Европа
Кипар ги отвора границите за посетители од 13 земји, Македонија не е меѓу нив

Кипар ги отвора своите граници за посетителите од 13 земји дозволувајќи им да влезат без карантин под услов да бидат негативно тестирани на коронавирус, објави државната телевизија РИК.
Обврската за тестирање за влез на државјаните од 13-те земји ќе остане во сила најмалку барем до 20 јуни, се вели во извештајот.
Мерката важи за посетителите од Германија, Австрија, Малта, Грција, Израел, Бугарија, Финска, Словачка, Словенија, Литванија, Норвешка, Данска и од Унгарија.
Ако некој посетител се зарази за време на својот престој, Кипар ќе ги сноси трошоците за лекување, се вели во извештајот.
Друга група на земји, вклучително и Хрватска, Швајцарија, Чешка, Полска и Романија, се очекува да биде додадена на списокот од 20 јуни. Засега Македонија не е вклучена ни во двете групи.
Во однос на земјите што не се вклучени во двете категории, се наведува дека дозволен ќе биде влез само за посебни околности и по одобрување од кипарската влада.
Британските и руските посетители, кои сочинуваат најголем удел на туристите на Кипар, засега остануваат на црната листа поради обемот на пандемијата на коронавирусот во нивната земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Орбан: Политичкиот систем во Европа ќе пропадне

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вели дека актуелниот политички систем во Европа ќе пропадне во текот на оваа деценија.
Орбан, како што пренесува австрискиот портал „Експрес“, на прашањето дали е за останување на Унгарија во ЕУ, рекол: „Дефинитивно не, но мораме“.
„Нормалните луѓе, со нормални ставови, не се за останување во ЕУ. Раздорот и разидувањето меѓу Унгарија и ЕУ расте“, објаснува тој.
Тој вели дека знае што зборуваат премиерите на Франција и Германија, а тоа е за уште поголема миграција, за родовата еднаквост и додаде дека во Унгарија постои приврзаност кон традиционалниот семеен модел.
Тој е убеден дека, по колапсот на актуелниот политички систем во Европа, ќе има враќање на традицијата.
Војната во Украина, посочува тој, уништи многу работи.
„Претходните сојузи со Словачка, Чешка, Австрија и Италија се оптоварени со оваа војна“, објасни тој, додавајќи дека италијанската премиерка е освежување, но дека мора да ги преживее до март преговорите со врвот на ЕУ за исплати од Фондот за закрепнување бидејќи на Италија и се потребни пари.
Орбан рече дека на ЕУ и пречи успехот на Унгарија и дека секој што има поинаков став, како него, веднаш се соочува со обвинувања дека е фашист или хомофоб.
Европа
Се преврте автобус на фудбалски клуб, има загинати

Автобусот со фудбалерите на „Вила Марија Хелена“ излета од мостот кај реката Анг, на патот БР-116, јавуваат бразилските медиуми.
Според информациите кои ги објави бразилски „Глобо“, во оваа несреќа загинале најмалку четири лица.
Во автобусот имало 28 млади лица на возраст од 14 до 17 години, како и возачот и четворица членови на техничката комисија.
TRAGÉDIA! 🚨
Na madrugada desta segunda-feira (30), um time de futebol sofreu um acidente de trânsito em Minas Gerais.
Poucas informações se tinham até o momento, porém foi descoberto que o clube em questão é o Esporte Clube Vila Maria Helena, do Rio de Janeiro.
SEGUE O FIO pic.twitter.com/8Pdg5qTkqW
— Goleada Base (@goleada_base) January 30, 2023
Како што пренесуваат медиумите, тимот се враќал од турнирот во градот Убапоранж и превезувал млади фудбалери во градот Дјук де Касиљас.
Автобусот излетал од мостот и паднал од висина од десет метри.
Иако жртвите се уште не се идентификувани, се знае дека се работи за едно возрасно и три помлади лица.
Телата се пренесени во Афранио Пеиксото, додека повредените се хоспитализирани во болница во Сао Салвадор.
Европа
Песков: Ситуацијата е безнадежна, води до вистинска ескалација

Оружјето што западните земји и го доставуваат на Украина доведува до ескалација на конфликтот, ситуацијата е во ќорсокак, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Песков изјави дека текот на настаните не може значително да се промени и дека специјалната операција продолжува.
„Украина бара се повеќе и повеќе ново оружје, а Западот ги охрабрува овие барања, се колне дека е подготвен да обезбеди оружје. Оваа ситуација е прилично безнадежна, бидејќи, уште еднаш ќе кажам, води до вистинска ескалација и води кон НАТО членовите и тие се подлабоко и подлабоко во овој конфликт“, рече Песков пред новинарите.
Портпаролот се осврна и на односите меѓу Москва и Париз, велејќи дека таму нема ништо за пофалба, исто како во односите меѓу Русија и членките на Европската унија, но доколку е потребно, дијалогот со францускиот лидер Емануел Макрон ќе продолжи.
Песков, дополнително, нагласи дека сега е тешко да се зборува за перспективите на дијалогот со НАТО, бидејќи, како што рече, Алијансата одамна ги прекина сите конструктивни односи со Русија.
Според него, постојат одредени кругови во сите европски земји кои се загрижени за степенот на нивната вклученост во украинскиот конфликт.