Свет
Кинеско село во карантин – се шири чума
Властите во кинескиот регион Внатрешна Монголија издадоа трето ниво на предупредување за чума. Селото Баот е ставено во карантин, откако еден жител почина од цревна чума.
Според надлежните, предупредувањето ќе остане во сила до крајот на годината, пренесува ЦГТН.
Локалните здравствени власти соопштија дека ги следат контактите на починатиот селанец – девет лица, кои, пак, имале контакти со уште 26 лица.
Сите тие се ставени во карантин и се под лекарски надзор.Засега, ниту еден од нив нема симптоми и сите биле негативни на болеста.
Починатиот имал цревна чума чии симптоми вклучуваат дијареја, силни болки во стомакот и треска. Појавата на чума во Кина не е невообичаена, но болеста сè поретко се појавува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Саудискиот принц: Ќе инвестираме 600 милијарди долари во САД; Трамп: Зголемете на трилион
Американскиот претседател, Доналд Трамп, разговараше со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.
Тоа беше прв разговор на Трамп со странски лидер откако тој се врати во Белата куќа во понеделникот.
„Двајцата лидери разговараа за напорите за воспоставување стабилност на Блискиот исток, зајакнување на регионалната безбедност и борбата против тероризмот“, се вели во соопштението на Белата куќа.
„Тие разговараа и за меѓународните економски амбиции на Кралството Саудиска Арабија во следните четири години, како и за трговските и другите можности за зголемување на заедничкиот просперитет на Соединетите Држави и Кралството Саудиска Арабија“, се додава.
Саудиската влада соопшти дека има намера „да ги прошири своите инвестиции и трговија со Соединетите држави во текот на следните четири години, во износ од 600 милијарди долари и потенцијално повеќе“.
Говорејќи на Светскиот економски форум вчера, Трамп го нарече престолонаследникот „фантастичен човек“ и најави дека ќе побара од Саудиска Арабија да ги зголеми инвестициите во САД на трилион долари. Трамп додаде дека ќе побара од Саудиска Арабија и од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) да ги намалат цените на нафтата.
Првото патување во странство на Трамп во првиот мандат беше во Саудиска Арабија. Во текот на тие четири години, САД одржуваа блиски односи со блискоисточната земја и покрај убиството на новинарот Џамал Кашоги. Тогаш Трамп и даде приоритет на Саудиска Арабија во својата надворешнополитичка мисија, ставајќи вето на напорите на Конгресот да се запре продажбата на оружје на земјата и да се стави крај на воената помош на САД за Саудиска Арабија во војната во Јемен.
Трамп, исто така, ја бранеше саудиската влада дури и откако ЦИА заклучи дека Бин Салман лично го наредил убиството на Кашоги, гласен критичар на неговата влада.
Свет
Орбан: ЕУ да изврши притисок врз Украина да продолжи со транзитот на гас од Русија
Унгарскиот премиер Виктор Обран денеска изјави дека Унгарија бара од Европската унија да ја убеди Украина да продолжи со транзитот на гас од Русија во Европа.
Орбан, исто така, изјави за унгарското државно радио дека Унгарија мора да го отфрли миграцискиот пакт на Европската унија, бидејќи тој претставува „смртоносна закана“ за земјата, пренесе МТИ.
Тој посочи и дека договорот за миграција, кој го поддржаа опозициските партии, претставува и терористичка закана.
Во врска со повеќекратните закани за бомби упатени вчера до унгарските училишта, премиерот рече дека заканите треба да се сфатат сериозно, како и дека унгарското Министерство за внатрешни работи ги истражува заканите, пренесува Танјуг.
Зборувајќи за американскиот претседател Доналд Трамп, Орбан рече дека Унгарија повеќе не е изолирана, туку се вратила во мејнстримот на историјата.
„Доналд Трамп ги презема токму истите мерки што ние веќе ги презедовме и поради кои левицата и Брисел континуирано се обидуваа да ја изолираат Унгарија“, рече Орбан.
Тој рече дека сега, кога Трамп ги презеде овие мерки, „со сигурност може да се каже дека Унгарија, која се обидоа да ја изолираат и да ја турнат на една страна, повеќе не е на страна“.
Свет
Средношколец во Холандија почина за време на опасен предизвик
Средношколец во Нивегеин, Холандија, оваа недела починал додека учествувал во опасен предизвик – игра со гушење, а нема индиции дека е сторено кривично дело, соопшти денеска полицијата во тој град. Во соопштението се наведува дека се работи за „трагичен инцидент“, објави „NL Times“.
Училиштето во вторникот соопшти дека еден од нивните ученици загинал во фатална несреќа, а на барање на родителите на детето, училиштето подоцна ги известило родителите и старателите.
За време на играта со гушење, децата се гушат себеси или меѓусебно со притискање на каротидната артерија, која мора да се ослободи пред некој да ја изгуби свеста, за што холандскиот центар за превенција од самоубиства предупреди дека е исклучително опасно и може да предизвика оштетување на мозокот и смрт.
Директорот на училиштето „Ана ван Ријн“, Воутер Лукел за РТВ Утрехт изјавил дека сите во училиштето биле шокирани, пренесува Танјуг.
„Тоа е многу тажен настан. Мораме да ги направиме работите што треба да ги направиме на најдобар можен начин. И мислам дека успеавме да го направиме тоа заедно“, рече тој.