Контакт

Свет

Казни и до 1.500 долари за неносење маски во јавниот превоз во САД

Објавено пред

Оние кои ја прекршуваат федералната мерка за задолжително носење заштитна маска во САД, се соочуваат со парична казна од 250 долари, што се зголемува за следните прекршувања, соопшти денеска Управата за безбедност во сообраќајот (ТСА).

Казната може да се искачи и до 1.500 долари за повеќекратни прекршувања, пренесува Си-ен-ен.

„Врз основа на значајни отежнувачки или олеснителни фактори, TСА може да побара износ на казна што е надвор од тие граници“, соопшти агенцијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

До 60 проценти од луѓето што прележале коронавирус може да се заразат со бразилскиот вид

Објавено пред

Шест од 10 лица што прележале Ковид-19 се ранливи на бразилскиот вид П1, покажа истражувањето спроведено во градот Манаус, во државата Сао Пауло.

Прелиминарните податоци покажуваат дека антителата обезбедуваат мала заштита од новиот вид П1, објави „Мирор“.

Истражувањата ја покажаа шокантната брзина со која П1 стана доминантен во Бразил за само осум недели од неговото појавување.

Професорката Естер Сабино од Универзитетот во Сао Пауло рече дека помеѓу 25 и 61 процент од антителата создадени за време на првата ковид-зараза не дејствуваат против видот П1.

„Едноставно кажано – од 100 луѓе што имале Ковид-19, помеѓу 25 и 61 се подложни на добивање на вирусот П1. Бевме зачудени кога видовме колку е брз растот на заболените“, рече Сабино.

Прикажи повеќе...

Европа

Словачкиот министер ја одобри употребата на руската вакцина

Објавено пред

Словачкиот министер за здравство, Марек Крајчи, ја одобри употребата на руската вакцина „спутник В“ за борба против коронавирусот, објави ресорното Министерство на својата веб-страница и потенцира дека употребата на вакцината е дозволена до крајот на август.

Вакцината ќе се користи во Словачка во согласност со статусот на исклучок што ѝ го додели Министерството за здравство како нерегистриран лек.

Луѓето што се заинтересирани да се вакцинираат со „спутник В“ ќе мора да дадат писмена согласност за да потврдат дека се свесни за фактот дека Европската агенција за лекови засега не ја одобрила оваа вакцина, пренесува ТАСР.

Вакцинацијата ќе се одвива на доброволна основа и нема да биде ограничена од возраста на примателот. Крајчи истакна дека „спутник В“ е веќе регистрирана во одреден број земји.

Словачкиот премиер Игор Матович во понеделникот објави дека Словачка ќе нарача два милиона дози од руската вакцина „спутник В“.

Прикажи повеќе...

Свет

Испуштиле џекпот од речиси 200 милиони евра зашто не успеале да го уплатат ливчето

Објавено пред

Момче и девојка од Велика Британија ја пропуштија шансата да земат речиси 200 милиони евра на џекпот на „Јуромилионс“ бидејќи не успеале да го уплатат износот на добитното ливче. Тие долго време ги пишувале истите броеви и кога, конечно, биле извлечени како добитни, тие имале проблем со платежната картичка.

Рејчел Кенеди (19) и Лијам Мекрохан (21) од Хертфордшир биле апсолутно скршени кога сфатиле дека нивниот број излегол и тие не го уплатиле тикетот, пренесува „Сан“.

Двајцата студенти ги играа победничките броеви 6, 12, 22, 29, 33, 6 и 11 пет недели по ред пред да се појават сите седум цифри на ждрепката во петокот.

Сметката на Рејчел беше поставена за автоматско купување билет во „Јуромилионс“ со нејзините вообичаени броеви, но бидејќи нејзината сметка немала доволно средства, плаќањето на билетот не поминало. Но, кога ја проверила апликацијата, таа имала известување дека нејзините вообичаени броеви се победнички – па помислила дека го добила џекпотот.

„Апликацијата ми покажа ‘победнички и помислив: ‘О, боже, победив’. Затоа ги повикав моето момче Лијам и мајка ми во собата и тие не можеа да поверуваат. Се јавив на бројот мислејќи дека освоив 182 милиона фунти и тие ми одговорија: ‘да, ги имате вистинските броеви, но немавте средства на вашата сметка за плаќање на билетот’, па всушност не поминала уплатата“, рекла Рејчел.

Лијам, кој студира економија, веќе правеше планови за тоа како ќе ги потрошат парите.

