Контакт

Свет

Кина развива терапија со плазма за пациенти со коронавирус

Објавено пред

Кина разви плазма за лекување пациенти заразени со новиот коронавирус (Ковид – 19), соопшти денеска кинеската национална групација „Биотек“.

Компанијата соопшти дека тие собрале плазма од заздравените пациенти за подготовка на терапевтски производи, вклучително и конвалесцентна плазма и имунолошки глобулин, пренесува Меѓународното кинеско радио.

По ригорозните тестови за биолошка сигурност на крвта, тестови за инактивација на вируси и антивирусни активности, кинеските научници успешно развија конвалесцентна плазма за клинички третман и ја искористија за лекување критички болни пациенти, наведе „Биотек“.

Како што се додава, компанијата формираше тим кој од 20 јануари користи специјализирана опрема за собирање плазма од излекувани пациенти во Вухан.

Тројца критично болни пациенти во болницата во областа Џијангки во Вухан добиле третман со плазма на 8 февруари, а во моментов повеќе од 10 критично болни пациенти се лекуваат на ист начин, велат од компанијата.

Според клиничките резултати, 12 до 24 часа откако пациентите примале третман покажале подобрени клинички симптоми, при што главните воспалителни индикатори значително се намалија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Нетанјаху во самоизолација, негов соработник има коронавирус

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наоѓа во самоизолација бидејќи негов соработник, пратеник, е позитивен на коронавирусот.

Нетанјаху до утре треба да се тестира, соопштиле властите. Претходниот тест на 15 март беше негативен.

Прописите на израелското Министерство за здравство бараат општа 14-дневна самоизолација за секого за кој се претпоставува дека бил во близина со заразено лице.

Израелските медиуми пренесуваат дека заразениот пратеник бил на парламентарна седница минатата недела на која присуствувал и Нетанјаху, како и опозициски пратеници, со кои настојува да воспостави итна коалициска влада, за да се помогне во кризата поради пандемијата со коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Европа

Заболените од Ковид-19 ќе бидат сместени на локацијата на Евровизија

Објавено пред

Арената „Ротердам Ахој“ на својата интернет-страница објави дека е направен простор за 88 пациенти со можност капацитетот да се зголеми на 680 кревети.

Шеесет и петтиот натпревар на Песна за Евровизија требаше да се одржи во мај на таа локација, но беше откажан поради пандемијата.

Во арената „Ахој“ може да се сместат и пациенти што немаат коронавирус, но немаат каде да бидат хоспитализирани бидејќи болниците се преполните поради пандемијата. Таквата ситуација го натера градот Ротердам да назначи неколку локации каде што ќе се воспостават клиники.

Прикажи повеќе...

Свет

Тајван вели дека СЗО не ги пренесува нивните информации за методите за спречување на коронавирусот

Објавено пред

Тајванското министерство за надворешни работи ја обвини Светската здравствена организација дека со државите членки не ги споделува информациите што Тајван ѝ ги дава за методите за спречување на ширењето на епидемијата на коронавирусот.

Тајванската влада особено е незадоволна бидејќи Тајван, како што велат властите, има со што да помогне со оглед на тоа што во време на избувнување на епидемијата бројот на заболени успеа да го задржи многу мал, со примена на мерки за рано откривање на заразата и со контрола.

Според владата во Тајпеј, тоа што Тајван во време на избувнување на епидемијата остана исклучен од СЗО значи политичко поигрување со животите на Тајванците.

Кина, една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, го смета Тајван за своја територија и ги спречува неговите обиди да стане членка на светските организации и агенции како независна држава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Македонското знаме се развиори пред седиштето на НАТО

На свечена церемонија пред седиштето на НАТО во Брисел денеска беше развиорено македонското знаме кога земјата и официјално стана 30....

Македонија3 часа

Уште една жртва на коронавирусот, 26 нови заразени и девет излекувани

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на...

Македонија3 часа

Досега во организација на МНР вратени се 1.842 македонски граѓани од странство

По апелот за пријавување македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата, како и по...

Македонија3 часа

Здравствени работници направиле прекршоци во случајот на стружанката која почина од коронавирусот

Има прекршувања во случајот со почината стружанка од коронавирусот, која и покрај тоа што имала упат од матичниот лекар, не...

Македонија4 часа

Од Базел и Виена ќе пристигнат 360 македонски државјани

Со два лета од Виена и Базел денеска ќе пристигнат 360 македонски државјани, кои ќе бидат сместени во 14-дневен државен...

Македонија5 часа

Нухиу: Петмина полициски службеници се заразени со коронавирус

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на својот фејсбук-профил објави дека петмина полициски службеници се заразени со коронавирус додавајќи дека...

Економија6 часа

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Од вечерва на полноќ бензините ќе поевтинат, а дизелот ќе поскапи, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на бензинот...

Европа6 часа

Фон дер Лаен: ЕУ интензивно ќе им помогне на Италија и Шпанија

Европската Унија многу интензивно ќе им помага на Италија и Шпанија во борбата против коронавирусот, изјави претседателката на Европската комисија,...

Свет7 часа

Веќе шест дена нема нови заболени од коронавирус во Вухан, се отвораат продавниците и трговските центри

Нема нови случаи на заразени од коронавирус во Вухан веќе неколку дена, продавниците се отвораат и животот полека се враќа...

Топ7 часа

Полицискиот час не го почитувале 242 лица, приведени се 95

Според статистиките на МВР, во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 242 лица не ја почитувале...

Свет8 часа

Во светот 716.482 заболени од коронавирус, починале 33.691

Бројот на заболени од коронавирус до синоќа до 22 часот бил 716.482, 33.691 лице починале, а 150.889 луѓе се излекувани....

Свет22 часа

Италија и Шпанија заедно имаат повеќе од половина од жртвите на коронавирус во светот

Само во Италија и Шпанија досега починале 17.385 лица, што е повеќе од половина од вкупната бројка на починати од...

Македонија1 ден

(Видео) Заразен доктор во битолската болница „Плодност“, болницата ќе биде затворена до 13 април

Директорот на болницата „Плодност“ од Битола, Таше Трпчевски, во видео обраќање соопшти дека болницата ќе биде затворена и воопшто нема...

Македонија1 ден

Медицинските работници во земјава ќе добијат нова тура на бесплатни маски направени со 3D принтери

По изминативе два дена бројот на активни 3D принтери порасна на 60-тина, со што ќе се оствари бројката од 6.000...

Македонија1 ден

31-годишниот скопјанец починал по распад на белите дробови, единствен ризик фактор била дебелината

31-годишниот пациент кој претпладнево починал на Инфективната клиника во Скопје е најмладиот починат пациент во Македонија од коронавирус. Бил примен...

Македонија1 ден

Вкупно 259 случаи на коронавирус во Македонија, досега починаа 6 лица

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Претходно, на...

Македонија1 ден

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена поради починатата пациентка од струшко

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена од функцијата поради случајот со починатата 66-годишна жена од струшко која и покрај...

Македонија1 ден

Две лица починаа на инфективната клиника, едниот бил на 31-годишна возраст

На Клиниката за инфективни болести починале две лица заболени од коронавирус, извести министерот за здравство Венко Филипче. Едниот е пациент...

Македонија1 ден

Хотелот „Макпетрол“ во Маврово станува државен карантин

Макпетрол АД одлучи да го стави на располагање хотелот „Макпетрол” во Маврово, кој располага со сместувачки капацитет од 40 двокреветни...

Македонија1 ден

Приведени се 102 лица кои вчера не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето,...

Досие