Контакт

Свет

И Холандија привремено ја прекинува имунизацијата со вакцината на „Астра зенека“

Објавено пред

Холандските здравствени власти објавија дека биле принудени да откажат 43.000 термини за вакцинација поради одлуката на владата да ја прекине имунизацијата со вакцината на „Астразенека“ најмалку две недели, објави новинската агенција АНП.

dobivaj vesti na viber

Суспензијата ќе важи најмалку до 29 март, пренесува „Ројтерс“.

Неколку други европски земји привремено ја прекинаа употребата на вакцината од британско-шведската компанија во претходните денови, вклучувајќи ги Норвешка, Данска и Ирска, поради згрутчување на крвта во некои случаи по употребата на таа вакцина.

Министерството за здравство во Холандија соопшти дека овој потег следува по шест нови извештаи во Данска и Норвешка за згрутчување на крвта и намалување на нивото на тромбоцити кај луѓе на возраст под 50 години што ја примиле вакцината.

Холандскиот орган за лекови исто така истакна дека не е докажана поврзаноста помеѓу случаите и вакцината.

Министерството за здравство додаде дека не се пријавени такви случаи во Холандија.

Одлуката доаѓа еден ден откако фармацевтската компанија најави понатамошно намалување на испораките на својата вакцина против коронавирусот во Европската Унија повикувајќи се на извозни ограничувања.

„’Астра зенека’ жали за одлуката за намалување на испораките на вакцината во Европската Унија и покрај тоа што неуморно работеше на забрзување на снабдувањето“, изјави портпаролот на компанијата.

Денеска, и италијанскиот регион Пиемонт објави дека привремено ја прекинува имунизациајта со вакцината на „Астра зенека“ откога учител од провинцијата Биела починал по примањето на вакцината во саботата.

„Астра зенека“ вчера соопшти дека нивната вакцина не предизвикува згрутчување на крвта.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Објавено пред

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови колеги од Централна и Источна Европа за поддршка на интегритетот на Украина и нејзиниот прием во НАТО.

dobivaj vesti na viber

Документот со кој се осудува припојувањето на нови украински територии кон Русија го потпишаа претседателите на Романија, Чешка, Полска, Естонија, Латвија, Литванија, Северна Македонија, Црна Гора и Словачка.

Шефот на државата Румен Радев не се согласува со целосниот текст на декларацијата усвоена од некои источноевропски земји за членството на Украина во НАТО. Тој ги поддржува другите позиции содржани во документот“, се вели во соопштението од Бугарија, информира БТА.

Во него се наведува дека Бугарија е дел од декларацијата од самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година за идниот пристап на Украина, но оваа декларација е усвоена во сосема поинаква безбедносна средина.

„Воените акции на територијата на Украина денеска бараат нејзиното членство во Алијансата да се дискутира во целосниот состав на Северноатлантскиот совет и да не доведе до ризик од директно вклучување на земјите од НАТО во војната“ – се додава во соопштението.

Според него, одлуката за приклучување на Украина во НАТО треба да биде донесена „само откако ќе се развијат јасни параметри за мирно решавање на конфликтот меѓу Русија и Украина, кои ќе бидат прифатени и имплементирани од двете завојувани земји“.

Сепак, во декларацијата, потпишана од други шефови на држави на иницијатива на романскиот претседател Клаус Јоханис, се вели:

„Ние не ги признаваме и никогаш нема да ги признаеме обидите на Русија за анексија на украински територии. Силно ја поддржуваме одлуката на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година во врска со идниот пристап на Украина. Сите оние кои ќе извршат злосторства за агресија мора да одговараат и да бидат изведени пред правда“.

Прикажи повеќе...

Европа

Ослободен е директорот на нуклеарната централа Запорожје

Објавено пред

Шефот на нуклеарната централа Запорожје во Украина, кој во петокот беше приведен и уапсен од руски патроли е ослободен, објави денеска шефот на нуклеарната агенција на ОН, МААЕ – Рафаел Гроси. Украина ја обвини Русија за неговото апсење и истото го нарече терористички чин.

dobivaj vesti na viber

Украина извести дека руска патрола го уапсила Ихор Мурашов во петокот додека патувал од најголемата европска нуклеарна централа до градот Енерходар, дом на многу вработени во централата.

