Свет
Ким и Путин си разменија писма со поддршка, ја зајакнуваат соработката непосредно пред самитот на Америка, Јужна Кореја и Јапонија
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и рускиот претседател Владимир Путин разменија писма со поддршка пред трилатералниот самит на САД, Јужна Кореја и Јапонија, кој започнува вo петок во американскиот Кемп Дејвид.
Севернокорејската државна новинска агенција KCNA објави дека двајцата лидери си ветиле еден на друг дека ќе ги развиваат врските на нивните земји, што Ким го нарече „долгорочен стратешки однос“.
North Korea leader Kim Jong Un and Russian President Vladimir Putin exchanged letters pledging to develop their ties into what Kim called a ‘long-standing strategic relationship,’ Pyongyang’s state media KCNA said https://t.co/TYR1Q70FGf
— Reuters (@Reuters) August 15, 2023
Писмата се испратени по повод 78-годишнината од ослободувањето на Кореја од јапонската колонијална власт што траеше од 1910 до 1945 година, што се слави и како национален празник во Јужна Кореја.
Ким му рекол на Путин дека пријателството меѓу двете земји е создадено во Втората светска војна со победата над Јапонија и дека сега Северна Кореја и Русија „целосно ја демонстрираат својата непобедливост и моќ во борбата за рушење на произволната практика и хегемонија на империјалистите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

