Свет
Кадиров: Трамп не поставува услови, одлучувачкиот потег за решавање на конфликтот во Украина е на Путин
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави денеска дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп „не поставува услови“ и дека одлучувачкиот чекор во мирното решавање на конфликтот во Украина е на рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров рече дека Трамп може да престане да финансира и испраќа платеници „кои се испратени да го убиваат рускиот народ“, но само Путин може да го направи одлучувачкиот чекор.
„Само нашиот претседател става крај. Се друго се празни муабети“, рече Кадиров, пренесува агенцијата ТАСС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кинезите изградија тунел долг 22 километри, ќе биде отворен оваа година
Во новата година Кинезите се подготвени за нов, импресивен инфраструктурен проект.
Тоа е најдолгиот тунел на автопатот Тианшан Шенгли, кој Кина го изгради и планира да го отвори во 2025 година.
Тунелот долг 22,13 километри минува низ планините Тианшан, еден од најголемите планински масиви во светот и низ регионот Ксинџијанг, каде што, кога ќе биде пуштен во употреба, ќе го намали времето на патување низ планинскиот премин од три часа на само 20 минути.
Како што објавија државните медиуми, ова е дел од автопатот долг 319,72 километри што ќе ги поврзе двата најнаселени града во регионот – Урумчи и Корлу. Од еден град до друг ќе бидат потребни три часа, а не седум како порано.
Ова инженерско чудо, како што веќе го нарекуваат овој тунел, го изградиле повеќе од 3.000 работници. Државната телевизија „ЦЦТВ“ објави дека ги надминале екстремните геолошки предизвици и ризици за време на работата.
На градежните екипи им беа потребни повеќе од четири, но тунелот, наводно, бил завршен година и пол пред предвиденото.
Според „Саут Чајна Морнинг Пост“, работата вклучувала пробивање на планински венец за да се изградат два сообраќајни тунели и еден сервисен тунел што поминува меѓу нив.
Свет
(Видео) Го гледале огнот како се приближува до нивната куќа во Лос Анџелес на камера: стигнал до базенот, а потоа се се претворило во чад
Шокантните снимки од надзорните камери го покажуваат ужасот со кој се соочија жителите на Лос Анџелес додека шумски пожар го зафати градот.
Оваа снимка е направена во Пацифик Палисадес, областа најтешко погодена од пожарот и каде размерите на уништување се огромни.
Сопствениците Кајл и Зиби Овенс на надзорната камера гледаа како огнена топка расте и се протега во воздухот веднаш до нивниот базен.
Набрзо пламенот стигна до работ на базенот и брзо се доближи до линијата на покривот додека чадот го замати екранот.
Семејството Овенс го гледаше уништувањето на куќата илјадници километри подалеку, од нивниот втор дом на Менхетен.
Бројот на загинати во шумските пожари во областа на Лос Анџелес се искачи на 24, а десетици луѓе се водат како исчезнати.
Европа
Рекордно студено време во Велика Британија: тоа е најниска јануарска температура во последните 15 години
Во северна Шкотска температурите во петокот вечерта паднаа на -18,7 степени Целзиусови, што е најниска јануарска температура забележана во Велика Британија во последните 15 години, соопшти Метеоролошката канцеларија на земјата.
Како што објави „Гардијан“, ова е најниската јануарска ноќна температура забележана во Велика Британија од 2010 година.
На шкотската висорамнина Алтнахара таа температура е забележана во петокот во 22 часот, а ниската температура се задржа до утрово.
Тоа е најстудената јануарска температура во текот на ноќта од 2010 година, кога температурите паднаа под -15 степени Целзиусови неколку пати на локации низ ОК, при што висорамнината Алтнахара забележа температура од -22,3 степени Целзиусови на 8 јануари истата година.