Свет
Ким Џонг-ун: Го зголемуваме нуклеарниот арсенал за да се бориме против САД и нивните сојузници
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека неговата земја експоненцијално ќе го зголеми својот нуклеарен арсенал за да биде подготвена да се бори против САД и нивните сојузници, објави државниот медиум КЦНА.
Ким рече дека нацијата мора да ги подготви своите „нуклеарни капацитети и да биде подготвена да ги користи правилно во секое време за да ги обезбеди безбедносните права на државата“, објави КЦНА.
Тој зборуваше на настан по повод годишнината од основањето на земјата. Тој додаде дека „неопходна е силна воена сила за да се спротивстави на заканите што ги претставуваат САД и нивните следбеници“, пренесува АП.
Иако во минатото упати слични закани, експертите веруваат дека Ким, најверојатно, ќе изврши провокативни тестови на оружје пред претседателските избори во САД во ноември.
Покрај тоа, тој протестира против новите американско-јужнокорејски одбранбени насоки, кои имаа цел да го интегрираат американското нуклеарно оружје со јужнокорејските конвенционални за да ѝ се спротивстават на Северна Кореја.
„Северот се соочува со сериозна закана од несовесното проширување на регионалниот воен блок предводен од САД, кој сега еволуира во нуклеарен“, рече тој.
Јужна Кореја денеска треба да одржи состанок за одбрана, со членовите на Командата на Обединетите нации (ОН). Мултинационалните воени сили ги предводи командантот на американската војска стационирана во Јужна Кореја.
Северна Кореја значително ја зајакна својата програма за нуклеарно оружје од 2022 година со зголемен број ракетни тестови.
Неколку аналитичари веруваат дека додека Северот сè уште има технолошки пречки што треба да ги надмине за да добие балистички ракети со долг дострел, што може да стигнат до копното на САД, а тој веќе поседува такви што може да погодат клучни цели во Јужна Кореја и Јапонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Новиот шеф на НАТО ненадејно дојде во Киев, разговараше со Зеленски за планот за победа
Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, беше во ненајавена посета на главниот град на Украина, Киев.
Информациите за пристигнувањето на Руте во Киев ја објави портпаролката на НАТО, Фара Дахлалах, на социјалната мрежа „Икс“, каде што сподели линк од неговата прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Mark Rutte’s first visit as NATO Secretary General @SecGenNATO is to Ukraine, and this is truly significant. It immediately and clearly outlines the priorities, highlighting where the shared values of the entire Euro-Atlantic region are being defended right now. It also… pic.twitter.com/cknjtn7SsY
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 3, 2024
Дополнителни детали за посетата на Руте не беа веднаш објавени. Зеленски на „Икс“ напиша дека разговарале за неговиот план за победа.
Руте, поранешен холандски премиер, во вторникот ја презеде функцијата нов генерален секретар на НАТО на местото на Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој ја предводеше алијансата во изминатата деценија.
Свет
Борел: Нападот на Израел врз центарот на Бејрут е кршење на меѓународното право
Шефот за надворешни работи и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека израелскиот напад врз Бејрут, во кој загинаа медицински работници, е кршење на меѓународното хуманитарно право.
IDF targeted once again healthcare workers overnight, in central Beirut: 7 people including paramedics were killed.
Not only civilians are victims of attacks, including in densely populated areas, but they are deprived of emergency care.
I condemn this violation of IHL.— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) October 3, 2024
„Во текот на ноќта ИДФ повторно ги нападна здравствените работници во центарот на Бејрут: седум лица беа убиени, вклучително и болничари. Не само што цивилите се жртви на напади, вклучително и оние во густо населените области, туку тие се и лишени од итна помош. Го осудуваме ова прекршување на меѓународното хуманитарно право“, напиша тој.
Израелски напад синоќа погоди медицински центар на Исламската здравствена организација поврзана со Хезболах. Ова беше втор воздушен напад врз центарот на Бејрут оваа недела, при што повеќето претходни напади беа ограничени на јужните предградија.
Европа
(Видео) Се запали моторот на авионот на „Рајанер“ во Италија, патниците евакуирани
Патници се евакуирани од авионот на „Рајанер“, чиј мотор се запалил на летот Бриндизи – Торино во Италија.
Локалните медиуми јавија дека избувнал пожар на моторот на летот на „Рајанер“ со број 8826, кој требало да полета од градот Бриндизи на југот на Италија кон Торино на север. Од авионот се евакуирани 184 лица.
Ryanair Boeing 737-8AS aircraft (9H-QCB) engine caught fire at Brindisi Airport, Italy, nearly 200 passengers evacuated through emergency evacuation slides .
Flight FR8826 was preparing for take-off at Brindisi Airport in Italy when flames appeared from the Right engine.
The… pic.twitter.com/UBziP9pKf0
— FL360aero (@fl360aero) October 3, 2024
Италијанската противпожарна служба соопшти дека нема повредени. Исто така, беше наведено дека сите летови на аеродромот во Бриндизи се суспендирани.