Европа
Како Лукашенко влезе во кабинетот на Путин

Се сретнаа рускиот и белорускиот претседател, а на почетокот на средбата што се одржува во Москва ги отфрлија економските санкции.
Александар Лукашенко, кој е еден од ретките преостанати сојузници на Владимир Путин, рече дека луѓето за неколку месеци ќе заборават дека тоа се случило и дека има можност да се изгради нешто подобро од Советскиот Сојуз.
Во меѓувреме, Путин рече дека санкциите само ја направија Русија посилна.
Рускиот лидер додаде дека има одредени позитивни движења во преговорите со Украина, а овие преговори продолжуваат секојдневно и покрај тоа што на вчерашната средба на министрите за надворешни работи не било договорено ништо.
Путин вети дека ќе му објасни се на Лукашенко кога ќе разговараат насамо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Руски војник осуден на доживотен затвор за воени злосторства во Украина

Судот во Украина осуди руски војник на доживотен затвор за убиство на цивили во Украина. Ова е прва пресуда за воени злосторства од почетокот на конфликтот во Украина.
Заробениот војник Вадим Шишимарин беше осуден за убиството на Александар Шелипов (62) во североисточното село Чупагивка на 28 февруари.
Тој призна дека пукал во Шелипов, но рече дека постапил по наредба и побарал прошка од семејството на жртвата.
Украина истражува многу други наводни воени злосторства.
Москва негираше дека нејзините војници биле насочени кон цивили за време на инвазијата, додека Украина вели дека можеби се случиле повеќе од 11.000 злосторства.
Ова судење во Киев се смета за шанса Украина, без сомнение, да докаже дека руски војник убил цивил, без оглед на правилата на војната, пренесе Телеграф.
Европа
Убиен чувар во амбасадата на Катар во Париз

Во катарската амбасада во Париз денеска е убиен чувар, а во рамките на истрагата е уапсено едно лице, соопшти обвинителството во Париз, потврдувајќи ги претходните извештаи на медиумите.
„Можеме да потврдиме дека денеска е отворена истрага за обвинението за убиство и дека допрва треба да се утврдат околностите за смртта на чуварот“, соопшти обвинителството, додавајќи дека се уште не е јасно дали оружјето било употребено, пренесува Ројтерс.
Еден чувар е убиен во раните утрински часови во инцидент кој се чини дека нема никаква врска со тероризам, изјавил за Ројтерс извор близок до истрагата, додавајќи дека осомничениот влегол во амбасадата околу 6:30 часот и се скарал со чуварот и му задал смртоносен удар со тупаница.
Европа
Иранскиот претседател: Ќе има одмазда за убиството на полковникот

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси изјави дека ќе има одмазда за убиството на полковникот на Револуционерната гарда на Иран, ден по нападот во Техеран, пренесуваат светските агенции.
Според написите, двајца непознати напаѓачи на мотоцикл вчера го убиле полковникот Хасан Саџад Ходаи, испукувајќи пет куршуми пред неговата куќа во иранската престолнина.
„Не се сомневам дека крвта на тој великомаченик ќе биде одмаздена“, рече Раиси во говорот на државната телевизија.
Полковникот Ходаи е највисокиот убиен во Техеран по убиството на нуклеарниот физичар Мохсех Фахризадех во ноември 2020 година во близина на главниот град во напад врз неговиот конвој. Иран го припиша нападот на Израел, објавуваат тамошните медиуми.
Раиси побарал од безбедносните службеници сериозно да го истражат убиството.
Според телевизијата револуционерната гарда го осудила терористичкиот чин и го претставила полковникот Ходаи како чувар на светилиштето.