли за злосторствата што ги сторил, тој соработуваше со властите. Да не заборавиме дека тој ни даде информации за експлозиите на Сицилија и на Апенините“, изјави за „Ројтерс“ главниот обвинител против мафијата, Фредерико Кафеиро де Рахо.
Неколку италијански политичари го осудија ослободувањето на Бруска.
„Ова не е правдата што ја заслужуваат Италијанците“, рече Матео Салвини, водачот на партијата „Лига“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
„Туркиш ерлајнс“ откажа над 200 летови од и до аеродромот во Истанбул

Турската национална авиокомпанија Туркиш ерлајнс соопшти дека вкупно 238 летови, планирани за денеска и утре во Истанбул, се откажани поради предвиденото невреме, придружено со снежни врнежи.
Во соопштението се наведува дека одлуките за откажување се донесени во согласност со заклучокот на Метеоролошкиот комитет за вонредни состојби (МАДКОМ), а граѓаните се предупредуваат да го проверат статусот на нивните летови пред да пристигнат на аеродромот, пишува истанбулскиот весник „Дејли Сабах“.
„Поради очекуваните врнежи од снег во Истанбул и според одлуката на МАДКОМ, летовите од аеродромот во Истанбул се откажани на 5 и 6 февруари. Откажани се вкупно 238 летови до и од аеродромот во Истанбул – 72 домашни и 166 меѓународни. Можно е дека ќе се зголеми бројот на откажани летови“, се наведува во соопштението, пренесе Б92.
Европа
Шолц: Путин никогаш не ми се заканувал ниту мене ниту на Германија

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не му се заканувал на него ниту на Германија во нивните телефонски разговори, пренесува денеска германскиот весник „Билд ам Зонтаг“.
Последен пат разговарале на телефон на почетокот на декември, пренесува Ал Џезира.
Шолц, исто така, рече дека јасно му кажал на Путин дека има многу различни ставови за војната во Украина.
„Јасно му ставам до знаење на Путин дека Русија е одговорна за војната. „Русија го нападна својот сосед без причина за да стави под своја контрола делови од Украина или целата земја“, рече Шолц.
Тој додаде дека Германија смета дека рускиот напад ја прекршил европската мировна рамка и дека Берлин обезбедува финансиска, хуманитарна и воена помош за Украина.
Има договор со украинскиот претседател Володимир Зеленски дека оружјето што го испорачува Запад може да се користи само на украинска, а не на руска територија, нагласи Шолц,пренесе Денес.рс.
Европа
Резников: Украина нема да го користи оружјето со долг дострел, за напад на Русија

Украина нема да го користи оружјето со долг дострел, ветено од САД за цел на руска територија, туку само руски единици на окупирана украинска територија, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников.
САД во петокот потврдија дека новите ракети, кои ќе го удвојат досегот на удар на Украина, се вклучени во пакетот воена помош за Киев во вредност од 2,175 милијарди долари за да се одмазди на нападот на руските сили, објави Ројтерс.
– Ние секогаш официјално им кажуваме на нашите партнери дека нема да користиме оружје испорачано од странски партнери за цел на руска територија. Напаѓаме само руски единици на привремено окупирана украинска територија – изјави Резников на новинарите на прес-конференција.
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави претходно денеска дека постои договор со претседателот на Украина Володимир Зеленски дека оружјето што го испорачува Запад ќе се користи само на територијата на Украина и нема да се користи за напади на територијата на Русија.
Во интервју за „Билд“, на прашањето дали има договор со претседателот Зеленски дека оружјето од Запад ќе се користи само на територијата на Украина и дека нема да се користи за напад на територијата на Русија, Шолц одговори дека „ има консензус за ова“,пренесе Телеграф.рс.