Контакт

Свет

Ким ги смени менаџерите бидејќи барале донации од граѓаните

Објавено пред

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, ги отпушти менаџерите што работеле на изградба на општа болница во Пјонгјанг.

Тие, наводно, барале донации од граѓаните, објавија севернокорејските медиуми.

Ким нареди дека Општата болница мора да биде завршена до октомври, кога се одбележува 75-годишнината од основањето на владејачката Работничка партија, и истакна дека подобрувањето на јавното здравство е на врвот на списокот, пренесува „Ројтерс“.

Сепак, при последната посета на градилиштето тој отпушти група менаџери и ја свика Комисијата за градежништво затоа што не беше обезбеден соодветен буџет, но и затоа што тие барале од граѓаните да помогнат во обезбедувањето опрема и материјали.

„Тој остро им забележа што ги оптоваруваат граѓаните охрабрувајќи ги да дадат секаков вид помош“, објави КЦНА наведувајќи дека инцидентот е сериозно отстапување од партиската политика.

Агенцијата објавила и фотографии на кои се гледа како Ким разговарала со официјални лица со лут израз на лицето.

Во исто време Ким ѝ нареди на партијата да ја испита улогата на Комисијата за координација во настанот и да ги замени сите одговорни менаџери.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Отворање на Алкатраз по неколкумесечен карантин

Објавено пред

Островот Алкатраз, познат по славниот затвор, се отвора во понеделник, откако беше затворен повеќе од пет месеци поради епидемијата на коронавирусот, објави управата на американските национални паркови.

Фериботите до островот ќе превезуваат помалку патници за да се овозможи физичко растојание, некои внатрешни делови од комплексот ќе останат затворени, а водичите ќе бидат воведени подоцна, се вели во соопштението.

Од понеделник ќе може повторно да се видат ќелиите однадвор, познатата зграда 64, канцеларијата на затворскиот директор, водената кула, офицерскиот клуб и работилницата.

Од отворените места, посетителите ќе можат да го обиколат островот Игл Плаза, дворот за рекреација и градината со рози, како и источниот, западниот и северниот пат.

Движењето ќе се одвива во една насока и ќе биде контролирано од ренџерите.

Алкатраз, дел од рекреативната област Голден Гејт, опфаќа површина од приближно девет хектари.

Некогашната тврдина од Граѓанската војна и воен затвор, од 1934 до 1963 година служеше како федерален затвор. За јавноста е отворен во 1973 година и стана толку популарен што билетите се распродадоа за неколку недели однапред.

Прикажи повеќе...

Европа

Британските туристи брзаат да ја напуштат Франција поради воведувањето карантин

Објавено пред

Британците брзаат кон својата татковина од одморот во Франција, откако владата во Лондон објави дека наскоро ќе воведе 14-дневен карантин за патниците од таа земја.

Британската влада објави дека ќе воведе задолжителен карантин за повратниците од Франција во сабота од 3 часот по полноќ, давајќи им нешто повеќе од 24 часа на околу 160.000 британски туристи да се вратат дома.

Ненадејното воведено правило им зададе нов удар на туристите, авиокомпаниите и тур-операторите, уште повеќе што Париз најави дека ќе воведе реципрочна мерка.

Голем број Британци се упатија кон француското пристаниште Кале, надевајќи се дека навреме ќе фатат ферибот или воз за дома.

„Ги сменивме плановите кога ја слушнавме веста минатата вечер. Решивме да се вратиме дома еден ден порано за да избегнеме карантин“, рече една Британка во Кале.

Новите правила се однесуваат за Франција, која е втора најпопуларна дестинација за Британците, но и за Холандија и Малта, објави министерот за транспорт Грант Шапс.

Прикажи повеќе...

Регион

Судар на грчки и турски воен брод во Медитеранот

Објавено пред

Грчки и турски воен брод се судрија во источниот Медитеран, соопшти грчкото Министерство за одбрана, опишувајќи го настанот како „несреќен случај“.

Турскиот истражувачки брод се движел во водите помеѓу Кипар и грчкиот остров Крит, а бил набудуван од грчките воени бродови.

Во еден момент, дошло до судир помеѓу грчки и турски воен брод.

„Тоа беше несреќа“, изјави извор од Грција за Ројтерс.

Турција не го коментираше инцидентот во Медитеранот.

Тензиите помеѓу Атина и Анкара растат откако Турција испрати бродови за мапирање на делот од медитеранското дно, каде се верува дека се наоѓаат наоѓалишта на нафта и бензин.

И двете држави го бараат правото на тој дел од Медитеранот, поради што е закажан за денеска состанок на шефовите на дипломатијата на земјите членки на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Регистрирани 160 нови случаи на коронавирус, оздравени се 368 пациенти, а починаа 3 лица

Во последните 24 часа се направени 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија44 минути

Според ДУИ албанската опозиција ги поткопува позициите оти не се појавиле на средбата со Ахмети

ДУИ ја обвини опозицијата дека го напуштила Сојузот на албанските парламентарни партии кој бил основан по парламентарните избори од 11...

Македонија3 часа

Aлијансата и Алтернативата: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата „Алијанса за Албанците – Алтернатива“ на прес-конференција рече дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев за евентуалното коалирање....

Македонија4 часа

Србија воведе задолжителен ПЦР-тест за македонските граѓани

Странците што доаѓаат во Србија од одредени земји ќе мора да имаат негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа, одлучи...

Топ4 часа

Воз удри во „ситроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „ситроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ6 часа

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија6 часа

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија7 часа

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ7 часа

Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени...

Свет8 часа

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет8 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет10 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет19 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет19 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа20 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија22 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија22 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ24 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија1 ден

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Досие