Контакт

Свет

Калифорнија поништува 85.000 судски пресуди за марихуана

Објавено пред

Повеќе од 85.000 пресуди за помали престапи поврзани со употреба на марихуана автоматски ќе бидат избришани од судските записи благодарение на нова компјутерска програма која почна да се користи во Калифорнија, каде продажбата и употребата на марихуана за рекреативни цели е легализирана во 2018 година.

„Оваа мерка ќе донесе олеснување за корисниците кои претрпеа големи неправди од нашите закони во оваа област“, рече Џеки Лејси, јавна обвинителка во округот Лос Анџелес, каде ќе се избришат 66.000 пресуди.

Од 53.000 лица опфатени со мерката во округот Лос Анџелес, 32 проценти се црнци, 45 проценти се „латиноси“, а 20 проценти се белци, соопшти канцеларијата на јавниот правобранител, а пренесува „Индекс.хр“.

Овие пресуди, од кои некои биле изречени уште во 1961 година, честопати се пречки за луѓето да најдат работа или домување.

„Оваа технологија може за неколку секунди да утврди кои случаи се соодветни за примена на мерката и на тој начин да му помогне на персоналот да не мора да го проучува секој запис во архивата“, се пофалија калифорниските служби.

Регион

(Видео) Пријава за Јосипа Лисац поради лоша изведба на хрватската химна

Објавено пред

Адвокатот Бошко Жупановиќ поднесе пријава против хрватската пејачка Јосипа Лисац за нејзината изведба на хрватската химна на инаугурацијата на новоизбраниот, петти по ред претседател Зоран Милановиќ. Јосипа Лисац пред два дена, на инаугурацијата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, ја отпеа хрватската национална химна „Лијепа наша домовино“.

Во пријавата се вели дека тврди дека Лисац ја извела химната на Република Хрватска на „потсмешлив и омаловажувачки“ начин и со тоа го нарушила угледот на државата користејќи „потсмешливи артикулации и тоналитети“.

„Јас не сакам медиумско внимание. Го направив тоа како адвокат и граѓанин. Мислам дека тоа е обично исмејување и дека не прилега за никаков настан, а камоли за инаугурација на избраниот хрватски претседател“, рече Жупановиќ за Индекс, додавајќи дека ова го смета за своја граѓанска должност.

„Сега ќе ви бидам најискрена. Ова е многу свечен момент. Честитки до претседателот Зоран Милановиќ. Мене ми беше страв. Морав да станам рано и тоа за мене е нешто страшно. Јас, која станувам околу 11 часот, можете да си замислите како ми беше. И гласот мора да биде во топ форма“, изјави Јосипа Лисац за хрватските медиуми и додаде: „На некои луѓе нема да им се допадне тоа, но тоа е слободата. Треба да се сака својата земја, да бидеме слободни во неа, треба да се твори во неа. Да се сакаме себеси и сите околу нас“.

Прикажи повеќе...

Европа

Детали за масакрот во Германија – напаѓачот бил екстремен десничар

Објавено пред

Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот, кој во градот Ханау во Германија синоќа со огнено оружје уби девет луѓе, е радикален десничар идентификуван како Тобијас Р.

По масакрот, полицијата го пронашла напаѓачот мртов во својот дом, каде што било пронајдено уште едно тело. Покрај неговото тело било пронајдено писмо, кое, како што објави „Билд“, било конфузно, но во него можеле да се забележат очигледни екстремно десничарски политички ставови.

Нападот се случи синоќа во два наргиле-бара во градот во близина на Франкфурт. Напаѓачот е германски државјанин.

Според првичните информации, некои од жртвите се Курди. Во текот на денот би требало да бидат познати повеќе информации, како и мотивот за нападот. Исто така, не е позната возраста на напаѓачот, ниту чие е телото што било пронајдено до него.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп му понудил помилување на Асанж под еден услов

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му понудил помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ако каже дека Русија немала врска со објавувањето на електронската пошта на Демократската партија во 2016 година.

Условот за помилување е Асанж да објави дека Русите не учествувале во обелоденувањето на електронската пошта на Хилари Клинтон, што ѝ наштети на нејзината кампања за претседателските избори во 2016 година кога победи Трамп.

Ова во својот исказ го кажал поранешниот републикански конгресмен Дан Рохрабачер пред судот во Лондон. Тој во 2017 година го посети Асанж, потсетува „Ројтерс“.

Асанж во САД се соочува со казна од 175 години затвор поради обвиненија за обид за хакирање, обелоденување доверливи информации и за шпионажа. Обвинението беше објавено на 11 април лани кога Асанж беше уапсен претходно истиот ден во еквадорската Амбасада во Лондон, во која се засолни во 2012 година за да не биде екстрадиран во Шведска под обвинение за сексуален напад.

