Контакт

Свет

И Мадуро и Гуаидо повикуваат на протести во Венецуела

Објавено пред

Ривалските водачи на Венецуела, Николас Мадуро и Хуан Гаудо ги повикаа своите приврзаници да излезат на улиците, поради прекин на снабдувањето со електрична енергија.
       
Кревката економија на Венецуела е тешко погодена, парализирани се аеродромите, летови се откажани, отежната е работата на болниците, границите затворени и улиците се пусти.
Банките се затворени, жителите не можат да подигнат пари, телефонските линии и интернетот се прекинати, како и снабдувањето со вода во зградите. Како што е наведено, без струја се 22 од 23 федерални држави во Венецуела.
        
Гуаидо преку Твитер ги повика луѓето да се соберат масовно на улиците и да се спротивстави на, како што рече, узурпаторскиот, корумпиран режим што ја втурнаа Венецуела во темнината.
        
Мадуро, исто така, ги повика своите поддржувачи да протестираат против ,,империјализмот”.
Венецуелската влада во петокот објави дека ќе обезбеди доказ на Обединетите нации (ОН) за одговорноста на САД за недостаток на електрична енергија.
        

Регион

Помпео: Трамп е подготвен да употреби целосна воена сила против Турција

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да употреби воена сила ако биде потребно, изјави државниот секретар Мајк Помпео. Кризата се создаде по турската офанзива во северна Сирија, каде се наоѓаат Курдите – тамошен сојузник на САД. Трамп одлучи да ги повлече американските трупи од Сирија, со што ги остави Курдите на цедило.

„Ние повеќе сакаме мир отколку војна“ рекол Помпео за Си-ен-би-си.
„Но во случај ако е потребна кинетичка акција (ауфемизам за активна примена на смртоносна воена сила) или воена акција, треба да знаете дека претседателот Трамп в целост е подготвен да преземе таква акција“, порача Помпео.

Трамп се најде на удар на критики поради неговата одлука да ги повлече американските сили од Сирија. Нивното повлекување овозможи упад на Турција во пограничната зона, при што загинаа над 120 цивили, наведува сириската „Опсерваторија за човекови права“.

Помпео одби да каже што е црвена линија, која би испровоцирала американска акција, нагласувајќи дека не сака да „истрчува пред одлуката на претседателот за тоа дали ќе преземе страотен потфат со користење американска воена сила“.

„Економска сила сме користеле и ќе користиме. Ќе користиме и свои дипломатски сили“, рекол Помпео.

Трамп вчера на состанок со новинарите рече дека САД никогаш не прифатиле доживотно да ги штитат Курдите. „Нема да избираме страна. Сами нека се борат“, рекол Трамп.

Прикажи повеќе...

Европа

Универзитетот во Виена му забрани пристап на вооружен студент

Објавено пред

Универзитетот во Виена му забрани пристап на студент што доаѓал вооружен на предавања.

Откако минатата недела бил исфрлен од амфитеатарот поради носење пиштол, студентот бил претресен во понеделникот и му бил пронајден нож, според универзитетот.

Според извештаите во медиумите, тој дошол во амфитеатарот со пиштол, а неговите колеги забележале дека тој дури и го држел оружјето во рацете за време на предавањето.

Покрај тоа, објавено е дека во минатото студентот на социјалните медиуми бил забележан со антиисламските насилни фантазии.

Откако кај него најдоа вторпат оружје, Универзитетот му забрани пристап до нивните простории.

Според неделникот „Профил“, студентот посакувал смрт во борбата против исламот.

На „Твитер“ тој меѓу другото напишал дека страда од несоница и затоа постојано зема лекови.

Студентот преку чет се правдал дека носи оружје.

„Јас носам пиштол од безбедносни причини. Бидејќи многу патувам до факултетот, минувам низ несигурни места“, напишал тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Торнадото во Далас профучи недалеку од имотот на Буш

Објавено пред

Торнадото, кое предизвика големи штети во северниот дел на Далас, во сојузната американска држава Тексас, профучело недалеку од домот на поранешниот американски претседател Џорџ Буш помладиот и неговата сопруга Лора.

