Контакт

Свет

Калас: ЕУ има многу јасен план – да ја ослабне Русија и да ја поддржи Украина

Објавено пред

Европската унија има многу јасен план, а тоа е да ја ослабне Русија и да ја поддржи Украина, изјави денес високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас.

„Притисокот мора да биде врз агресорот, а не врз жртвата. Наградувањето на агресијата само ќе поттикне поголема агресија. ЕУ има многу јасен план од две точки, првиот е да ја ослабне Русија, а вториот е да ја поддржи Украина“, рече Калас по завршувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Министерскиот состанок се одржа по протечените информации дека САД преговараат за план со Русија што ќе бара од Украина да се откаже од дел од својата територија и да ги намали своите вооружени сили.

„Министрите беа доста смирени во врска со тоа бидејќи претходно видовме различни мировни планови кои не можат да функционираат освен ако Европејците и Украинците не се согласат со нив“, рече Калас.

Калас рече дека на министрите им биле презентирани информации што јасно го покажуваат влијанието на санкциите врз Русија.

„Извозот на руска сурова нафта падна на најниско ниво во последните месеци, даночните приходи од нафта се најниски од почетокот на војната. Санкциите силно ја погодуваат Русија, а доаѓаат уште повеќе“, рече Калас, додавајќи дека приоритет сега е да се казни таканаречената руска флота во сенка, неосигурени бродови што пловат со странски знамиња и се користат за заобиколување на санкциите врз извозот на нафта.

ЕУ досега воведе санкции за 550 такви бродови и има намера да продолжи да го прави тоа. Идејата е ваквите бродови да се стават на списокот на санкции побрзо, без да се чекаат нови пакети санкции.

Неколку министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ се спротивставија на планот, според кој Украина ќе мора делумно да се разоружа и да предаде уште поголем дел од својата територија.

„Мирот не може да биде капитулација. Украинците сакаат праведен мир што го почитува суверенитетот на сите, траен мир што не може да биде доведен во прашање од идна агресија“, рече францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски рече дека Украина, „жртва на агресија, не може да наметнува ограничувања на својата способност да се брани“.

Во врска со поддршката за Украина, многу министри рекоа дека заемот за репарација врз основа на замрзнати руски средства е најдобриот начин да се помогне на Украина, рече Калас.

Сè уште нема договор за користење на руските замрзнати средства. Најголемата пречка е Белгија, каде што се наоѓаат поголемиот дел од замрзнатите средства на Русија, која бара цврсти гаранции дека нема да го носи товарот ако има арбитражна одлука дека средствата мора да се вратат во Русија.

Шведската министерка за надворешни работи Марија Стенергард го нарече „срамно“ тоа што ЕУ продолжува да увезува од Русија.

„Нашиот увоз од Русија ја надминува нашата помош за Украина за огромни 124 милијарди евра. Срамно е“, рече таа.

На состанокот беа дискутирани и нападите врз полската железничка мрежа. „Русија спроведува тероризам спонзориран од државата“, вели Калас.

Шефицата на европската дипломатија вели дека Русија регрутира ситни криминалци преку Интернет за да извршуваат слични акти на саботажа.

„Можеме да се справиме со тоа ако се справиме со ова онлајн регрутирање. Тоа е под надлежност на земјите-членки, а некои земји имаат повеќе искуство, па затоа е важно да споделуваме добри практики во борбата против овие ситни криминалци“, рече таа.

Најново

Спорт39 минути

(Видео) Гаштаров избори пенал, Црвена звезда го победи Партизан

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1, во јубилејното 180-то вечно дерби. Дури и најбрзиот гол во историјата не им...

Свет45 минути

Победата на АфД ја тресе Германија: Мерц пред тежок политички тест

Убедлива победа за Алтернатива за Германија (АфД) и тежок пораз за Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – изборите во Саксонија-Анхалт би можеле...

Свет57 минути

(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во Мајами и заврши на пат

Товарен авион „боинг 767“ излета од пистата при слетување на Меѓународниот аеродром во Мајами и заврши на пат надвор од...

Спорт58 минути

Турските одбојкарки ја одбранија европската титула

Турската женска одбојкарска репрезентација, на домашен терен, ја одбранија континеталната титула. Избраниците на селекторот Даниеле Сантарели го победија големиот ривал...

Свет1 час

Зеленски: Можни се нови преговори со Русија, за териториите мора да разговараат лидерите

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е можно продолжување на преговорите меѓу Украина и Русија, но дека клучните прашања, вклучително...

Забава1 час

Проверете ги пораките и сметките: Три знаци може да ги израдуваат пари до 15 септември

Според астролошките предвидувања, три хороскопски знаци би можеле да имаат особено поволен финансиски период до 15 септември. Биковите, Стрелците и...

Забава1 час

Бјанка Ценсори откри што мисли за голотијата и дали Канје ѝ кажува што да носи

Австралиската уметница Бјанка Ценсори за првпат отворено проговори за својот имиџ, односот кон голотијата и модните комбинации со кои веќе...

Македонија2 часа

Активен пожарот кај Стенковец, избувнаа уште два кај Кондово и Ѓорче Петров

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а скопските пожарникари се на терен и го гаснат, информира вечерва директорот на...

Македонија2 часа

Ставен под контрола пожарот што се закануваше кон Милетино

Пожарот кај Милетино, во Општина Брвеница, е ставен под контрола, откако во неговото гаснење беа ангажирани два „ер трактори“ и...