Свет
Кинескиот претседател стигна во Москва: летот беше еден од најследените во светот, сите погледи вперени кон „боингот 747“

Авионот на кинескиот претседател Шји Џјинпинг слета на меѓународниот аеродром „Внуково“ во Москва, а самиот лет предизвика голем интерес.
Летот на „боингот 747“ го следеа во живо повеќе од 81.000 луѓе на веб-страницата „Флајтрадар 24“, што го направи најследен лет во светот.
Шји главно користи комерцијален „боинг“ изнајмен од „Ер Чајна“ за патувања на долги релации.
Right now #XiJinping‘s plane is landing at Vnukovo #Moscow – Flightradar24 pic.twitter.com/S90msN59cK
— RRN.world (@RRN_breaking) March 20, 2023
Само неколку дена откако Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за негово апсење, рускиот претседател Владимир Путин го пречекува кинескиот лидер во Москва „со цел да игра конструктивна улога во промовирањето мировни преговори за војната во Украина“.
Кинескиот претседател денеска ја почнува посетата на Русија, што е негова прва посета на странска земја по третиот реизбор за претседател на Кина, а воедно и прва посета на Русија од почетокот на руско-украинскиот конфликт во февруари 2022 година.
Посетата ќе ги постави основите за развој на кинеско-руските односи во следните пет години и ќе го продлабочи меѓусебното разбирање меѓу Москва и Пекинг за важни меѓународни и регионални прашања, пренесува „РИА Новости“.
„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на свои извори, објави дека по посетата на Москва, Шји Џјинпинг би можел да одржи онлајн-средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
„Ја обединивме Европа за да го вратиме мирот“ порача претседателката на Молдавија на крајот од самитот

Претседателката на Молдавија, Маја Санду изјави дека на самитот на европската политичка заедница во таа земја се покажале „сила и единство“ во време кога е загрозена стабилноста на Европа.
„Денес овде го собравме целиот континент за да ги потврдиме силните меѓусебни односи, да го вратиме мирот во Европа. Покажавме сила и единство кога стабилноста на нашиот континент е загрозена“, рече Санду на прес-конференција на крајот од самитот.
На заедничката конференција со премиерите на Чешка и Шпанија, Петер Фиал и Педро Санчез, Санду рече дека Молдавија „ќе биде загрозена доколку Украина не се брани храбро“ од руската инвазија и дека Кишињев ќе остане со таа земја“.
„Покажавме дека сме обединети против најголемата агресија од Втората светска војна“, додаде Санду.
Таа рече дека лидерите разговарале и за заеднички акции кои ќе ја направат Европа посилна и побезбедна.
„Вашето присуство овде е доказ дека Молдавија не е сама, дека заедно се бориме против хибридните закани и обидите за дестабилизација на Молдавија“, рече Санду.
Премиерот на Шпанија, каде што ќе се одржи следниот самит на 5 октомври, изјави дека денешниот состанок не се одржал случајно во Молдавија и дека земјата „може да смета на европското семејство“.
„Мора да дејствуваме заедно против војната на Путин. Денеска се фокусиравме на заедништвото, инфраструктурата, енергијата и безбедноста, а пред се на хибридните закани и нуклеарната безбедност“, рече Санчез.
Премиерот на Чешка, каде се одржа претходниот, прв самит на Европската политичка унија, изјави дека Молдавија „храбро се соочува со последиците од рускиот варварски напад“.
„Испраќаме силна порака за поддршка на Молдавија и Украина“, додаде тој.
Фијала, исто така, рече дека Европската политичка заедница се покажала како „релевантен и важен форум за сите европски земји“ и повтори дека единството било демонстрирано денеска.
Европската политичка заедница е неформален дипломатски форум создаден минатата година на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон. Вториот самит се одржа денеска во молдавското село Булбоака, во близина на Кишињев, на 20 километри од границата со Украина. Главните теми на разговор беа безбедноста во контекст на војната во Украина, енергијата, климатските промени и поврзаноста.
Во разговор со новинарите пред средбата, речиси сите европски лидери се осврнаа на тензиите на северот на Косово и повикаа на деескалација и мир. На самитот присуствуваше и премиерот Ковачевски.
Свет
Богатите земји наместо за борба против климатските промени, парите ги потрошиле за чоколади, хотел и филм

Некои земји користеле пари наменети за борба против климатските промени, за цели кои немаат многу врска со еколошките цели, покажува истрагата на „Ројтерс“.
Италија ги искористила парите за да му помогне на мал производител да отвори продавници за чоколадо и сладолед во Азија, САД го поддржале проширувањето на луксузен хотел на брегот на Хаити, Белгија финансирала љубовен филм во амазонската прашума, а Јапонија инвестирала пари во нова термоелектрана во Бангладеш и проширување на аеродромот во Египет.
Вкупната вредност на овие пет проекти е 2,43 милијарди евра, а споменатите четири земји ги сметаат за „климатски инвестиции“ кои треба да им помогнат на земјите во развој да ги намалат штетните емисии и да се прилагодат на растот на глобалната температура.
Значењето на овие инвестиции е сомнително, но споменатите земји не прекршиле никакви правила, бидејќи тие не постојат.
Секретаријатот на Обединетите нации за климатски промени за „Ројтерс“ вели дека земјите треба да одлучат дали да воведат заеднички стандарди.
Ова е „Дивиот запад на финансиите“, вели потсекретарот на филипинското Министерство за финансии, Марк Јовен, кој ја претставува својата земја во ОН за време на разговорите за климата.
„Во суштина се што се нарекува климатска инвестиција е климатска инвестиција“ – рече тој.
Многумина бараат појасни правила за тоа што е, а што не е инвестиција во екологијата и борбата против климатските промени, но решението се уште не е на повидок, наведува британската агенција.
Регион
Вучиќ за „Ла Стампа“: „Курти нека ги повлече војниците и ќе има мир“

Српскиот претседател Александар Вучиќ му порача на косовскиот премиер да ги повлече војниците од северот на Косово и тогш ќе има мир.
Тој во интервју за италијанскиот весник „Ла Стампа“, вели дека Косово е дел од Србија и дека тоа е многу јасно.
„Тоа го пишува во Уставот на Република Србија, тоа е потврдено и со Резолуцијата на ОН од 1999 година. Што е проблемот? рече Вучиќ.
Тој додава дека Србите кои живеат на север и во другите енклави се чувствуваат нападнати од специјалните единици на косовската полиција.
„Речиси секоја недела. Постојат сигурни извори кои го потврдуваат тоа. Приштина нема право да има специјална полиција на север. Тие приведуваат, запираат, малтретираат нашиот народ. Курти отсекогаш велел: „Ние сме суверена земја, имаме право да ги распоредиме нашите сили каде сакаме”. Јасно е дека тој не може да го стори тоа. И направи повеќе од тоа. Луѓето почнаа да протестираат против незаконското и нелегитимни избори за градоначалник.. Има општини каде што градоначалникот го избрале 11 луѓе. Не е демократски да има 0,02 отсто. Дури и Американците и ЕУ го осудуваат неговото однесување. Но тој не сака да го слушне тоа“ вели Вучиќ.
Тој додаде дека ако Курти ја тргне војската, тогаш ќе има мир.
„Да ги одведе неговите наводни градоначалници на југ и да ги отстрани неговите војници од север. Тогаш ќе има вистинско помирување меѓу Србите и Албанците. Ние го сакаме тоа, подготвени сме на многу компромиси. Од друга страна, има и такви чии Единствената цел е да се протераат Србите и да се покажат мускулите. Го смируваме народот, но ако продолжи вака, тоа нема да биде можно.
Ние сме длабоко благодарни на нашите американски партнери што нагласија чија е вината, кој ги сакаше овие инциденти. Но, ни треба повеќе. Притисок од меѓународната заедница за Приштина да дејствува на рационален начин. Ние сме подготвени за дијалог“ вели во интервјуто Вучиќ.