Контакт

Свет

Кинескиот претседател: Корупцијата е најголемата закана за Комунистичката партија

Објавено пред

Корупцијата е најголемата закана за кинеската Комунистичка партија, рече претседателот Си Џинпинг, јасно предупредувајќи дека владејачката партија е решена да се справи со долгогодишниот проблем кој сега е вкоренет во многу делови од кинеското општество.

dobivaj vesti na viber

Кина минатата година беше потресена од истраги за корупција на поединци од висок профил, од заменик-гувернерот на централната банка до поранешниот претседател на нејзината најголема компанија за нафта и гас, дополнително вознемирувајќи ја економијата која се бори да остане на живот и општеството во кое има чувство дека богатството бледнее.

Списокот го вклучува и главниот кинески адмирал Миао Хуа, член на Централната воена комисија, чиј пад доаѓа додека Пекинг се обидува да ги модернизира своите вооружени сили и да ја зајакне борбената готовност.

Не само што корупцијата сè уште продира во Кина, таа всушност е во пораст, рече Си на почетокот на тридневниот конгрес на Централната комисија за дисциплинска инспекција (CCDI), главното надзорно тело во земјата за борба против корупцијата.

„Корупцијата е најголемата закана за нашата партија“, предупреди тој.

Со цел да се нагласи степенот на проблемот, Централната комисија во последните денови објави дека минатата година биле истражени рекордни 58 високи функционери.

Од оние кои се под истрага, 47 беа на ниво на заменици министри или погоре, меѓу кои и Танг Ренџијан, поранешен министер за земјоделство и рурални работи, и Гоу Жонгвен, поранешен шеф на Генералната администрација за спорт.

Дури и поранешните високи функционери не се поштедени, како што е Ванг Јилин, кој се повлече од функцијата претседател на државната China National Petroleum Corp во 2020 година, откако наполни возраст за пензионирање.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Медведев: Киев може да употреби валкана бомба врз своите градови и да ја обвини Русија

Објавено пред

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека Киев може да употреби валкана бомба да ги нападне сопствените градови и да ја обвини Русија за тоа.

dobivaj vesti na viber

Медведев рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски може да употреби секакви средства, вклучително и оружје за масовно уништување, и да ја префрли вината на некој друг, пренесе ТАСС.

„Тие дури се и подготвени да ги нападнат сопствените градови и сопствените цивили и да користат оружје за масовно уништување, како што е валканата бомба“, напиша Медведев на платформата за социјалните мрежи „В контакте“.

Владимир Зеленски ќе биде подготвен на секаква провокација за да го спречи решавањето на украинскиот конфликт и да ја продолжи војната до последниот Украинец, изјави ексшефот на руската држава и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.

Прикажи повеќе...

Свет

Урсула Фон дер Лајен: Посветени сме да продолжиме да вршиме притисок врз Кремљ

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска го поздрави договорот за 16. пакет-санкции на Европската Унија против Русија и рече дека ЕУ е посветена да продолжи да врши притисок врз Кремљ.

dobivaj vesti na viber

„ЕУ уште пожестоко се бори со заобиколувањето со таргетирање повеќе бродови од флотата во сенка на Путин и воведување нови забрани за увоз и извоз. Ние сме посветени да го задржиме притисокот врз Кремљ“, рече фон дер Лајен на социјалната мрежа Х.

Договорот за 16. пакет-санкции го поздрави и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, која на социјалната мрежа Х оцени дека ЕУ со построги мерки за заобиколување на санкциите, новите забрани за увоз и извоз и санкциите за флотата во сенка на Путин, ја затвора вратата за работата на руската воена машина.

„Кремљ нема да ја скрши нашата решителност“, рече Калас.

Прикажи повеќе...

Свет

Австралијка обвинета за напад: задавила трудница со хиџаб

Објавено пред

Австралиската полиција обвини 31-годишна жена за напад на две муслиманки во трговски центар во Мелбурн минатата недела. Жена од предградието Паско Вејл денеска треба да се појави на суд, каде што ќе биде обвинета за напад на две жртви на 13 февруари поради нивната покривка на лицето, јавува Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Таа наводно грабнала и задавила 30-годишна трудница користејќи го нејзиниот хиџаб во трговскиот центар Епинг, а потоа турнала и ѝ удрила шлаканица на друга жена десет минути подоцна во посебен напад. Инцидентот доаѓа две недели откога Австралија воведе построги закони за криминал од омраза по серијата антисемитски напади од висок профил во земјата.

Австралискиот премиер Ентони Албанес денеска го осуди инцидентот како грозоморен чин. Тој ги отфрли критиките дека неговата влада ги сфаќа исламофобичните напади помалку сериозно отколку антисемитските напади. „Сите напади врз луѓето поради нивната религија ги сфаќам сериозно и секој треба да ја поднесе целата сила на законот“, им рече тој на новинарите.

Полицијата соопшти дека ги истражува заканите упатени преку интернет кон една од двете жртви. Двете жени добиле повреди, кои не се опасни за животот. Австралискиот пратеник за борба против исламофобијата, Афтаб Малик, вчера изјави за австралиската радиодифузна корпорација дека мора да престанат сите форми на омраза и дека лидерите на земјата мора да го осудат инцидентот во Мелбурн.

