Контакт

Европа

Во Италија разнишана доверба во вакцинацијата поради „Астра зенека“

Објавено пред

Италијанските власти, научници и експерти се обидуваат да ја поправат недовербата во вакцинацијата против Ковид-19 предизвикана од сомнежите дека вакцината на „Астра зенека“ има врска со смртни случаи забележани веднаш по имунизацијата, пишува весникот „Фанпејџ“.

Познатиот експерт за испитување на јавното мислење, Ренато Менхајмен, проценува дека проблемите и збунувачките официјални соопштенија во врска со вакцината на „Астра зенека“ ја зголемиле недовербата кај најмалку 30-40 проценти од постарата популација.

Премиерот Марио Драги рече дека нема план Б и дека вакцинацијата е единствениот вистински лек за коронавирусот, а извори блиски до владата, цитирани од агенцијата „Анса“, тврдат дека никој не ни размислувал во насока на тоа употребата на шведско-англиската вакцина целосно да се запре или забрани.

Напротив, министерот за здравство, Роберто Сперанца, истакна дека владата има максимална доверба во вакцината на „Астра зенека“ и дека употребата на тој лек ќе продолжи веднаш откога Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги објави резултатите од новите тестови.

Властите се обидуваат да утврдат како да се компензираат 200.000 вакцинации што се закажани и одложени додека не продолжи вакцинацијата со „Астра зенека“.

Италијанската агенција за лекови (АИФА) во четвртокот забрани употреба на една серија вакцини од „Астра зенека“ на национално ниво.

АИФА соопшти дека забраната се однесува на серијата ABV2856 додавајќи дека може да разгледа дополнителни мерки, доколку е потребно, во координација со Европската агенција за лекови (ЕМА).

Европа

Француската компанија „Санофи“ гради фабрика за производство на вакцини во Сингапур

Објавено пред

Францускиот производител на лекови „Санофи“ најави дека ќе инвестира 400 милиони евра во нова фабрика за вакцини во Сингапур во следните пет години.

„Санофи“ ќе развива капацитети за масовно производство на иновативни вакцини со новата фабрика и ќе биде подготвена да одговори на ризиците од пандемија во иднина, се вели во соопштението на компанијата.

Проектот треба да донесе до 200 работни места во Сингапур, додава „Санофи“.

Француската компанија очекува изградбата да започне во третото тримесечје од оваа година, а производството треба да започне во првите три месеци од 2026 година.

„Фабриката во Сингапур ќе го дополни постојниот капацитет за производство на ‘Санофи’ во Европа и Северна Америка и ќе стане регионален центар за производство на вакцини во Азија“, рече компанијата.

Прикажи повеќе...

Европа

Нови мерки во Баварија, пазарување само со закажување и негативен тест

Објавено пред

Во германската покраина Баварија од денес може да се оди во многу продавници само со закажан термин и негативен тест.

Ова ново правило важи во сите региони каде што има зголемен број на заразени.

Продавниците за храна, супермаркетите, дрогериите, оптичарите и аптеките се изземени од оваа мерка.

Купувачите можат да влезат во сите други продавници само доколку имаат закажано термин и доколку биле тестирани на коронавирус.

ПЦР-тестот за влегување во продавница важи најмногу 48 часа, а антигенскиот 24 часа.

Прикажи повеќе...

Европа

Ублажување на антиковид-мерките во Велика Британија

Објавено пред

Од денеска во Велика Британија ќе следува ублажување на антиковид-мерките, што ќе значи дека луѓето ќе може да купуваат, но и да посетуваат фризер.

Сите продавници, фризери и салони за убавина ќе може да ги отворат вратите за клиентите, а во рестораните и пабовите ќе им биде дозволено да служат храна и алкохолни пијалаци во своите градини, објави Би-би-си.

Од денеска е дозволена и работа на салите за вежбање, сауните, зоолошките градини, тематските паркови и домовите на културата, а престанува да важи и забраната за членови на семејството, кои живеат во заедници, да одат на заеднички одмор со самостојно сместување.

