Свет
Кина беше погодена од големи поплави, властите најавуваат подобар систем за предупредувања
Земјоделскиот сектор на Кина мора да го подобри својот капацитет за спречување и ублажување катастрофи, рече вицепремиерот Лиу Гуожонг и најави поголема финансиска поддршка за обновување на производството по големите поплави.
Лиу повика на зголемено следење на условите за врнежи за да се обезбедат рани предупредувања и да се подобрат одбранбените капацитети од поплави и суши.
Осум реки во провинциите Лијаонинг, Џилин, Хеилонгџијанг и регионите на Внатрешна Монголија и Ксинџијанг неодамна доживеаја разорни поплави, кои беа над нивото на предупредување. Екстремните дождови поплавија огромни области, како што се басенот Сечуан, Жолтата Река, реката Хуаи и делови од севернокинеската рамнина.
Поради ова, минатиот месец Кина претрпе економски загуби од 76,9 милијарди јуани (околу 10 милијарди долари) од природни катастрофи, а 88 отсто од тие загуби се предизвикани од обилни дождови и поплави.
Природните катастрофи во текот на јули погодија речиси 26,4 милиони луѓе во Кина, а 328 од нив беа убиени или исчезнати. Повеќе од милион жители беа преселени, 12.000 куќи беа урнати, а 157.000 беа оштетени. Зафатени беа и речиси 2,42 милиона хектари земјоделски култури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“
Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан. Семејството, колегите, но и бројни пријатели и обожаватели се собраа на Градските гробишта во Чачак за да го кажат последното збогум и да се простат од него.
Хорот на гимназијата од Чачак по црковниот обред го испеа најголемиот хит на Бора „Погледај дом свој анџеле“, а овој момент расплака многумина и тоа беше најтажната сцена од гробиштата.
Рокерот Бора Ѓорѓевиќ (72) почина во средата на 4 септември во Љубљана по тешко боледување.Легендарниот рокер ќе почива во родниот Чачак, што му беше и последна желба.
Роден е на 1 ноември 1952 година.
Свет
Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж
Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж во пустината во Ново Мексико, со што заврши тримесечната пробна мисија отежната од технички проблеми.
Вселенското летало доцна синоќа самостојно го почна своето шестчасовно патување до Земјата, а астронаутите Буч Вилмор и Сани Вилијамс, првиот екипаж што леташе со Старлајнер, останаа на Меѓународната вселенска станица (МВС).
Беше одлучено Вилмор и Вилијамс да останат на МВЦ до февруари 2025 година, бидејќи Старлајнер се врати на Земјата користејќи маневри премногу опасни за екипажот.
Леталото повторно влезе во атмосферата на Земјата околу 5 часот утрово по средноевропско време, со орбитална брзина од приближно 27.400 километри на час.
Вилмор и Вилијамс ќе продолжат да спроведуваат научни експерименти додека се во вселената, а се очекува да се вратат на Земјата во февруари 2025 година со вселенско летало на компанијата СпејкИкс.
Свет
Регистриран прв случај на детска парализа во Пакистан по 16 години
Пакистан планира итна акција за вакцинација следната недела, откако беше пријавен првиот случај на детска парализа во главниот град во последните 16 години, во услови на пораст на болеста во другите делови на земјата, соопштија денеска властите.
Повеќе од 33 милиони деца на возраст под 5 години ќе бидат вакцинирани од врата до врата почнувајќи од понеделник, рече шефот за полио Ајеша Раза, затоа што вкупниот број на нови случаи годинава се искачи на 17.
Ширењето на вирусот во регионот кој претходно беше прогласен за област без детска парализа претставува нов предизвик за програмата за искоренување финансирана заеднички од ОН и Фондацијата Гејтс, пренесува ДПА.
Случаите со детска парализа во Пакистан го достигнаа врвот од 147 болни во 2019 година, но се намалија на само шест минатата година.