Контакт

Свет

Калас: Русија нема да ги види своите 210 милијарди евра без репарации

Објавено пред

Рускиот замрзнат имот во Европската Унија нема да се врати без Москва да плати воени репарации, јасно порача шефицата на европската дипломатија, Каја Калас. Таа изјави дека е незамисливо по завршување на војната, било преку примирје или мировен договор, Русија повторно да добие пристап до своите пари без да преземе финансиска одговорност.

„Воопшто не можеме да замислиме, ако дојде до примирје или мировен договор, тој имот да ѝ биде вратен на Русија, а таа да не плати репарации“, изјави Калас пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Копенхаген.

Според податоците, во ЕУ се замрзнати околу 210 милијарди евра руски имот како дел од санкциите воведени по инвазијата врз Украина.

Украина, заедно со Полска и балтичките земји, инсистира овој имот целосно да се конфискува и да се искористи за директна поддршка на Киев. Но, Франција, Германија и Белгија, каде што е концентриран најголемиот дел од средствата, се воздржуваат од такво решение.

Овие држави предупредуваат дека правната основа за конфискација е слаба, а Унијата веќе донела одлука идната добивка од овој имот да се искористи за отплата на финансиската помош дадена на Украина.

Според дипломатски извори, дебатата сè повеќе се насочува кон тоа како замрзнатите средства би можеле да се искористат по завршување на војната, оставајќи отворено прашање за тоа дали Русија некогаш повторно ќе има контрола врз нив.

Најново

Спорт2 минути

Англија ја победи Хрватска, Шпанија лесно се справи со Чешка

Англија и Шпанија забележаа победи во Групата 3, во А дивизијата во Лигата на нации. Овие две селекции веќе изборија...

Спорт18 минути

(Видео) Италија ја победи Франција, ја презеде лидерската позиција во групата

Италија ја победи Франција во Милано со 3:1 во натпреварот од 5-то коло од А дивизијата на Лигата на нации....

Свет1 час

Кејт Мидлтон откри што ѝ помогнало во борбата против ракот: „Имаше добри и лоши денови“

Британската принцеза од Велс, Кејт Мидлтон, изјави дека природата ѝ помогнала за време на закрепнувањето од болеста, нагласувајќи дека процесот...

Свет2 часа

Маж од Индија лажно пријавил киднапирање на авион бидејќи не сакал да се одвои од сопругата

Маж од Индија е уапсен поради лажно пријавување на киднапирање на авион на „Ер Индија“, откако во тоалетот на авионот...

Свет2 часа

Шефицата на дипломатијата: Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност

Шефицата на австриската дипломатија, Беате Мајнл-Рајцингер, денес изјави дека Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност, откако...

Свет2 часа

Песков: Европејците се борат како „пајаци во тегла“ штом некој ќе ја контактира Москва

Постапките на Европејците мора да престанат да бидат контрадикторни за Русија да верува во нивната желба за постигнување мир, изјави...

Свет3 часа

Путин се согласи да ја вклучи Европа во разговорите

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил со учеството на европски претставници во следната рунда...

Спорт3 часа

(Видео) Де Брујне и Де Кетеларе го поништија голчиштето на Гулер

Репрезентативците на Белгија ја победија Турција во Измир, по пресврт, со 2:1 во натпреварот од петтото коло од А дивизијата...

Свет3 часа

Италија: Црвено предупредување за невреме во Тоскана, погодени се и други региони

Властите денес издадоа црвено предупредување за времето за Тоскана, додека бурата што моментално ја погодува Италија донесе обилни врнежи од...