Асанж (47) е во затвор во Лондон кога Еквадор му го укина азилот и на тој начин спречи понатамошен престој во зградата на Амбасадата на Еквадор во Велика Британија. Во Лондон против него се води судска постапка, на која се одлучува дали да биде екстрадиран во САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Димишков: Сакаа да ме искористат како адвокат, за мојата сестра судијка да биде изземена од предметот

Судењето за „Рекет“ продолжува со сослушување на сведоците на Бојан Јовановски – Боки 13. Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката...

Македонија32 минути

ОЈО проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата на Наќе Чулев

Основното јавно обвинителство ќе проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата донесени од техничкиот министер за внатрешни работи Наќе...

Македонија45 минути

Заев и Ципрас добитници на Меѓународна награда за мир за Преспанскиот договор

Поранешните премиери на Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се овогодишни добитници на Меѓународната награда за...

Регион1 час

(Видео) Пријава за Јосипа Лисац поради лоша изведба на хрватската химна

Адвокатот Бошко Жупановиќ поднесе пријава против хрватската пејачка Јосипа Лисац за нејзината изведба на хрватската химна на инаугурацијата на новоизбраниот,...

Европа2 часа

Детали за масакрот во Германија – напаѓачот бил екстремен десничар

Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот, кој во градот Ханау во Германија синоќа со огнено оружје уби девет луѓе, е...

Свет2 часа

Трамп му понудил помилување на Асанж под еден услов

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му понудил помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ако каже дека Русија немала врска со...

Економија3 часа

Пад на побарувачката за нови автомобили во Европа

Измената на даночниот систем во некои земји, нешто послабата глобална економија и неизвесноста поврзана со брегзитот доведе до пад на...

Свет3 часа

Трамп го назначи амбасадорот Гренел за шеф на американското разузнавање

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го назначи Ричард Гренел, американски амбасадор во Германија и специјален пратеник за Србија и Косово, за...

Спорт13 часа

Аталанта го живее сонот со „уништувањето“ на Валенсија, Ред бул кошмар за Мурињо и Тотенхем (видео)

Аталанта пишува историја за своите фанови. Клубот од Бергамо во својот прв настап во Лигата на шампиони успеа да стигне...

Свет15 часа

(Видео) Пациентка свири виолина за време на операција на мозокот

Хирурзите во болницата „Кингс колеџ“ во Лондон отстраниле тумор од мозокот на една жена која во текот на операцијата свирела...

Регион15 часа

Црногорски државјанин евакуиран од Хубеи

Црногорски државјанин денеска беше евакуиран од провинцијата Хубеи во Кина, каде што се појави коронавирусот, со специјален лет на Владата...

Регион16 часа

Државниот обвинител на Хрватска даде оставка поради членство во масонска ложа

Главниот државен обвинител на Хрватска, Дражен Јелениќ, поднесе оставка поради членство во масонска ложа. „Се појавија инсинуации во врска со...

Топ17 часа

Полициска акција за заплена на кокаин во Сарај

Полицијата врши претреси на повеќе локации во Крушопек, село во општина Сарај, по добиени сознанија за трговија со кокаин. „Министерството...

Македонија18 часа

Владата: Решенијата на Чулев се поништени законски

Владата ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите...

Македонија19 часа

(Видео) Обвинет во „Монструм“: Тодоровски ми даде да потпишам изјава, но не ме малтретирал

Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири на денешното рочиште рече дека никогаш не кажал дека бил под тортура од ексдиректорот на...

Топ20 часа

Вработен во ПИОМ подигал пари од пензија на почината жена

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од с.Вејце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија20 часа

(Видео) Чулев го обвини Спасовски за фалсификат, поништил 124 решенија во МВР, без одлука на Владата

Премиерот Оливер Спасовски со фалсификат во „Службен весник“ поништил 124 решенија за распоредување во МВР оти за нив немало одлука...

Македонија21 час

„Телеком“ презел безбедносни мерки за повиците од непознати дестинации

„Македонски телеком“ ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници,...

Македонија22 часа

(Видео) Има уште 3.400 пасоши, МВР формира комсија која ќе одобрува издавање само на итни случаи

Граѓаните што имаат интна потреба од пасош треба да поднесат барање за ургенција заедно со барањето за пасош. Комисија од...

Македонија22 часа

Јанкулоска и Јанакиески разговараат за „Монструм“: Аматерски е што „опелот“ не е запален или фрлен во ендек

Дел од разговор меѓу Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, кој е доказ во „Монстру“, а набавен од нелегално снимените разговори,...

Досие