Контакт

Свет

Кина праќа сонда на темната страна на Месечината

Објавено пред

Кина подготвува револуционерна мисија на испраќање вселенска сонда на неистражената и најдалечната страна на Месечината, на тој начин покажувајќи ја се поголемата амбиција да се наметне како сила пред Русија, САД и ЕУ.

Доколку мисијата ,,Чанг 4″ биде успешна, Кина ќе стане првата земја која тоа успеала да го изведе. Подалечната страна на Месечината е позната и како темна страна бидејќи никогаш не гледа кон Земјата. Таа е засега непозната и од поинаков состав од другите делови на кои досега слетуваа мисиите.

Лансирањето на ракетата ,,Долг марш 3Б” е планирано за денеска. Ако се помине како што треба, кинескиот вселенски програм ќе избие на водечкото место во една од најважните области на лунарното истражување.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Во Германија годинава се родиле 30 илјади бебиња на мигранти

Објавено пред

Во Германија, годинава родени се 30.000 мигрантски бебиња, објави агенцијата „Ројтерс“.

Во извештајот, агенцијата наведува дека Германија предвидува намалување на бројот на барања за азил до крајот на годината и покрај илјадниците бебиња на мигранти кои се родени во земјата.

Германскиот весник „Билд“ денеска објави прелиминарен извештај во кој се наведува дека околу 166.000 барања за азил ќе бидат завршени до крајот на годината.

Се вели дека бројот на барања за азил е намален во споредба со 2017 година, кога изнесувал 198.317.

Оваа бројка е исто така под планираниот владин максимум во една година, што е помеѓу 180.000 и 220.000 барања.

Во Германија во текот на 2015 и 2016 година влегоа повеќе од еден милион баратели на азил, повеќето од нив бегалци од војните во Сирија, Ирак и Авганистан. Оттогаш, протокот на мигранти е значително намален, јавува агенцијата.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Идентификувани двајца од трите жртви во превртениот автобус – маж од Крушево и жена од Кочани

Објавено пред

Шеесет и осумгодишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш. и 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К. се двете идентификувани жртви од македонскиот автобус кој синоќа се преврте кај Лесковац.

Како што информираат од МНР на двете лица идентитетот им бил утврден од личните документи.

Министерството за надворешни работи преку амбасадата во Белград е во постојан контакт со надлежните служби во Србија. Од таму претходно информираа дека во сообраќајката е загината уште една жена, но нејзиниот идентитет засега не е утврден.

Потврдено е и дека чтворица патници со тешки телесни повреди се наоѓаат во животна опасност и се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш.

Од министерството соопштија дека во несреќата се повредени вкупно 32 патници од кои 28 се вон животна опасност и истите се згрижени во општата болница во Лесковац.

На повредените и патниците од автобусот, кои ќе имаат потреба од преноќување, српските власти ќе им обезбедат сместување.

МНР соопшти и дека превртениот автобус кај Лесковац е на превозник од Струга, со регистарски таблици – Euroturs SU 3325 AC.

Автобусот вчера во 19 часот тргнал од Битола и сообраќал на редовна линија за Виена.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

МНР потврди за тројца загинати кај Лесковац, во животна опасност се четворица патници од автобусот

Објавено пред

Маж на возраст од 68 години е првата идентификувана жртва од превртениот македонски автобус кај Лескoвац, информираат од Министерството за надворешни работи повикувајќи се на официјални податоци кои преку амбасадата во Белград ги добиле од надлежните служби во Србија.

„Имаме потврда дека се загинати и две жени, но истите не се идентификувани“, наведуваат од МНР.

Додаваат дека четворица патници со тешки телесни повреди се наоѓаат во животна опасност и се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш.

МНР соопшти дека превртениот автобус кај Лесковац е на превозник од Струга, со регистарски таблици – Euroturs SU 3325 AC.

Автобусот вчера во 19 часот тргнал од Битола и сообраќал на редовна линија за Виена.

Од министерството потврдуваат дека во несреќата се повредени вкупно 32 патници од кои 28 се вон животна опасност и истите се згрижени во општата болница во Лесковац, а 4 се на хирургија.

На повредените и патниците од автобусот, кои ќе имаат потреба од преноќување, српските власти ќе им обезбедат сместување.

