Свет
Кинески амбасадор: Кина не ја снабдува Русија со оружје

Кина не ја снабдува Русија со оружје, изјави кинескиот амбасадор во Франција, Лу Ша.
„Не. Мислам дека на Русија не ѝ треба кинеско оружје“, рече амбасадорот во интервју за телевизијата БФМ одговарајќи на прашањето дали Кина ја снабдува Русија со оружје.
Вчера тој истакна дека Кина држи неутрална позиција во однос на конфликтот во Украина и дека се залага за негово мирно решение.
„Сакаме мир. Нашиот став за Украина е унапредување на преговарачкиот процес“, додаде Лу, пренесе „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Дачиќ: ЗСО останува главната точка на сите наши договори за Косово

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Заедницата на српските општини (ЗСО) останува главната точка на сите договори за Косово и дека таа мора да биде формирана според договорените принципи.
„Во бриселскиот договор од 2013 година јасно пишува што е ЗСО, уште подетално е регулирано во договорот од 2015 година, а ние го потпишавме затоа што е добро за нашата заедница на Косово“, изјави Дачиќ за „Политика. “.
„Договорот не е идеален, но во услови во кои го преговаравме е максимумот што можевме да го постигнеме“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека овие договори се круна на учеството на Србија во дијалогот со посредство на Европската Унија, која самата се обврза да ги спроведе потпишаните.
Според неговото мислење, никогаш немало причина да не се спроведе договорот, освен упорното одбивање на Приштина да го спроведе и неограничената толеранција на западните посредници за нивно уништување.
Свет
Се урнаа два воени авиони во Индија

Два индиски воени авиони се урнаа денеска во близина на Морена, во индиската држава Мадја Прадеш, соопштија воени претставници.
Наредена е истрага за да се утврдат причините.
Двајцата пилоти се катапултирале и се здобиле со полесни повреди, пренесува „Индија тудеј“
Свет
Британско разузнавање: Русите загубија над 300 луѓе во еден украински напад

Британското Министерство за одбрана објави нова анализа за ситуацијата во Русија, врз основа на информации од нејзините разузнавачи и луѓе на теренот.
Британците велат дека Русите изгубиле над 300 луѓе во еден напад на првиот ден од новата година.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 28 January 2023
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/rQI3IVrDMH
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/QA2OBo1rpk
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) January 28, 2023
„Русија многу веројатно имала над 300 жртви во нападот на зградата каде што се наоѓаат војниците во Макијавика во близина на Доњецк на 1 јануари 2023 година. Проценуваме дека мнозинството биле убиени или исчезнале, наместо да се повредени“, пишуваат Британците.
По нападот, руското Министерство за одбрана го презеде реткиот чекор јавно да ги признае загубите, велејќи дека загинале 89 лица, додаваат Британците. „Руските функционери веројатно оценија дека е неодржливо да се избегне коментар покрај широките критики на руските команданти за овој инцидент“, објаснуваат тие.
„Разликата меѓу бројот на жртви што Русија ги призна и веројатниот реален вкупен број го истакнува распространетото присуство на дезинформации во руските јавни соопштенија“, се додава.
Ова е веројатно комбинација на намерно лажење што го одобруваат високи лидери и неточно известување од пониски функционери кои ги минимизираат сопствените пропусти, заклучија Британците.