Контакт

Свет

Калас: На Украина ѝ е потребна сета можна воена поддршка

Објавено пред

Министрите за одбрана на Европската Унија дадоа широка поддршка за проширување на обуката на украинската армија во случај на прекин на огнот, изјави денес шефицата на европската дипломатија, Каја Калас.

„Постои широка поддршка за продолжување на мандатот на нашата воена мисија за обезбедување обука и совети во Украина по каков било прекин на огнот“, изјави високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика по состанокот во данската престолнина.

Проширувањето на мисијата ќе бара едногласна одлука од 27-те членки на ЕУ, изјавија дипломатите.

Калас претходно објави дека алијансата може да го поддржи Киев со продолжување на обуката на украинската армија и со зајакнување на нејзината одбранбена индустрија.

Министрите собрани во Копенхаген, исто така, разговараа за безбедносните гаранции за Украина по завршувањето на борбите.

Таму, Калас ги повика членките на ЕУ да продолжат да го снабдуваат Киев со оружје.

„На Украина ѝ е потребна сета можна воена поддршка“, рече таа.

Најново

Свет23 минути

СЗО чека одговор од Русија за смртта на лаборантката, сомнежите за белодробна чума остануваат непотврдени

Светската здравствена организација (СЗО) сè уште чека официјални информации од руските власти за дијагнозата на лаборантката од Сибир, чија смрт...

Македонија27 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври да бидат водилка за денешните генерации

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, оддавајќи им почит на борците од Народноослободителната борба...

Македонија31 минута

СДСМ: Македонија не е каса за провизии, иднината е во Европа, правда и слобода

Антифашизмот не е само споменик, туку обврска за слобода, правда и достоинствен живот, порача опозициската СДСМ по повод 11 Октомври...

Македонија35 минути

Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври: Имаме обврска да градиме демократска, правна и просперитетна држава

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, порача дека жртвата на востаниците и партизаните е...

Македонија38 минути

Од утре под лупа на „Безбеден град“ и возачите во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од утре, 12 октомври, ќе почне да функционира и во Охрид, Струга, Кичево и...

Македонија42 минути

ЛДП: За владините функции има пари, а за судии и обвинители нема

Правосудниот систем во Македонија се соочува со сериозни проблеми поради недоволното финансирање, недостигот од кадар и политичките влијанија, реагираат од...

Македонија2 часа

Попова Шапка и Берово со најниска утринска температура од 8 степени

Попова Шапка и Берово утрово беа најстудените места во земјава, со измерени минимални температури од 8 степени Целзиусови. Температура од...

Свет2 часа

По 50 години прв случај на беснило кај ракун во Лос Анџелес

Здравствените власти на округот Лос Анџелес денеска ги предупредија жителите да избегнуваат контакт со диви животни, откако во Вестлејк Вилиџ...

Македонија2 часа

Македонија го чествува 11 Октомври – Денот на народното востание

Денеска е 11 Октомври, 85 години од Народното востание на македонскиот народ. Во 1941 година се случува неповторлив и клучен...