Претходно оваа недела, претседателот на Австралиската федерација на исламските совети, Ратеб Џејд, изрази загриженост поради нападите врз муслиманите во земјата и го опиша одговорот на владата како страшно несоодветен.

Австралиската влада ги опиша новите закони донесени на почетокот на февруари како најстрогите закони против криминалот од омраза што Австралија ги имала досега. Законите пропишуваат задолжителни затворски казни од една до шест години за користење симболи на омраза, како што е нацистичкиот поздрав.

Минатата недела две австралиски медицински сестри беа суспендирани кога се појави видео на кое тие наводно се закануваат дека ќе убијат израелски пациенти и се фалат дека одбиваат лекување на пациентите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

САД внимателно ги следат случувањата во правосудниот систем, сакаме почитување на законот, порача Агелер

САД внимателно ги следат случувањата во правосудниот систем, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер. Таа нагласи дека она што сакаат да...

Економија1 час

(Видео) Лукаревска: Наместо половични мерки, власта да ги прифати предлозите на СДСМ за намалување ДДВ за струјата и укинување кај храната

Економијата во земјата е во слободен пад, граѓаните имаат се помалку пари поради енормните поскапувања и потребно е итно заедничко...

Македонија3 часа

Нова кривична за Перпарим Бајрами: Закупил неадекватен деловен простор за „Лотаријата“ по цена најмалку двапати повисока од реалната

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против П.Б. во својство на директор на АД...

Македонија3 часа

Мицкоски: Чистиот воздух е наше заедничко право, ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница

Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас. Ова е проблем што...

Македонија4 часа

„Има судии што живеат како шеици, треба да се провери имотот што го стекнале“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Деловен имот, неколку куќи, станови, градежно и земјоделско земјиште, неколку коли е дел од имотот на судиите и обвинителите во...

Македонија5 часа

Утрово најстудено на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -12 степени, -9 било во Маврови Анови, -8 во Крушево,...

Свет7 часа

Трамп: Да бев претседател кога избувна војната, ќе се погрижев Украина да добие сè што сака

Доналд Трамп зборуваше од Мар-а-Лаго, Флорида, за денешната средба во Саудиска Арабија меѓу САД и Русија. Тој рече дека е...

Свет7 часа

Макрон: Трамп може да го рестартира корисниот дијалог со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека ќе биде домаќин на уште една средба за Украина по разговорите меѓу новата американска...

Европа7 часа

Порошенко: Канцеларијата на Зеленски ми кажа да го поддржам законот ако не сакам да се соочам со санкции

Поранешниот украински претседател и актуелен пратеник Петро Порошенко ја обвини канцеларијата на Володимир Зеленски за уцена. „Ми беше кажано дека...

Економија19 часа

Ограничени маржите на над 1.000 производи, одлучи Владата

Владата донесе одлука со која се ограничува маржата во трговијата на големо и трговијата на мало на 102 групи на...

Свет19 часа

Лавров: Ја обновуваме соработката со САД, приемот на Украина во НАТО е закана

Сергеј Лавров, министерoт за надворешни работи на Русија, кој беше дел од делегацијата во Ријад, на прес-конференцијата рече дека Русија...

Свет19 часа

Рубио по состанокот меѓу САД и Русија: Целта е да се обезбеди мир за Украина кој е прифатлив за сите страни

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека мирот во Украина е клучот за отворање економски можности со Русија. По...

Македонија20 часа

(Видео) Митева за разрешувањето на Коцевски: Јавниот обвинител покрај правна, подлежи и на општествена одговорност

На денешната седница беше разгледано мислењето од Министерство за правда по кое владата отвори сериозна дискусија, информира на прес-конференција Марија...

Свет23 часа

По четири и пол часа заврши состанокот помеѓу САД и Русија, стигаат првите реакции

Советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека четири и пол часовните разговори меѓу Русија и САД...

Македонија1 ден

Коцевски: Ако се утврди дека се работи за тешка дисцилинска повреда јас самиот ќе се повлечам

Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски вели дека самиот ќе се повлече доколку се утврди дека направил тешка дисцилинска постапка, но...

Свет1 ден

Путин е подготвен за средба со Зеленски ако е потребно, рече Песков

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да разговара со украинскиот лидер Володимир Зеленски,...

Македонија1 ден

Новите методи на САД за некои се неконвенционални, но конвенционалната дипломатијата, досега, донесе повеќе војни, вели Муцунски

Во рамките на посетата на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде две интервјуа за најголемиот...

Македонија1 ден

Намалување на ДДВ за струја на 5% ќе донесе значително намалување на сметките на граѓаните, велат од СДСМ

„Прифаќање на предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ за електрична енергија од 18% на 5%, ќе донесе значително намалување...

Свет1 ден

(Фото) Се сретнаа Лавров и Рубио, во Ријад почнуваат руско-американските разговори

Американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретнаа во Саудиска Арабија пред разговорите...

Македонија1 ден

Утрово најстудено на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што биле измерени -10 степени, -6 било во Маврови Анови, -5 во Крушево,...