Свет
Кина го одобри првиот лек против кoрoнавирусот

Кина го одобри првиот лек за луѓето што имаат Ковид-19 две години откако болеста првпат беше откриена на нејзина почва, од каде што се прошири во пандемија.
За разлика од вакцината, која има превентивно дејство, лекот, кој доби зелено светло од кинеските служби, ги спречува заболените од Ковид-19 да развијат тешки компликации.
Таа азиска земја, која првпат го дијагностицира вирусот САРС-КоВ-2 во центарот на Вухан кон крајот на 2019 година, успеа речиси да ја искорени болеста со примена на многу радикални мерки, како што се строго затворање на границите, строги контроли на движењето и мерки за затворање.
Кинеските власти досега не одобрија ниту една вакцина, освен оние произведени од домашни научници, и велат дека повеќе од 70 отсто од населението е вакцинирано.
Сепак, земјата се соочи со нови локални жаришта во последните месеци, но тие бројки се ниски и неспоредливи со дневниот број на заразени во странство.
Националната агенција за лекови објави дека итно одобрила кинески лек против Ковид-19 базиран на моноклонални антитела.
Моноклоналните антитела се врзуваат за протеинот на коронавирусот и на тој начин ја намалуваат неговата способност да навлезе во човечките моноцити.
Според Универзитетот „Цингхуа“, клиничките испитувања покажаа дека третманот може да ги намали хоспитализирањата и заканата од смрт кај подложни пациенти за 80 проценти.
Локалните медиуми јавуваат дека лекот им бил даден на луѓе што неодамна се разболеле кога се појавиле нови соеви на коронавирусот.
Кина во четвртокот објави дека има 83 заразени во целата земја.
Во Кина се користат неколку вакцини развиени од тамошните научници, но нивната ефикасност е помала од вакцините развиени во странство.
Светската научна организација (СЗО) одобри две кинески вакцини, и тоа на производителите „Синовак“ и „Синофарм“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Унгарија мнозинството од гласачите се уште го поддржува Орбан

Во Унгарија, огромното мнозинство гласачи сè уште го поддржува премиерот Виктор Орбан. Ова се резултатите од новото истражување спроведено од Центарот за фундаментални права.
Според истражувањето, 58 отсто од гласачите се за Орбан во споредба со 18 отсто од оние кои го претпочитаат неговиот поранешен противник Питер Марчи-Заја.
Во извештајот на центарот се наведува дека Орбан има поголема поддршка во сите општествени групи отколку неговиот поранешен предизвикувач.
Свет
(Видео) Апокалиптични сцени од Бахмут: уништени згради и улици преполни со проектили

Андреј Јермак, шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на својот Твитер профил објави видео од Бахмут, на кое се гледа степенот на уништување во градот кој со месеци е под руски напад.
Видеото покажува уништени згради и улици преполни со проектили, а повеќе личи на постапокалиптичен филм отколку на град во кој живееле повеќе од 70.000 луѓе.
#ФортецяБахмут 🇺🇦 pic.twitter.com/WZdDZOb7xJ
— Andriy Yermak (@AndriyYermak) March 30, 2023
Русија од летото 2022 година се обидува да го освои украинскиот град Бахмут во регионот на Доњецк, а нападите особено се интензивираа оваа година. Руските трупи контролираат околу 65 отсто од градот, но украинската армија продолжува да дава жесток отпор.
Свет
Судот во Њујорк го очекува Доналд Трамп

Доналд Трамп во вторник треба да се појави пред судот во Њујорк. Ова е првпат во историјата поранешен претседател на САД да биде кривично гонет.
Големата порота која го обвини Трамп ги разгледа деталите за наводната исплата на актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс за време на претседателската кампања во 2016 година.
Во судот Трамп ќе биде фотографиран, ќе даде отпечаток од прст како и секој друг обвинет, иако ќе биде заштитен од Тајната служба поради неговиот статус на поранешен претседател.
Трамп претходно рече дека ова е политички прогон и мешање во изборите на највисоко ниво во историјата.