Свет
Канада: Позитивните ефекти на вакцината на „Астразенека“ се поголеми од можните ризици

Откако неколку земји привремено ја прекинаа вакцинацијата со „Астразенека“ поради извештаите дека може да предизвика згрутчување на крвта и тромбоза кај некои приматели, Канада денес објави дека вакцината е безбедна.
„Властите се информирани за разни инциденти по вакцинирањето со ‘Астразенека’ во Европа, но ние сакаме да ги увериме нашите сограѓани дека позитивните ефекти се поголеми од можните ризици. Во овој момент, нема индикации дека оваа вакцина предизвикува негативни ефекти”, се вели во соопштението на канадското Министерство за здравство, пренесува „Ројтерс“.
Минатата недела во Канада пристигнаа половина милион дози вакцина на „Астразенека“ од Индија, а до мај се очекува да пристигнат уште 1,5 милион дози.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Средба на дипломати меѓу Турција и Грција-минатата година двете земји беа на работ на конфликт

Турски и грчки министри за надворешни работи се состанаа денес во Анкара во време на спор околу резервите на природен гас во источниот Медитеран.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и грчкиот колега Никос Дендиас ќе разговараат за билатералните односи и регионалните прашања, соопшти кабинетот на Чавушоглу.
Двете официјални лица требаше да се состанат еден ден претходно, но состанокот беше одложен за еден ден поради самитот на НАТО во Брисел.
Двете членки на Алијансата, Турција и Грција, се во расправија околу морските граници и резервите на природен гас во источниот дел на Средоземното море, и двете тврдат дека имаат право да го истражуваат и дупчат морското дно во потрага по енергија во истиот дел на морето, анализираат медиумите од регионот.
Жестоки расправии минатата година ги доведоа двете земји на работ на воен конфликт, пишуваат агенциите.
По петгодишна пауза, Турција и Грција продолжија да разговараат за ова прашање во јануари.
Анкара ги запре истражувањата во спорната област откако ЕУ се закани со санкции, но за возврат, Брисел одлучи во март да ги започне преговорите со Турција за царинска унија и миграцискиот пакт.
За да се одржи позитивна атмосфера, минатата недела претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот на ЕУ, Чарлс Мишел разговараа со претседателот Реџеп Таип Ердоган во Анкара.
Регион
Објавен „нон-пејперот“ што го потресе регионот: Предлози за нови граници на Балканот

Словенечкиот портал „Нецензурирано“ го објави „нон-пејперот“, односно неофицијалниот дипломатски документ за новите поделби на територијата на поранешна Југославија.
Документот, кој крена прашина во регионот во последните денови, зборува за идеи за распарчување на Босна и Херцеговина, припојување на Република Српска кон Србија и обединување на Косово со Албанија, а се шпекулира дека словенечкиот претседател Јанез Јанша го испратил „нон-пејперот“ до Брисел.
Никој официјално не потврди дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, добил документ со таква содржина од Словенија. Но, неофицијален дипломатски документ што предвидува распад на Босна и Херцеговина, припојување на Република Српска кон Србија и обединување на Косово со Албанија, всушност постои, пишува „Нецензурирано“.
Според информациите на словенечкиот портал, документот под наслов „Западен Балкан – патот напред“ бил примен од кабинетот на Шарл Мишел во февруари.
Кој го напишал не може официјално да се знае. Според словенечките новинари, тоа сигурно не било напишано во словенечкото Министерство за надворешни работи.
Според некои информации, дел од неговата содржина може да биде напишана во Будимпешта. Меѓутоа, во дипломатските кругови во Брисел, тој се нарекува „словенечки“ документ, бидејќи кабинетот на Јанша наводно учествувал во испраќањето на разни адреси.
Европа
Чавушоглу: Турција не зазема страна во конфликтот меѓу Русија и Украина

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Анкара не се определува за ниту една страна во конфликтот меѓу Украина и Русија.
За време на викендот, по состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на крај на „загрижувачките“ настани во источна Украина, во областа Донбас.
После тоа, министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, рече дека Турција и другите земји не треба да поттикнуваат „воинствени чувства“ во Украина, јави Ројтерс.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш