Контакт

Свет

Ким Џонг-ун доби „одлично“ писмо од Трамп

Објавено пред

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, доби лично писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, објавија државните медиуми. Ким го пофалил писмото како “одлично” и рекол дека “сериозно ќе размисли за интересната содржина”, објави новинската агенција КЦНА.

Тој, исто така, ја пофалил и “извонредната храброст на Трамп”.

Претходно овој месец, Трамп изјави дека му било испратено убаво писмо од страна на лидерот на Северна Кореја.

Не е откриено кога или како писмото на Трамп било доставено до Ким, а Белата куќа без коментари за писмото.

Разговорите меѓу САД и Северна Кореја застанаа кај состанокот во Виетнам, помеѓу двајцата лидери. Писмото е првиот голем развој на настаните меѓу земјите од тогаш.

САД инсистираа Северна Кореја да се откаже од својата нуклеарна програма, додека Пјонгјанг побара олеснување на санкциите.

Претходно овој месец Трамп им изјави на новинарите дека Северна Кореја под раководство на Ким има “огромен потенцијал”. И во мај за време на посетата на Јапонија, Трамп го опиша Ким како “многу паметен човек” и рече дека очекува “многу добри работи” што ќе излезат од Северна Кореја.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Следниот Самит на Г-7 ќе се одржи на голф-летувалиштето на Трамп на Флорида

Објавено пред

Домаќин на Самитот на Г-7 во јуни следната година ќе биде едно од голф-летувалиштата на американскиот претседател Доналд Трамп на Флорида. Белата куќа соопшти дека претседателот „нема да профитира од настанот“.

Имотот на Трамп, „Национален Дорал Мајами“, се наоѓа на околу 13 километри од аеродромот во Мајами.

Имотот на Трамп е избран од десетина локации за Самитот на Г-7 во Калифорнија, Колорадо, Хаваи, Флорида, Северна Каролина, Мичиген, Тенеси и Јута.

Прикажи повеќе...

Свет

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Објавено пред

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна Сирија, со што ќе се стави крај на осумдневната турска офанзива против силите предводени од Курдите.

Сите воени операции ќе бидат стопирани на 120 часа или пет дена, а САД ќе овозможат повлекување на курдските сили од просторот што Турција го нарече безбедна зона.

„Турските воени операции ќе прекинат кога повлекувањето ќе биде целосно. Турција и САД се согласија за прекин на огнот во Сирија“, изјави Пенс на прес-конференција.

Договорот со Ердоган исто така обезбедува Турција да не води воени операции во сирискиот пограничен град Кобани.

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер му се заблагодари на турскиот колега, порачувајќи дека од Анкара стигнале прекрасни вести и дека ќе бидат спасени милиони животи.

„Моравме да покажеме малку „груба љубов“ за да дојде до договор. Ова е прекрасно за сите. Горд сум на сите“ напиша Трамп.

Прикажи повеќе...

Свет

Рекордна затворска казна од 374 години за детска порнографија

Објавено пред

Маж од Тајланд (31) е осуден на рекордни 374 години затвор и парична казна од 26.000 долари поради трговија со деца кои ги користел за правење порнографски материјали.

Тој е прогласен за виновен откако е утврдено дека намамил деца на возраст од седум до 12 години преку видеоигри да дојдат во неговата куќа каде што снимал порнографски материјали со нив, а потоа ги продавал видео снимките преку апликации, соопшти полицијата.

Како што е наведено, ова е втор случај некој да биде осуден на толку висока казна во Тајланд, каде што минатата година еден маж беше осуден на 309 години затвор.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 час

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион13 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија14 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет15 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион16 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија16 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија18 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија18 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ19 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија19 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ20 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија20 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа20 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија21 час

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа22 часа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион23 часа

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Свет23 часа

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа24 часа

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија1 ден

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија1 ден

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Досие