Контакт

Свет

Премиерката на Нов Зеланд стана прва светска лидерка што роди дете додека е на власт

Објавено пред

Се породи премиерката на Нов Зеланд, Јацинда Ардерн, со што стана прв светски лидер во изминатите 30 години што имал дете додека е на власт. Веста дека родила девојче, таа ја објави на својот профил на „Инстаграм“. Ќерка ѝ се родила во 4.45 часот по локално време и тежи 3,31 килограми.

„Ви благодарам многу за најдобрите желби и вашата љубезност. Двете се чувствуваме добро благодарение на прекрасниот тим во градската болница во Окленд“, напишаа таа во својот пост. Ардерн била примена во болница вчера, а веќе неколку дена биле во исчекување да се породи.

Изминатите неколку дена медиумите преку блогови ги споделуваат најновите случувања во живо во очекување да се породи премиерката. Џеси Чијанг, радионовинар од Нов Зеланд, напиша на „Твитер“ дека таа и другите новинари биле во болницата од 6 часот наутро.

„Сè уште нема бебе… но тие ги хранат медиумите“, напиша таа објавувајќи фотографија со маса преполна со храна обезбедена за новинарите што во болницата ја очекувале убавата вест.

Новозеланѓаните исто така шпекулираа за полот и за името на бебето. Еден корисник на „Твитер“ во четвртокот се пошегува: „Ако е машко, ќе биде Винстон Мајкл Џозеф Питер Норман Дејвид Дејвид Дејвид Филип Ендрју Гејфорд Ардерн“. Сепак, бебето има поголеми шанси да биде именувано како Оливер или Џек – двете најчести имиња за бебиња во 2017 година. Ако е девојче, може да биде Шарлот или Харпер, најчестите имиња за девојчиња, шпекулираа медиумите.

Корисниците на „Твитер“ поентираа дека ако бебето се роди в четврток, ќе има роденден заедно со принцот Вилијам и поранешниот пакистански премиер Беназир Буто, кој беше прв и досега единствен лидер што имал бебе додека бил на власт во 1990 година.

37-годишната премиерка, која беше избрана во октомври, ја објави својата бременост во јануари преку „Инстаграм“. Нејзиниот партнер, Кларк Гејфорд, е водител на серија риболовни документарни филмови, но ќе се откаже од работата за да остане дома и да се грижи за бебето.

Регион

Албанија поддржува дијалог меѓу Белград и Приштина

Објавено пред

Од

Албанија безрезервно поддржува добро воспоставен дијалог меѓу Белград и Приштина, соопшти албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати.

Бушати смета дека низ целиот процес на нормализирање на одмосите меѓу Белград и Приштина е неопходно да се изгради внатрешен консензус на Косово, пренесува Танјуг.

,,Безрезервно го поддржуваме дијалогот меѓу Косово и Србија. Мислиме дека процесот на нормализација треба да донесе взаемно признавање”, рекол Бушати.

Кога станува збор за идејата за размена на северот на Митровица за Прешевската долина, Бушати вели дека никогаш не чул за идејата за ,,сецесија” на таа територија.

Прикажи повеќе...

Европа

Почна Октоберфест во Минхен, се очекуваат шест милиони посетители

Објавено пред

Од

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтен го отвори 185. фестивал на пивото – Октоберфест, еден од најпознатите и најголемите фестивали во Германија. Тој го отвори најголемиот народен фестивал на светот со традиционалното точење пиво од првото буре.

Како што наложува традицијата, тој му ја даде првата кригла на гувернерот на Баварска, Маркус Седер кој изјави дека Октоберфест е најголемата и најдобра визиткарта на Баварска.

На фестивалот се очекуваат околу шест милиони посетители, пред да се затвори на 7 октомври. Фестивалот трае обично 16 дена и почнува во другата половина на септември. Како и претходните години забранети се ранци и големи торби, поради безбедносни причини.

Прикажи повеќе...

Свет

По два дена пронајден преживеан во потонатиот ферибот во Танзанија

Објавено пред

Од

Еден преживеан е пронајден во превртениот ферибот во Танзанија, два дена по несреќата на езерото Викторија, објави официјален претставник. Досега се пристигнати ковчези за најмалку 167 жртви.

Четворица нуркачи ја продолжи операцијата за пребарување во внатрешноста на потонатиот брод рано во саботата, откако слушнале звуци кои сугерирале знаци на живот.

Тие го извлекле човекот од превртениот брод и тој бил пренесен во болница, изјави сведок за Ројтерс. Нема информации за неговата здравствена состојба.

Напорите за пребарување продолжија на долната страна на фериботот. Никој не знае колку луѓе биле на бродот, кој имал капацитет за 101 патник. Официјални лица во петокот рекоа дека најмалку 40 лица биле спасени.

Главниот секретар на владата, Џон Кијази го објави зголемен број на жртви, откако претседателот Џон Магуфули нареди апсење на одговорните.

,,Ова е голема катастрофа за нашиот народ”, рече Магуфули, објавувајќи четири дена национална жалост.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура4 часа

(Галерија) Почна ,,Браќа Манаки” – Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Со перформанс во режија на Срѓан Јаниќијевиќ беше отворен 39 интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На...

Европа7 часа

Почна Октоберфест во Минхен, се очекуваат шест милиони посетители

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтен го отвори 185. фестивал на пивото – Октоберфест, еден од најпознатите и најголемите фестивали во...

Македонија10 часа

(Видео) Шилегов: Од Лисиче до Центар со воз се стигнува за 4 минути, од таму продолжете со велосипед

Европската недела на мобилност 2018 во Скопје заврши со комбинирање на железнички и превоз со велосипед. Активисти од здружението „Прв...

Свет12 часа

(Видео) Над 20 мртви при вооружен напад за време на воена парада во Иран

Дваесет и четири лица се убиени, а 53 повредени во утринскиот напад на вооружени луѓе за време на воена парада...

Македонија12 часа

(Видео) Платите на хирурзите покачени за 5.300 денари, повисоки плати и во школите и во градинките

На вработените во градинките, училиштата и болниците септемвриската плата ќе им биде зголемена за пет отсто. Зголемената плата ќе им...

Македонија14 часа

Следува период на пост-демократија во која главниот збор не е на избирачите, рече Иванов на предавање во САД

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на почетокот на работната посета на САД, одржа предавање на Државниот универзитет Вејн во...

Топ14 часа

Холанѓанец пронајден мртов во вила во Трпејца

Во вила во охридското село Трпејца, во текот на вчерашниот ден починат бил пронајден 79-годишен Холанѓанец. Како што информираат од...

Македонија15 часа

(Видео) Макрон со обраќање до македонските граѓани: Ниеден договор не е совршен, но се работи за иднината на земјата

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во пресрет на референдумот закажан за 30. септември преку видео-обраќање упати порака до македонсите граѓани, при...

Крвав четврток1 ден

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток1 ден

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Македонија1 ден

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ1 ден

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија1 ден

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Македонија2 дена

Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот

Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името,...

Македонија2 дена

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца казнети со 1000 евра

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“....

Македонија2 дена

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме...

Македонија2 дена

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозокот и скршеници

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром добило скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава...

Македонија2 дена

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет2 дена

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Македонија2 дена

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Досие