Контакт

Свет

Карантинот во Австралија продолжен за три недели

Објавено пред

Австралиската држава Викторија го продолжи карантинот за уште три недели иако строгите ограничувања не успеаја да го намалат бројот на нови дневни случаи на коронавирус, пишува Си-ен-ен.

Премиерот Даниел Ендрјус вели дека ограничувањата ќе бидат ублажени само кога 70 % од населението ќе ја прими првата доза вакцина. Тој вели дека тоа се очекува да се случи на 23 септември. Досега 56 % од луѓето на возраст над 16 години ја примиле првата доза.

Викторија во последните 24 часа регистрира 120 нови случаи во однос на 76 од претходниот ден, но значително помалку од 1.116 случаи регистрирани во соседен Нов Јужен Велс.

Во Сиднеј е воведен карантин на 26 јуни.

Претставниците на Нов Јужен Велс рекоа дека „патот до слободата е помасовна вакцинација“. Досега 37 % од луѓето во државата се вакцинирани со првата доза.

Свет

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Објавено пред

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и побара од земјите да го поправат својот целосно нефункционален однос.

„Односот помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави денес е целосно нефункционален. Имаме разни перспективи во разни области и нормално е дека има некои несогласувања. Тоа е прашање на човекови права, геостратешки прашања, како и прашањето за Јужното Кинеско Море“, рече Гутереш.

Додаде дека постојат области каде што постојат заеднички интереси и потребна е силна соработка, како што е случајот со климатските промени. И постојат области каде што треба да се водат сериозни преговори – трговија и технологија.

„Мораме да ја избегнеме студената војна по секоја цена, која би била поинаква од претходната и веројатно поопасна и потешка за управување“, рече генералниот секретар на ОН.

Прикажи повеќе...

Европа

Koронавирусот до пролет ќе биде како настинка во Велика Британија, велат некои експерти

Објавено пред

Генетичарот и имунолог Џон Бел од Универзитетот „Оксфорд“ рече дека до пролетта в година коронавирусот може да изгледа како настинка бидејќи нашиот имунитет станува посилен поради вакцините и изложеноста на вирусот.

Тој додаде дека најлошото е зад Велика Британија и работите треба да бидат во ред кога ќе помине зимата.

Слична изјава даде извршниот директор на компанијата „Модерена“, Стефан Бансел, кој во понеделникот рече дека пандемијата на коронавирусот може да заврши за една година, со оглед на тоа што зголеменото производство на вакцини обезбедува глобални резерви.

„Ако го видиме проширувањето на производствениот капацитет во индустријата во текот на последните шест месеци, до средината на следната година треба да има доволно дози за да може да се вакцинираат сите на овој свет. Засилувачите исто така би требало да бидат овозможени до потребниот степен“, им рече тој на новинарите.

„Оние што не се вакцинираат, ќе бидат имунизирани природно бидејќи варијантата на делта е доста заразна. На тој начин ќе дојдеме во ситуација слична на грипот. Можете или да се вакцинирате и добро да ја поминете зимата или, пак, да не го направите тоа и ризикувате да се разболите, а можеби дури и да завршите во болница“, додаде тој.

На прашањето дали тоа значи дека се враќаме во нормалното во втората половина на следната година, тој рече дека тоа може да се случи за една година.

Научникот Сара Гилберт, која работеше на развојот на вакцината на „Астра зенека“, исто така рече дека вирусите стануваат послаби. Џон Бел ја коментира нејзината изјава и рече дека „сега ни е многу подобро отколку пред шест месеци“.

„Притисокот врз британскиот здравствен систем е значително намален. Ако ги видите смртните случаи предизвикани од Ковид-19, обично се постарите лица и не е целосно јасно дали Ковид-19 е причината за тие смртни случаи“, рече Бел.

„Мислам дека сега го поминавме најлошото. Мислам дека одиме кон позицијата што ја опишува Сара и веројатно ќе стигнеме таму следната пролет. Мора да ја поминеме зимата, но мислам дека ќе биде добро тогаш“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Свет

„Новавакс“ поднесе барање до СЗО за итна употреба на нејзината вакцина

Објавено пред

Американската компанија „Новавакс“ и нејзиниот партнер – Институтот „Серум“ од Индија, ја пријавија својата вакцина против Ковид-19 за итно одобрување од Светската здравствена организација.

Листата на СЗО за вакцини за итна употреба е сигнал до националните регулаторни агенции кога станува збор за безбедноста и ефикасноста на производите.

Исто така, тоа е предуслов за извоз на вакцината во неколку земји што учествуваат во глобалната програма за дистрибуција на вакцини преку механизмот „Ковакс“.

„Новавакс“ и Институтот „Серум“, најголемиот светски производител на вакцини, се обврзаа дека ќе ѝ испорачаат 1,1 милијарда дози вакцини на програмата „Ковакс“, со цел еднаков пристап до вакцини меѓу богатите и сиромашните земји.

Протеинската вакцина на „Новавакс“ покажа ефикасност од 90,4 проценти во клиничките испитувања извршени врз речиси 30.000 испитаници во САД и Мексико.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Топ4 часа

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Македонија6 часа

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија8 часа

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет8 часа

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа9 часа

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт11 час

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет12 часа

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Македонија12 часа

Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на ОН

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите...

Свет22 часа

Рендгенски снимки покажуваат како вакцината ги штити белите дробови од Ковид-19

Во целиот свет, бранот на делта варијантата доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Истата ситуација беше забележана...

Македонија1 ден

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија1 ден

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија1 ден

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија1 ден

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија1 ден

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија1 ден

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Регион1 ден

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Македонија1 ден

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е на 40 место во светот, според истражувањето на Институтот за економија...

Регион1 ден

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми. Главните...

Македонија1 ден

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Досие