Свет
И покрај масовните протести, судот во Франција одобри зголемување на старосната граница за пензионирање на 64 години
Францускиот суд го потврди контроверзното зголемување на возраста за пензионирање предложено од претседателот Емануел Макрон. Со него се предвидува поместување на старосната граница од 62 на 64 години, а овој предлог предизвика масовни протести низ Франција.
Во исто време, највисокиот уставен орган на Франција ги отфрли повиците на политичките противници за референдум. Сепак, Уставниот совет соопшти дека некои членови од контроверзната реформа имаат правни пропусти.
Претходно денеска, во Париз, вооружените полицајци беа на готовност во близина на силно обезбедуваната зграда на уставниот совет, деветчленото тело кое одлучува дали некој закон е уставен.
Откако Емануел Макрон го искористи своето уставно право да воведе пензиски реформи без гласање или дебата во парламентот, улиците на Франција експлодираа од насилство и милиони излегоа да го изразат својот револт од реформата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Студентите блокираа повеќе од 20 факултети во Белград
Бран студентски протести во Србија, поттикнати од насилството врз учесниците на комеморативните собири во чест на жртвите од декемвриската несреќа на станицата во Нови Сад, од ден на ден добива на размери, а повеќе од 20 факултети во четири универзитетски центри се веќе блокирани.
Студентите на универзитетите во Белград и Нови Сад, кои од минатиот понеделник ги блокираа зградите на неколку факултети, откако нивните колеги од Факултетот за драмски уметности беа нападнати за време на оддавањето почит на 15-те жртви од падот на настрешницата на Нови Сад, им се придружија колегите од универзитетите во Ниш и Крагуевац, блокирајќи ги нивните факултети и ректорати.
Само во Белград во моментов има повеќе од 20 факултети на протести и блокади, а денеска им се приклучија Земјоделскиот, шумарскиот факултет, Правниот факултет на Белградскиот универзитет, како и приватниот Факултет за современи уметности (ФСУ) и ден претходно Фармацевтскиот факултет во Белград.
Во блокадата денеска се приклучија и студентите на Природно-математичкиот факултет во Ниш.
Свет
Сириската амбасада во Русија го потврди присуството на Асад во Москва
Амбасадата на Сирија во Русија за ТАСС ја потврди информацијата дека поранешниот сириски претседател Башар ал Асад се наоѓа во руската престолнина.
„Да, тој е во Москва“, соопшти дипломатската мисија.
Амбасадата соопшти дека немале контакт со Асад.
Свет
Песков: Путин лично му даде азил на Асад
Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото семејство добија азил во Русија, јавуваат руските државни медиуми.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во своето секојдневно обраќање рече дека претседателот Владимир Путин лично ја донел одлуката за давање азил, но одбил да потврди каде се наоѓа моментално Асад, пренесува Фена, а пренесува Дневни аваз.
Песков исто така не кажа кога последен пат се сретнале Путин и Асад и додаде дека не планираат да се сретнат во блиска иднина, јавува Би-Би-Си.
Песков нагласи дека Русија е подготвена да одржува контакти „со оние кои ќе бидат на власт во Сирија“.