Свет
(Видео) Канје Вест на ручек со Трамп во Белата куќа

Пристигнувањето на Канје Вест во Белата куќа предизвика голем интерес во јавноста. Рап-ѕвездата денеска се состана со зетот на претседателот Трамп, Џаред Кушнер, а потоа пристигна на ручек со Доналд Трамп. Голем број медиуми во живо ја пренесуваа средбата.
Посетата е резултат на пријателските односи меѓу Трамп и Вест, кои претходно се состанаа во кулата на Трамп во Њујорк за време на претседателската транзиција во 2016 година, по што разменуваа твитови во текот на изминатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Предложен сум за Нобеловата награда за мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека јапонскиот премиер, Шинзо Абе, го предложил за кандидат за Нобелобата награда за мир поради неговата работа на покренување на дијалогот со Северна Кореја.
Говорејќи за претстојниот самит со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, во Виетнам, Трамп рече дека неговите први контакти со Ким биле полни со оган и бес, но двајцата лидери од првиот состанок минатата година воспоставиле добар однос.
Тој додаде дека јапонскиот премиер му дал копија од писмото што го напишал, а во кое го предлага како кандидат за Нобелобата награда.
Новинската агенција АП напоменува дека засега не може да ја потврди номинацијата, како и дека јапонската амбасада во Вашингтон се нема огласено по тој повод.
Европа
Макрон го повика италијанскиот претседател во официјална посета

Францускиот претседател, Емануел Макрон, го повика денеска неговиот италијански колега Серџо Матарела во официјална посета на Франција, соопшти Елисејската палата по тензијата помеѓу двете земји.
Повикот е испратен преку францускиот амбасадор кој денеска се врати во Италија, откако претходно на 7 февруари беше повлечен во Париз на консултации поради тоа што потпретседателите на италијанската влада, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини, упатија критики на сметка на политиката на Макрон.
Макрон и Матарела неодамна во телефонски разговор го потврдија значењето на билатералните односи и потсетија дека Франција и Италија заедно ја изградиле Европа.
Одлуката за привремено повлекување на амбасадорот следеше по состанокот на Ди Мајо со претставници на граѓанското движење „Жолти елеци“.
Регион
Во Тирана 2 000 полицајци ќе го обезбедуваат протестот на опозицијата

Албанската полиција за утрешните антивладини протести кои ги организира обединетата опозиција, ангажирала повеќе од 2 000 полицајци.
Од албанското МВР соопштија дека ќе ги преземат сите неопходни мерки за да спречат ескалација на протестите.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал