Контакт

Свет

Киев нуди австриска или шведска верзија на неутралност за Украина

Објавено пред

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински, рече дека Киев нуди австриска или шведска верзија на неутралност за Украина.

dobivaj vesti na viber

Тоа е модел на демилитаризирана држава со своја армија. Тој истакна дека се разгледуваат голем број прашања поврзани со големината на украинската армија.

„Украина нуди австриска или шведска верзија на неутрална демилитаризирана држава, но во исто време и држава со своја војска и морнарица. Сите овие прашања се дискутираат на ниво на раководствата на министерствата за одбрана на Русија и Украина“, изјави Медински.

Тој додаде дека темата за денацификација на Украина останува на преговарачка маса.

„Темата за денацификација и построго казнување за величање на нацизмот, неонацизмот и на екстремизмот сè уште е важна точка на преговарачката агенда“, рече тој, „како услов на Москва“.

„Потребна ни е мирна, слободна, независна Украина, неутрална, а не членка на НАТО, земја што е наш пријател, наш сосед“, рече тој.

„Буквално за секое прашање, за секое писмо во договорите, се разговара со големо внимание бидејќи сакаме ова да биде договор со генерации дека и нашите деца живеат во свет чии темели се поставени со овој договорен процес“, порача шефот на руската делегација за целите на руската специјална операција во Украина и преговорите со Киев.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Лавров: Испораката на оружје способно да погоди руска територија е чекор кон неприфатлива ескалација

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека „испораката на оружје за Украина способно да ја погоди руската територија ќе биде сериозен чекор кон неприфатлива ескалација“, објави руската државна новинска агенција „ТАСС“.

dobivaj vesti na viber

Руската државна новинска агенција „РИА Новости“ го цитираше Лавров дека се надева дека разумните луѓе на Запад ќе разберат, додавајќи: „Таму останаа уште неколку“.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Земјотрес од 7,2 степени во Перу

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу, соопшти Геофизичкиот институт на САД (USGS).

dobivaj vesti na viber

Потресот е со епицентар во близина на градот Азангарo, во близина на езерото Титикака, на длабочина од околу 200 километри, прецизира Институтот.

Американскиот систем за предупредување од цунами објави дека нема опасност од огромен бран.

Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

Прикажи повеќе...

Свет

Крај на „бензискиот туризам“ во Унгарија, само Унгарците ќе купуваат бензин по намалена цена

Објавено пред

Од петок само Унгарците ќе можат да купуваат гориво по намалена цена, а автомобилите со странски регистарски таблички по пазарна цена, изјави шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

dobivaj vesti na viber

Со оглед на тоа што цената на горивото во Унгарија е најниска во Европа, „бензинскиот туризам“ процвета по должина на границата, па ни се заканува недостиг, изјави Гергели Гуљас.

„Странските купувачи го користат фактот што Унгарија може да ја одржи цената на горивото на 480 форинти (околу 1,23 евра), а во Европа е 700-900 форинти (од 1,79 до 2.30 евра)“, рече тој на прес-конференција.

За да се спречат овие злоупотреби, само автомобилите со унгарски регистрации ќе можат да купуваат гориво по 480 форинти за литар.

Другите ќе ја платат пазарната цена, додаде Гуљас.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Лавров: Испораката на оружје способно да погоди руска територија е чекор кон неприфатлива ескалација

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека „испораката на оружје за Украина способно да ја погоди руската територија...

Економија2 часа

Ковачевски: Во ребалансот на буџетот направиме намалување на непродуктивните трошоци, нè oчекува тешка зима

„Ребалансот на буџетот е насочен главно кон справување со економската криза, ревидирање на фискалните проекции, реконструирање на буџетските расходи, зачувување...

Спорт2 часа

РК Вардар го прегази Тиквеш и го потврди 15. шампионски пехар (ФОТО)

Македонскиот ракометен првак Вардар ја освои двојната круна оваа сезона, откако денеска со триумфот против Тиквеш (37:25) го потврди и...

Економија5 часа

Путин: Санкциите против Русија му се вратија на Западот како бумеранг

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека антируските санкции се вратиле како бумеранг за оние што ги применувале бидејќи, како...

Македонија5 часа

Кривични пријави за двајца управители во ЕВН и за петмина други за продажбата на парцели во Делчево

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против седум лица за продажбата на парцели на ЕВН во Делчево за изградба...

Македонија7 часа

Собранието: Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата на барање на претседателот

Проѕирна е намерата на опозицијата, која сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување битни закони...

Топ8 часа

Дете загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес

Едно дете загина, а две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес. Според информациите од...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесат интерпелација за Талат Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат интерпелација на претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави координаторот...

Европа12 часа

Кадиров ѝ се заканува на Полска: Ако добиеме наредба, за шест секунди ќе ви покажеме на што сме способни

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ѝ се закани на Полска. Тој на својот канал на „Телеграм“ објави видео во кое вели...

Европа12 часа

И по неколкучасовните разговори на делегациите, Турција продолжува да се противи на членството на Шведска и Финска во НАТО

Шведски и фински дипломати вчера имаа повеќечасовни разговори со турските колеги, меѓутоа, како што јавуваат агенциите, не е постигнат договор...

Европа12 часа

Путин првпат ги посети ранетите руски војници

Рускиот претседател Владимир Путин вчера првпат ги посети војниците во болница во Москва, три месеци по почетокот на офанзивата на...

Македонија22 часа

Џафери ги заклучи вратите на салата во Собранието и ги исклучи микрофоните

Собранискиот спикер Талат Џафери побара да се заклучат собраниските врати од салата за да службите пребројуваат пратеници, а пратениците на...

Македонија23 часа

Ковачевски – Дендијас: Фокусирани сме на зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Грција

Претседателот на Владата денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Дендијас, кој е во еднодневна посета...

Свет1 ден

Вартоломеј: Руската православна црква нѐ разочара, патријархот Кирил треба да му се спротивстави на Путин

Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква поддржувајќи го нападот врз Украина....

Македонија1 ден

Повисоки плати ќе добијат судиите и обвинителите

Владата денеска ги прифати и измените и дополнувањата на Законот за плати на јавните обвинители. Со предложените одредби, како што...

Свет1 ден

Нови детали за хоророт во Тексас: сите деца биле убиени во една училница

Објавени се нови детали за страшното масовно убиство што се случи вчера во Основното училиште во Тексас. Во нападот на...

Македонија1 ден

(Интервју) Вангелов: Решение е можно ако Бугарите немаат разорно токсични изјави

Членот на мешовитата Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, Огнен Вангелов, во интервју за „Макфакс“ вели...

Македонија1 ден

Се преговара за набавка на посебни ПЦР-тестови за дијагностицирање мајмунски сипаници

Здравствениот систем се подготвува за евентуална појава на мајмунски сипаници и кај нас, извести денес Комисијата за заразни болести. Доктор...

Македонија1 ден

Османи: Императив е во јуни да се почне со долго задоцнетиот пристапен процес

Императив е да се почне со веќе долго задоцнетиот пристапен процес на Македонија и Албанија сега во јуни, порача денеска...

Македонија1 ден

Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, изјави заменик-претседателот на...