Куќата на Буш не е оштетена, а нивниот портпарол Фреди Форд во изјава рече дека тие се безбедни и се молат за останатите кои не биле толку среќни, објави агенцијата АП.

Десетици илјади домови и продавници во Далас останаа без струја поради торнадото што го погоди градот.

Ветровите што го погодија Далас достигнале брзина од 140 километри на час, а во 16 окрузи во Тексас прогласена е вонредна состојба поради елементарна непогода.

Неколку куќи биле сериозно оштетени недалеку од аеродромот, додека самиот аеродром не претрпел материјална штета.

Во источна Оклахома загинаа три лица, од кои двајца тинејџери кои починале од труење со јаглерод диоксид додека се обидувале да вклучат осветлување, додека едно лице загинало кога дрво паднало врз куќа.

На аеродромите во северен Тексас и Арканзас се откажани летовите, како и на меѓународниот аеродром во Далас.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Заев: Не треба да го одложуваме пописот, ќе разговараме со директорот за термините

Пописот не треба да го одложиме, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање. Тој најави дека следната недела ќе...

Македонија44 минути

„Тортура“ почнува од почеток по година и 8 месеци судење

Поради смена на поротник и поради истек на 90 дена, судењето за предметот „Тортура“ на СЈО почна од почеток. Судијката...

Македонија46 минути

Туск пред пратениците во ЕП: Голема грешка е одлуката за Северна Македонија и Албанија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска пред пратениците во Европскиот парламент рече дека е голема грешка тоа што не...

Свет1 час

Нарухито прогласен за јапонски цар, помилувани половина милион осуденици

Јапонската влада помилува околу 550.000 осуденици за помали кривични дела по повод востоличувањето на императорот Нарухито. Одлуката, одобрена од владата...

Свет2 часа

„Фејсбук“ ги објави новите мерки за претседателските избори во САД

„Фејсбук“ најави дека внимателно ќе ги следи „медиумите кои се контролирани од државата“ и се обидуваат да манипулираат со расположението...

Регион3 часа

Грчката полиција изнесе малолетници од кино на филмот „Џокер“

Во Грција изби широка полемика зошто полицијата минатиот викенд изнела малолетници од две кина во Атина, во кои се прикажувал...

Свет3 часа

Торнадо остави неколку илјади домаќинства без струја во Далас

Десетина илјади домаќинства и деловни објекти во Далас останаа без струја поради торнадо што го погоди овој американски град. Ударите...

Регион3 часа

Чавушоглу: Санкциите и заканите нема да нè спречат во офанзивата во Сирија

Меѓународните санкции или закани со санкции нема да ја присилат Турција да ја спречи својата афанзива во Северна Сирија, изјави...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион16 часа

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Свет17 часа

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за брегзит

Барањето на британската влада пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит, што го постигна премиерот Борис...

Македонија18 часа

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги почне преговорите за проширување...

Топ19 часа

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија21 час

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Економија22 часа

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена...

Македонија22 часа

Столтенберг телефонски разговараше со Заев: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на својот твитер-профил денеска напиша дека имал добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев...

Топ23 часа

Возило удри во две девојки – возачот прво побегнал, па потоа сам се пријавил во полиција

Две девојки се повредени во Скопје, кога возило удрило во нив на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Возачот најпрво побегнал,...

Македонија1 ден

(Видео) Татко му на Боки 13: Не сум Сталоне па да тепам луѓе за една минута

Поради отсуство на скопската обвинителка Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13,...

Свет1 ден

Студенти во Индија носат кутии на главите за време на испит за да нема измами

Индиските студенти носат кутии на главите за време на испитот за да спречат измама. Вакви фотографии се појавија во јавноста...

Досие