Свет
ИФЈ: Годиниве убиени 67 новинари ширум светот

Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) денеска соопшти дека досега оваа година 67 новинари и претставници на медиумите се убиени ширум светот додека ја извршувале својата работа, што е за 30 отсто повеќе од претходната година и најголем број во последните 47 години. .
Извештајот на ИФЈ беше објавен во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права, кој се одбележува утре, а поради зголемувањето на бројот на убиени медиумски работници, организацијата ги повика владите да преземат поконкретни активности за заштита на новинарите и слободно известување.
Организацијата со седиште во Брисел истакна дека 375 новинари во моментов се во притвор поради својата работа, најмногу во Кина, Мјанмар и Турција, додека минатата година беа приведени 365 новинари, пренесе АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Холандија сè уште е против продолжувањето на шенген

Холандскиот премиер Марк Руте и австрискиот канцелар Карл Нехамер разговараа за миграцијата во четвртокот во Виена и порачаа дека заеднички ќе бараат решенија во борбата против илегалната миграција на вонредниот самит на ЕУ закажан за почетокот на следниот месец, објави денеска „Романија џурнал“.
Како што е наведено, премиерите на двете земји останаа против проширувањето на шенген.
„Ние сме обединети во нашиот приговор за продолжување на шенген во овој момент“, рече австрискиот канцелар.
Премиерот на Холандија посочи дека сега ЕУ има многу проблеми, вклучувајќи ги шенген, Фронтекс, даблинскиот систем и репатријациите.
Европа
Европската Унија ги продолжи економските санкции против Русија до 31 јули

Советот на ЕУ денеска одлучи да ги продолжи за шест месеци, до 31 јули 2023 година, санкциите насочени кон одредени сектори на руската економија.
„Тие во моментот се состојат од широк спектар на секторски мерки, вклучувајќи ограничувања на трговијата, финансиите, технологијата и стоките со двојна употреба, индустријата, транспортот и луксузните стоки. Тие исто така ја покриваат забраната за увоз или трансфер на морска сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ, де-SWIFT на неколку руски банки и суспензија на радиодифузни активности и лиценци за неколку места за дезинформации поддржани од Кремљ“, велат од ЕУ.
Овие санкции првпат беа воведени во 2014 година како одговор на руските акции во Украина, а потоа беа проширени во февруари 2022 година по руската воена агресија врз Украина.
Регион
Европската Унија бара oд Босна и Херцеговина да воведе визи за граѓаните на Русија

Европската Унија бара од Босна и Херцеговина како земја кандидат да воведе визи за граѓаните на Русија, потврдија за порталот „Радиосарајево.ба“ од Делегацијата на Европската Унија во Сараево.
Фердинанд Коениг, портпаролот на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, истакна дека Делегацијата на ЕУ очекува Босна и Херцеговина да ги почитува надворешната, безбедносната и визната политика на ЕУ.
„Последниот извештај објавен во октомври кажува многу за усогласувањето на надворешната политика“, додава Коениг.
Откако БиХ стана кандидат за членство во Европската Унија, прашањето за усогласување со визната политика на ЕУ доби важност и Делегацијата на ЕУ очекува тоа прашање да се најде на дневен ред.
БиХ има безвизен режим и со Турција, Азербејџан, Бахреин, Кувајт, Катар и со Оман.