Според информациите, министерот за здравство Венко Филипче, генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски и претставник од македонската амбасада во Белград се упатиле кон местото на несреќата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ26 минути

(Видео) Сведоштво од несреќата кај Лесковац: Кога се разбудив слушнав вриштење, околу мене имаше луѓе со крвави глави

,,Кога се разбудив слушнав вриштење. Видов луѓе со крвави глави и раце и слушнав некој кажа дека има и загинати”,...

Македонија2 часа

ЗНМ на тест, изборот на Чадиковски под прашалник

По којзнае кој пат новинарската фела е исправена пред нови поделби. Вчерашниот избор на Младен Чадиковски за претседател на Здружението...

Македонија3 часа

Идентификувани двајца од трите жртви во превртениот автобус – маж од Крушево и жена од Кочани

Шеесет и осумгодишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш. и 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К. се...

Македонија4 часа

МНР потврди за тројца загинати кај Лесковац, во животна опасност се четворица патници од автобусот

Маж на возраст од 68 години е првата идентификувана жртва од превртениот македонски автобус кај Лескoвац, информираат од Министерството за...

Топ7 часа

Во една вечер тројца пешаци тешко повредени во сообраќајки во Скопје, Охрид и Битола

Тројца пешаци се тешко повредени откако биле удрени од автомобили во три одделни сообраќани несреќи во Скопје, Охрид и Битола,...

Регион22 часа

Јеремиќ: Вучиќ и Тачи го имаат договорено формирањето на косовската војска

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, за српските медиуми изјави дека формирањето на војската на Косово е скандалозно и...

Македонија23 часа

(Видео) Спасовски на Пониква ги посети кандидатите за полициски специјалци

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР денеска го посетија зимскиот рекреативен центар „Пониква“ во Кочани,...

Топ1 ден

Злетовец голтнал прашок за да го скрие од полицијата по што починал

На Граничниот премин Делчево за влез во државава, во вечерните часови на 14. декември се пријавил 32-годишен злетовец. Тој управувал...

Македонија1 ден

За палење петарди и ракети казни од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против...

Македонија1 ден

Георгиев: Се согласивме со Бугарите дека имаат поеднакво право на Прличев како нас

Се согласивме дека и Бугарите имаат поеднакво право на делото на Глигор Прличев,тој е дел од заедничката историја и не...

Афера „Банки“1 ден

(Видео) Банки свртеле 1 милион евра во еден ден преку сметката на бизнисменот Исиров

Бизнисменот и сопственик на фирмата за трговија „Еуротрејд“, Ефтим Исиров, на лист хартија се потпиша за да докаже дека со...

Регион1 ден

Мицотакис: Никогаш нема да го ратификуваме Договорот од Преспа

Повторувам од овде, од нашиот 12-ти Конгрес дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа. Ниту сега, ниту...

Македонија1 ден

Почина градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски

На 48-годишна возраст утринава почина градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски. Неофицијално причината за смртта е инфаркт. Стојаноски починал додека...

Македонија1 ден

Операцијата во Германија успешно заврши, Сара Настеска се чувствува добро

Успешно заврши трансплантацијата на коскена срцевина на 15-годишната охриѓанка  Сара Настеска во Германија. ,,Добри вести стигнуваат од Германија. Успешно е...

Топ1 ден

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми пронајдени кај двајца велешани

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми се пронајдени при извршен претрес кај двајца велешани. Полицијата информира дека вчера во периодот од...

Македонија1 ден

Мицкоски: Заев како опозиционер се перчеше, а сега не сака да излезе на дебата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера вечер оствари средба со голем број на членови и симпатизери на Општинскиот комитет на...

Македонија1 ден

Намалена видливост поради магла на Ѓавато, Буково и Плетвар

Сообраќајот на автопатот Гевгелија-Скопје, после наплатната рампа Градско, е целосно нормализиран , информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија1 ден

ЗНМ бира претседател – во трка Чадиковски и Наумов

ЗНМ денеска бира нов претседател. Изборното собрание на ЗНМ ќе се одржи во со почеток во 10 часот во спортската...

Европа2 дена

(Видео) Макрон им оддаде почит на жртвите од нападот во Стразбур

Францускиот претседател, Емануел Макрон, вечерва, за време на посетата на Стразбур, изјави дека властите работат на разјаснување како напаѓачот од Стразбур,...

Македонија2 дена

Обвинение за скопјанец што му нанел телесни повреди на својот татко

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство достави обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело телесна повреда од...

Досие