Објектот сè уште е управуван од украински персонал под услови за кои Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) вели дека ја загрозуваат неговата безбедност.

Агенцијата во саботата објави дека контактирала со „релевантни лица од властите“, без конкретно да ја спомене Русија и дека била информирана дека Мурашов е „привремено приведен“.

„Ја поздравувам веста за ослободувањето на Ихор Мурашов, директорот на нуклеарната централа Запорожје во Украина. Добив потврда дека господинот Мурашов се вратил кај своето семејство и е безбеден“, напиша денеска Гроси.

Русија и Украина се обвинуваат меѓусебно за гранатирањето кое ги оштети зградите околу централата, а МААЕ повика на тампон зона околу локацијата за да се намали ризикот од потенцијална катастрофална несреќа. Гроси оваа недела треба да отпатува за Москва и Киев каде ќе учествува во преговорите, пренесува Индекс.хр.

Прикажи повеќе...

Свет

Пердасдефогу – градот со најмногу стогодишници во светот

Објавено пред

Пердасдефогу е град на островот Сардинија и според Гинисовата книга на рекорди има најголем процент на стогодишници во светот.

dobivaj vesti na viber

Во февруари годинава дури десет од 1.765 жители биле постари од 100 години. Според Гинисовата книга на рекорди, ова е највисокиот процент на стогодишници во однос на популацијата забележана каде било во светот.

На влезот во градот има плоча, а еден од плоштадите се вика Пјаца Лонгевита.

Annunciata Story е „најмладата стогодишничка“ во градот. Таа наполни 100 години во август.

Пјетро Мереу, режисер кој сними документарен филм за градот на стогодишниците, вели дека заедничко на сите им е тоа што напорно работеле цел живот, но се хранеле здраво и живееле со малку или без стрес.

„Наместо да го следат ритамот на е-пошта или мобилни телефони, тие го следеа ритамот на природата“ – вели тој.

Салваторе Мура, историчар и локален политичар од Пердасдефогу, вели дека една од тајните на староста на жителите на ова место е фактот што цел живот јадат зеленчук од сопствената градина. Но, важна улога играат и гените и интимниот социјален живот на семејството.

„Тоа ја одржува менталната и физичката виталност“ – вели Мура.

Научниците се интересираат за долговечните жители на Пердасдефогу.

За да најдат одговор на оваа појава, тие сакаат да анализираат 13.000 примероци на ДНК од провинцијата Ољастра, каде што се наоѓа овој град.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 минути

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...

Европа2 часа

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата

Украинските сили го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната со пробивање на линијата на фронтот...

Свет2 часа

(Видео) Нов испад на Бајден, ја погреши насоката за движење

Еден ден по гафот на кој ја повика починатата конгресменка обраќајќи и се како да е сè уште жива, американскиот...

Македонија5 часа

(Видео) Ако не се извинат, Ковачевски најави тужба за ВМРО-ДПМНЕ: Јас сум веќе две недели под константни напади

Најдолни лаги, според премиерот Димитар Ковачевски, се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека го избегнал служењето војска правејќи се неспособен...

Регион5 часа

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија5 часа

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Економија6 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Македонија6 часа

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија6 часа

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет7 часа

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет7 часа

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија9 часа

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската Унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет9 часа

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија9 часа

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...

Свет10 часа

Бројот на загинати од ураганот Јан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Јан во САД се искачи на повеќе од 80 бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет11 час

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...

Свет11 час

Руски гувернер: Половина од мобилизираните во регионот вратени дома, командантот разрешен

Командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност кога половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги...

Европа11 час

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора сами да дејствуваме и затоа Австрија прави сè за да се заштити...

Свет11 час

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, испрати предупредување до Русија

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опремата во Украина и ќе ја потопат нејзината...

Свет11 час

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити поради недостиг на чиста вода за пиење

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити откога болеста ненадејно се врати поради недостиг на гориво и чиста вода...