Свет
Кинеските државни медиуми: Паузата за царините меѓу САД и Кина треба да се продолжи

90-дневното примирје меѓу САД и Кина во трговската војна е прекратко, напиша кинескиот државен медиум „Глобал тајмс“, додека претставниците на двете најголеми економии во светот се прегрупираат во Кореја.
На самитот во Женева минатиот викенд САД се согласија да ги намалат дополнителните тарифи што ги наметнаа на кинескиот увоз минатиот месец од 145 проценти на 30 проценти во текот на следните три месеци, а Кина вети дека ќе ги намали тарифите на американскиот увоз од 125 проценти на 10 проценти.
„Просторот за меѓусебно корисна соработка треба да се прошири далеку над 90-дневниот период“, пишува „Глобал тајмс“, кој е во сопственост на државниот весник „Пиплс дејли“ и кој често е првиот што во последните години известува за чекорите што Кина има намера да ги преземе во трговските спорови.
„Се надеваме дека американската страна ќе продолжи да ги надградува резултатите од неодамнешните преговори и ќе продолжи да се сретнува со Кина на половина пат“, напиша „Глобал тајмс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.