Контакт

Вести

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Објавено пред

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го посети Сеул.

Јужнокорејскиот претседател рекол дека Ким би можел да ја посети неговата земја веќе оваа година, освен ако не дојде до некои „одредени околности“.

Тој рекол дека Северна Кореја се согласила трајно да ги затвори објектите за ракетни тестирања „Сохае“ и „Тонгчанг-ри“ во присуство на експерти од заинтересираните страни.

Мун рекол дека Северна Кореја би можела да го затвори и нуклеарниот комплекс во Јонгбјон, доколку Вашингтон ги презеде соодветните мерки што, како што наведува „Франс прес“, е исто така многу неодреден услов.

Мун Џае-ин вчера во Пјонгјанг отпатува на третиот самит меѓу двете Кореи во надеж дека ќе заживеат преговорите меѓу Пјонгјанг и Вашингтон за денуклеаризацијата.

Мун, кој ќе престојува во Пјонгјанг до утре, играше главна улога на посредник и организатор на средбата на Ким со американскиот претседател, Доналд Трамп, што се одржа на 12 јуни во Сингапур.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Меркел: Tенка e границатa помеѓу војната и мирот

Објавено пред

Како никој да не разбира колку е тенка границата помеѓу воениот конфликт и мировното решение, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел, во Бундестагот.

Тоа го изјави по повод зголемените тензии во источен Медитеран меѓу Турција и Грција и Турција и Кипар.

Пред денешниот самит на ЕУ со Турција, Меркел се осврна на поплаките за кршење на човековите права во Турција, но не пропушти да ѝ оддаде признае на официјална Анкара за спектакуларните и забележителни заслуги за време на бегалската криза во земјата, која и самата има 4 милиони бегалци, повеќе од сите други земји во светот“, објави грчката агенција АНА.

„Во секоја пригода мора да ги редефинираме нашите односи со Турција и да инсистираме на соработка за сите важни, заеднички проблеми и отворени прашања“, истакна германската канцеларка, Ангела Меркел.

Прикажи повеќе...

Вести

Грета Тунберг се врати на протестите по пауза поради коронавирусот

Објавено пред

Младата активистка за животна средина Грета Тунберг се врати придружувајќи им се на другите млади демонстранти пред шведскиот парламент за да го одбележат Денот на глобалните протести против климата во социјално дистанцираниот свет.

„Главната надеж, како и секогаш, е да се обидеме да имаме влијание врз нивото на свесност и јавното мислење, така што луѓето ќе станат посвесни“, им рече на новинарите 17-годишната активистка.

Пандемијата на коронавирусот го спречи одржувањето  масовни собири во рамките на движењето „Петок за иднината“ што го инспирираше Тунберг и ја намали јавната видливост на движењето во последните месеци.

Тунберг ги започна самостојно протестите пред шведскиот парламент во Стокхолм на 20.8.2018 година. Студентите ширум светот наскоро почнаа да ја следат, организирајќи редовни големи протести, а таа беше поканета да разговара со политичките и деловните лидери на конференциите на ООН и на годишниот Светски економски форум во Давос.

Нејзините пораки без двоумење испратени до претседателите и премиерите, заедно со научни факти за потребата од итно намалување на емисиите на стакленички гасови, ѝ донесоа пофалби и награди, но и повремени критики, па дури и закани по живот.

Таа ги повикува пратениците да останат на историскиот договор за климата во Париз од 2015 година, според кој богатите и сиромашните земји треба да преземат мерки за сузбивање на зголемувањето на глобалните температури поради кои се топат глечерите, се зголемува нивото на морето и се менува начинот на врнежи.

Парискиот договор бара од владите да презентираат национални планови за намалување на емисиите со цел да се ограничи зголемувањето на глобалните температури на под два Целзиусови степени.

Денес протести за климата се планирани и на други места.

Прикажи повеќе...

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион7 часа

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет7 часа

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија9 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија9 часа

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија11 час

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија12 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија14 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија16 часа

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија16 часа

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа17 часа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија17 часа

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија17 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа18 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија19 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија19 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет19 часа

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет20 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Свет20 часа

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад. Од друга страна,...

Македонија1 ден

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет1 ден

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Досие