Свет
Кина ја одобри вакцината на „Синофарм“ за општа употреба

Кина ја одобри својата прва вакцина против коронавирус за општа употреба на државната компанија „Синофарм“, соопшти кинеската Национална управа за медицински производи.
Станува збор за условно одобрување, што значи дека истражувањето на вакцината е сè уште во тек, пренесува АП.
Тоа е неактивна вакцина, што значи дека вирусот се одгледува во лабораторија и потоа се убива, по што микробот се инјектира во организмот за да се создаде имунолошки одговор на организмот.
Детални податоци за ефикасноста на вакцината не се објавени, но Институтот за биолошки производи во Пекинг објави дека вакцината е ефикасна 79,34 проценти, пренесува „Ројтерс“.
Иако Кина беше побавна во одобрувањето на вакцината од другите земји, веќе неколку месеци вакцинира луѓе со три различни вакцини кои се во завршна фаза на тестирање, пишува британската агенција.
Претставник на „Синофарм“ рече дека деталите за вакцината ќе бидат објавени подоцна.
„Сауф Чајна морнинг пост“ објави дека 50 милиони граѓани од групите со висок приоритет ќе бидат вакцинирани до лунарната нова година во февруари.
Цената на вакцината ќе зависи од нивото на употреба, но се претпоставува дека ќе биде бесплатна за кинеските граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се удавија 43 мигранти на пат кон Европа

Најмалку 43 мигранти од Западна Африка се удавија крај брегот на Либија, откако се преврте нивниот брод на пат кон Европа. Десет преживеани мигранти се спасени и безбедно се префрлени од крајбрежната стража во Зуара, потврдија од Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и Високиот комесаријат за бегалци на ООН (УНХЦР).
A “tragic” shipwreck in the Mediterranean Sea off Libya’s coast killed at least 43 migrants bound for Europe, the U.N. migration agency said Wednesday. https://t.co/visgWB0QWi pic.twitter.com/0AAAE7amvB
— Atlantide (@Atlantide4world) January 20, 2021
Агенциите на Обединетите нации повикаа на повторно активирање на државните операции за пребарување и спасување во Средоземното Море и да се спречи за враќањето на мигрантите во „небезбедни пристаништа“. Либија е главната рута за мигрантите кои сакаат да стигнат до Европа.
Свет
Кина воведе санкции кон 28 лица од администрацијата на Трамп

Кина воведе санкции за 28 лица од Америка, вклучително и официјални лица од поранешната администрација на Трамп, обвинувајќи ги за кршење на кинескиот суверенитет. Меѓу оние на кои им беа изречени санкции е и Мајк Помпео, пренесува Блумберг.
Како што наведуваат, причината за тоа се „бесмислени постапки со кои опасно се вмешале во внатрешните работи на Кина“, објави кинеското Министерство за надворешни работи.
„Овие лица и членови на нивните семејства не можат да влезат на територијата на Кина, Хонгконг и Макао. Исто така, на нивните компании, институции поврзани со овие лица, им е забрането да имаат какво било деловно работење со Кина”, се вели во соопштението на Министерството.
Кина ја објави оваа информација по инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден.
Свет
Холандија бара забрана за летови поради новиот вид коронавирус

Холандската влада бара воведување полициски час и забрана за летови од Велика Британија, Јужна Африка и Јужна Америка со цел да се спречи ширењето на нова, позаразна варијанта на вирусот, којашто е причина за најмалку една од 10 инфекции во земјата.
Премиерот Марк Руте изјави дека владата ќе побара забраната за летови да стапи на сила в сабота и да трае еден месец.Бидејќи неговиот кабинет има технички мандат, откако минатата недела поднесе оставка, тој ќе мора да ги убеди пратениците да го поддржат воведувањето полициски час од 20:30 до 4:30 часот.
Дебатата во парламентот се очекува утре, а Руте апелираше за поддршка велејќи дека земјата е „во клучен момент за безбедноста и јавното здравство“. Коалициската влада на Руте, која поднесе оставка во петокот, поради скандалот во кој илјадници семејства беа неправедно обвинети за проневера на додатоци за деца, ќе остане на функцијата сè додека не се формира нова коалиција по општите избори на 17 март.
Доколку парламентот го одобри полицискиот час, Холандија ќе им се придружи на другите земји на Европската Унија во кои тој веќе е на сила, како што се Белгија, Франција, Италија, Грција и делови од Германија.
„Тоа е тешка мерка“, рече Руте. Тој посочи дека никој не сака полициски час, но дека ситуацијата е многу лоша.
Холандија е во карантин веќе еден месец и ќе остане така барем до 9 февруари, но и покрај намалувањето на инфекциите, владата соопшти дека е принудена да преземе построги мерки поради закана од новиот вид коронавирус.Холандија е последната земја во Европската Унија која започна со вакцинација, а досега само 100.000 луѓе ја примиле првата доза.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот