Свет
Како Фарските Острови го искоренија Ковид-19

Фарските Острови се добро изолирани од коронавирусот и многу внимаваат да не дозволат тој повторно да влезе на нивна територија.
Жителите таму се движат без маска и може да одат на трибините на стадионот.
Малиот архипелаг немал нови случаи на коронавирус со недели.
Фарските Острови беа најблиску до апокалипсата на крајот на август кога беа регистрирани дури 23 случаи на новозаразени од коронавирус за еден ден. Таков број не бил забележан пред или по тој ден на овој архипелаг во северниот Атлантик. Но, во декември бројките експлодираа повторно до 19 случаи на ден.
Од 26 февруари Фарските Острови немаат забележано повеќе случаи на коронавирус.
Светските медиуми анализират дека, најверојатно, коронавирусот е искоренет на овие осумнаесет острови.
Го поставуваат пршањето како овој архипелаг успеал да го сузбие Ковид-19.
Фарските Острови се приближно исто оддалечени од Шкотска, Норвешка и од Исланд, официјално ѝ припаѓаат на Данска, но имаат широка автономија. Околу нив живеат вкупно педесет илјади луѓе, претежно од риболов, туризам и одгледување овци.
„Јасно е дека направивме многу работи како другите“, напиша неодамна премиерот на Фарските Острови.
„Тестови, следење контакти, заклучување, информативни кампањи за граѓаните и реорганизација на здравствениот систем. Но, од друга страна, нашата стратегија беше единствена. За разлика од другите влади, ние во рана фаза одлучивме дека не сакаме да влијаеме на населението со забрани, туку давајќи препораки“, рече премиерот.
„Довербата создава доверба, барем тоа беше случај тука кога жителите беа охрабрени да ги следат препораките на здравствените власти“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел подготвува нова рунда на вакцинација, сега и на децата

Израел планира нова рунда на вакцинација против коронавирус за шест месеци, во која ќе се вакцинираат и деца, најави премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Тој им рече на Израелците на прес-конференција синоќа да се подготват за нов круг на вакцинација.
Израелските медиуми објавија дека станува збор за набавка на 18 милиони дози, со можност за последователна набавка на дополнителни вакцини.
Пред два дена Израел склучи нови договори за набавка на вакцини со компаниите „Фајзер“ и „Модерна“.
Свет
Бајден по пресудата за убиството на Флојд: На сите ни олесна

Поротата го прогласи за виновен поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Човин за убиството на Џорџ Флојд за време на апсење, а пресудата предизвика бројни реакции.
Претседателот на САД, Џо Бајден, по пресудата рече дека се чувствува олеснување.
„На сите ни олесна“, му порачал американскиот претседател Бајден на семејството на Флојд во телефонски разговор. „Вие сте неверојатно семејство. Би сакал да бидам таму за да ве прегрнам“, продолжил тој.
По пресудата, Бајден и се обрати на јавноста од Белата куќа и ги повика Американците да се обединат во борбата против расизмот, кој ја расипува душата.
„Дојде време оваа земја да се обедини“, рече Бајден во краткото обраќање од Белата куќа.
„Некои – агитатори и екстремисти кои се потсмеваат на социјалната правда – ќе се обидат да ги искористат сировите емоции“, предупреди тој.
„Не можеме да им дозволиме да го сторат тоа“, додаде претседателот на САД.
„Пресудата за полицаецот Човин нема да го врати Џорџ“, рече Бајден, додавајќи дека оваа пресуда можеби е момент на клучна промена. Тој ги повика Американците никогаш да не ја заборават оваа трагична епизода.
„Мораме да слушаме. ‘Не можам да дишам, не можам да дишам’ – тоа беа последните зборови на Џорџ Флојд. Треба постојано да ги слушаме тие зборови, да не им го вртиме грбот“, истакна Бајден на крајот.
„Денеска се одбележува Денот на правдата во Америка“, порача Камала Харис, потпретседателката на САД.
Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел ја поздравија пресудата.
„Денес, поротата постапи правилно. Но, вистинската правда бара многу повеќе. Мишел и јас упатуваме молитви до семејството на Флојд и стоиме заедно со сите оние кои се залагаат да гарантираат целосна правда за секој Американец, што на Флојд и на многу други им беше ускратена“, рече Барак Обама.
Пред зградата на судот се собрала толпа од неколку стотици луѓе кои со извици на одобрување ја дочекале веста за пресудата.
Националната гарда е на улиците на Минеаполис. Повеќе од 3.000 припадници на Националната гарда и најмалку 1.100 полицајци се распоредени низ Минесота, како дел од т.н. операција „безбедносна мрежа“, како превенција од можни немири по објавувањето на пресудата.
Слично е и во другите поголеми градови.
Регион
Повторно земјотрес во Хрватска

Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтер е регистриран синоќа по 23 часот во Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми.
Како што пренесе порталот „Индекс“, епицентарот на потресот бил на 26 километри западно од Загреб.
Потресот траел неколку секунди.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?