Контакт

Свет

Калас го критикува Трамп: Европа не може сама да ја носи одговорноста за украинската војна

Објавено пред

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека Европа не ја сноси единствената одговорност за прекинување на конфликтот во Украина и дека не може сама да го носи овој товар.

Калас со тоа одговори на неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп нагласувајќи дека е неопходна заедничка акција на сите сојузници за решавање на кризата.

„Европа не може сама да го носи товарот на војната во Украина“, рече Калас додавајќи дека ова е особено важно со оглед на ветувањата на Белата куќа да се залага за прекин на борбите.

Според „Политика“, во европските дипломатски кругови се проценува дека изјавите на Трамп алудираат на постепено повлекување на САД од украинскиот конфликт со префрлање на главната одговорност на европските членки. Како одговор, Калас истакна дека Вашингтон мора да остане во целосна солидарност со НАТО потсетувајќи дека САД се најголемиот и најважен сојузник на алијансата.

Оваа контроверзност следуваше по моментот кога украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Њујорк на 80-тото заседание на Генералното собрание на ОН, каде што се сретна и со претставници на Белата куќа. Трамп претходно изјави дека Украина, со поддршка од Европската Унија и финансиска помош од НАТО, е способна да ги врати изгубените територии.

Реагирајќи на таков став, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени дека американскиот претседател дава нови изјави под влијание на „визијата на шефот на киевскиот режим“.

Фото: принтскрин

Најново

Свет19 минути

САД: Русија и Украина се подготвени за компромис околу територијата

Во неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што...

Свет28 минути

Трамп повторно тврди дека изборите во САД биле наместени

Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш го доведе во прашање интегритетот на конгресните избори одржани на 3 ноември, на...

Свет1 час

Мерц предупредува на пораст на антисемитизмот во Германија

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница. Тој ја...

Македонија1 час

МОН: Продолжува програмата „Суперучилишта“, средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

Училишните размени имаат значајно и повеќеслојно позитивно влијание врз образовниот систем. Тие овозможуваат размена на позитивни практики, знаења и искуства...

Македонија1 час

ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка: Митовски се обидува проблемот со добитокот да го претвори во политичка тема

Денешната прес-конференција на градоначалникот Сашко Митовски, на која побара Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на...

Свет2 часа

Рјабков: Ако Европа нè нападне, тоа ќе биде многу кратка војна

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, ги осуди напорите на Европската унија и НАТО насочени кон подготовка за...

Свет3 часа

Песков: Украина е поинаква држава, во географска смисла

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека, во географска смисла, Украина веќе станала поинаква држава. Неговиот коментар уследи по сугестијата...

Свет3 часа

Рекордни 2,5 милиони луѓе на мисата на Папата во Буенос Аирес

Повеќе од два и пол милиони луѓе се собраа денес на миса на отворено, која ја служеше папата Лав XIV...

Македонија3 часа

Левица поднесе тужба до Управниот суд за студентскиот оброк

Левица поднесе тужба до Управниот суд и претставка до Народниот првобранител против незаконското постапување на Министерството за образование за студентскиот...