15 лица ќе може да присуствуваат на венчавка, а на 30 лица ќе им биде дозволено да присуствуваат на погреб.

Децата ќе може да излегуваат на игралишта.

Премиерот Борис Џонсон ги повика граѓаните и натаму да бидат одговорни и покрај ублажувања на мерките.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјава

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјава, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој кажа дека вакцините, кои...

Македонија21 минута

Девет години од петкратното убиство кај Смилковското езеро

Денеска се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското езеро. На 12 април 2012 година, на Велики четврток беа...

Свет38 минути

Научниците со охрабрувачки вести: За секој нов сој ќе имаме вакцини

Во тек е трка помеѓу вакцините против Ковид-19 и мутациите на коронавирусот кои се закануваат да ги загрозат, откриле научниците...

Свет47 минути

„Билд“: Меркел го откажала терминот за вакцинирање со „астра зенека“

Германската канцеларка, Ангела Меркел, сè уште не е вакцинирана против коронавирус, а според весникот „Билд“, таа требало вчера да прими...

Свет2 часа

Поединци немаат чувство за вкус и мирис дури една година по заразата со коронавирусот

Три дена по позитивниот тест за коронавирус, сè имаше вкус на картон, се сеќава 38-годишната Елизабет Медина, која го изгубила...

Македонија4 часа

Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници што се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата...

Македонија20 часа

Притвор за шестмината приведени во акцијата со марихуана

Скопскиот кривичен суд определи 30-дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана кои пред два дена беа приведени во...

Македонија22 часа

Првачињата ќе учат по нова наставна програма

На предлог на Бирото за развој на образованието, во петокот Министерството за образование и наука ги усвои новите наставни програми...

Македонија23 часа

Трајче Заев: Комбето не е во сопственост на фирма на Заеви, јас сум на службено патување

Трајче Заев – братучед на премиерот, Зоран Заев, ги отфрла обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за негова поврзаност со акцијата на...

Македонија23 часа

Во болниците се лекуваат 1.699 пациенти со коронавирус, има 340 празни болнички кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и...

Македонија23 часа

(Видео) Милошоски: Македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС, откако стана извесно дека над 200 македонски...

Свет1 ден

Јужна Кореја со „Астра зенека“ ги вакцинира лицата помеѓу 30 и 60 години

Јужна Кореја продолжува со вакцинацијата на лица под 60-годишна возраст со вакцината на „Астра зенека“. Корејската агенција за контрола и...

Македонија1 ден

Утре ќе се вакцинираат новинарите над 40 години

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и кои ги исполнија условите за да влезат во...

Европа2 дена

Малолетник со македонско потекло уапсен во Виена, се заканувал со тероризам оти Курц не му одговорил на пораките

Aвстриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло за закана за терористички напад во центарот на Виена, пренесе „Танјуг“. Малолетникот се...

Македонија2 дена

Филипче: До колективен имунитет само со вакцинација на голем број граѓани

Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет,...

Македонија2 дена

Нови 1.092 случаи на заразени, починаа 32, а оздравеа над 2.000 лица

Во последните 24 часа се направени 5.569 тестирања, а регистрирани се 1.092 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 452,...

Македонија2 дена

(Видео) Разбиена група на нарко-дилери, запленета дрога во вредност над 800 илјади евра

Полицијата разбила организирана криминална група на нарко-дилери, пришто приведени се 6 лица, а запленета е дрога во вредност од над...

Свет2 дена

Кина дневно произведува 5 милиони дози вакцини, целта е да достигне 3 милијарди годишно

Кина веројатно ќе произведе три милијарди дози од вакцината против Ковид-19 до крајот на годината, изјави официјален претставник на Националната...

Топ2 дена

Три лица осомничени за силување на 18-годишна девојка во Струмица

Против три лица поднесена е кривична пријава за силување на 18-годишна девојка од Струмичко и за помагање во извршување на...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ на протест: Од коронавирус починаа 4.150 граѓани, тоа е како преку ноќ да го снема Крушево

Обвинувања за справувањето на власта со состојбата со коронавирусот и пораки за оставка на министерот за здравство, Венко Филипче и...

Досие