Свет
Канадските епидемиолози бараат да се зголеми растојанието меѓу две дози вакцина на „Фајзер“

Данута Сковронски, канадски епидемиолог во Центарот за контрола на болеститње во Британска Колумбија, и Гастон де Серес, епидемиолог во Националниот институт во Квебек, ги повикаа светските влади да го зголемат растојанието помеѓу две дози вакцина на „Фајзер“ бидејќи утврдиле дека по давањето на првата доза, ефикасноста е 92,6 процента. Тие ги предадоа своите откритија на американската Администрација за храна и лекови, објави „Ројтерс“.
Сковронски и Де Серес предупредија дека постои неизвесност за тоа колку долго трае заштитата по давањето една доза вакцина, но нагласија дека давањето на втората доза еден месец по првата, ќе ја зголеми користа од вакцинацијата на што повеќе луѓе, барем одреден временски период.
Со оглед на доцнењето во дистрибуцијата на вакцините, одложувањето на втората доза е прашање на закана за националната безбедност, што, ако се игнорира, сигурно ќе резултира со многубројни хоспитализации и илјадници смртни случаи оваа зима во САД, предупредуваат авторите.
Како одговор, „Фајзер“ рече дека алтернативното дозирање на вакцината сè уште не е проценето и дека одлуката за тоа е на здравствените работници во земјите што ја користат нивната вакцина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Башар ал Асад и неговата сопруга позитивни на коронавирус

Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговата сопруга Асма се позитивни на тестот за коронавирусот, беше објавено денес од кабинетот на претседателот.
بعد شعورهما بأعراض خفيفة تشبه أعراض الإصابة بفايروس كوفيد – 19 أجرى الرئيس #الأسد والسيدة #أسماء_الأسد فحص الـ PCR وأظهرت النتيجة إصابتهما بالفايروس علماً أنهما بصحة جيدة وحالتهما مستقرة وسيتابعان عملهما خلال قضائهما فترة الحجر الصحي المنزلي التي ستستمر لأسبوعين أو ثلاثة أسابيع. pic.twitter.com/zZ9O1hZA2z
— Syrian Presidency (@Presidency_Sy) March 8, 2021
Двајцата, наводно, биле тестирани бидејќи покажале благи симптоми на зараза.
Во соопштението се вели дека и двајцата се со добро здравје и дека ќе продолжат да работат од дома додека се во изолација, пренесува „Ројтерс“.
Регион
Прв случај на бразилскиот вид на коронавирус во Словенија

Во Словенија е потврден првиот случај на бразилскиот вид на коронавирус, изјави денеска шефицата на групата експерти, Матеја Логар.
Таа на прес-конференцијата рече дека првиот случај е потврден во тричлено семејство во Марибор, пренесува порталот 24УР.
Таа додаде дека засега нема податоци дали некој друг се заразил и дека се надева дека нема да има понатамошно ширење.
Логар рече дека пациентот е сместен во болницата во Марибор, додека другите двајца членови на семејството закрепнуваат дома.
Говорејќи за општата состојба во Словенија, таа рече дека ситуацијата не напредува и дека не е можно да се ублажат мерките оваа недела.
Во текот на вчерашниот ден во Словенија, вирусот Ковидd-19 е потврден кај 210 од 1.681 тестиран лице, како и дека шест лица починале како резултат на вирусот.
Европа
Германија ја зголемува употребата на вакцината на „Астразенека“

Германија планира да ја зголеми употребата на вакцината на „Астразенека“, бидејќи властите одобрија дека може да се дава на лица постари од 65 години.
Стотици илјади дози од таа вакцина „собираа прашина“ со недели поради разгледување на тоа кој може да ја добие и сомневањата меѓу оние кои имаа услови да ја примат.
Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, Германија добила 2,1 милион дози вакцина на „Астразенека“, а употребила само 721 000.
Берлин денес го отвора шестиот центар за вакцинација на поранешниот аеродром Темплехоф во центарот на градот, каде што ќе се дава само вакцината на „Астразенека“, која минатата недела беше одобрена од германските регулатори и за оние над 65 години.
По вакцинацијата, Германија заостанува зад Велика Британија и САД. Заклучно со неделата, 5,2 милиони дози на вакцина биле дадени во Германија, а и двете дози биле дадени на 2,5 милиони луѓе или само три проценти од 83 милиони жители, пренесува „Бета“.
Министерот за финансии Олаф Шолц за телевизијата ЗДФ рече дека очекува процесот да се забрза на крајот на март и дека ќе биде можно да се дадат 10 милиони вакцини неделно.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“