„Бев апсолутно скршен кога разбравме дека не сме добиле џекпот. Си ги имав замислено куќата и авотмобилот од соништата“, рече Лијам.

Рејчел повеќе не им верува на своите среќни броеви. Таа мисли дека тие не ѝ носат среќа, па ги смени со нови за следното играње.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Во ковид центрите во Скопје примени нови 49 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 49 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Свет46 минути

До 60 проценти од луѓето што прележале коронавирус може да се заразат со бразилскиот вид

Шест од 10 лица што прележале Ковид-19 се ранливи на бразилскиот вид П1, покажа истражувањето спроведено во градот Манаус, во...

Македонија3 часа

На следниот конгрес СДСМ ќе го смени своето име во согласност со договорот од Преспа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата сè уште не е сменето поради пречките што ги предизвикала...

Регион4 часа

Претседателот на Србија ѝ ги предаде вакцините на БиХ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, во Сараево, предаде контингент од 5.000 вакцини од компанијата „Астра зенека“, што Србија ѝ ги...

Свет5 часа

Експертите на СЗО против употребата на лекот „хидроксихлорокин“

Лекот „хидроксихлорокин“, за кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше дека ќе го промени текот на пандемијата, не треба да...

Свет6 часа

Шок-бомби, кациги и импровизирани шлемови на протестите во Мјанмар

Полицијата во Мјанмар активира шок-бомби за да ги растера демонстрантите во Јангон, најголемиот град во Мјанмар. Тие се собраа пред...

Свет17 часа

Кина им забрани на наставниците да ги тепаат и навредуваат учениците

Кина воведе забрана за казнување во училиштата што може да предизвика физичка и психолошка траума, бидејќи неколку ученици починаа во...

Свет17 часа

Навални, Грета Тунберг, СЗО и Трамп номинирани за Нобелова награда за мир

Приближно 329 номинации пристигнаа за Нобеловата награда за мир оваа година, како одраз на бројни горливи прашања низ целиот свет...

Европа20 часа

(Видео) Франција и Германија сега уверуваат дека вакцината на „Астразенека“ е ефикасна

Поради бавниот напредок на вакцинацијата против Ковид-19, со оглед дека има недостиг на вакцини, француските и германските власти се обидуваат...

Свет21 час

ОН: Русија е одговорна за труењето на Навални

Според меѓународното право, Русија е одговорна за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, наведуваат во прелиминарните наоди експертите за...

Македонија22 часа

234 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 234 нови случаи на Ковид-19 од направени...

Македонија1 ден

(Видео) Oрганизаторите на настани протестираа пред Владата: Наместо да пуштаме гласна музика, една година сме тивки

Со мотото „ПОМЕН – една година тишина“, со транспаренти во рацете „Спасете ја ивент-индустријата“, вработените во продукциските компании за организирање...

Македонија1 ден

Од мај почнува реконструкцијата на Универзалната сала, идејното решение е донација од архитектот

Универзалната сала во Скопје ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и...

Регион1 ден

Во Хрватска помалку од 100 новозаразени од коронавирус, од денес попуштање на мерките

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 91 нов случај на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни...

Македонија1 ден

Шекеринска: Можевме да не кажеме дека ни е вратен капарот за кинеската вакцина

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вели дека, доколку сакале, можеле да скријат дека кинеската компанија за производство на вакцини ни...

Европа1 ден

Германија ги попушта мерките, се отвораат фризерските салони

Фризерите во Германија од денес ги отвораат салоните по двомесечна забрана, што е уште еден претпазлив чекор кон отворање на...

Свет1 ден

„Модерна“ почнува да ја испитува вакцината против јужноафриканскиот вид коронавирус

Испитувањата на вакцината што ја разви лабораторијата на „Модерна“ против јужноафриканскиот вид ќе почнат во средината на март во САД,...

Топ1 ден

Во Струмичко растурена свадба со 300 гости, МВР подготвува кривични пријави

Струмичката полиција на 28 февруари добила дојава по што службеници извршиле контрола во селото Банско, каде што била организирана свадба,...

Свет1 ден

Нетанјаху: Иран е нашиот најголем непријател, јас сум решен да го запрам и ќе удриме во целиот регион

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес го обвини Иран дека стои зад експлозијата што се случи минатата недела во израелски...

Македонија1 ден

Почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците

Од денеска почнува првата фаза на пописот, со која ќе бидат опфатени дијаспората, армијата, дипломатските претставништва, бездомниците и затворениците. Попишувањето...

Досие