Контакт

Свет

Кирилицата во Казахстан заминува во историјата

Објавено пред

Според одлуката на казахстанската влада, во земјата до 2025 година државното писмо целосно ќе се промени од кирилица на латиница.

Медиумите пренесуваат дека се работи за амбициозен план, вреден 664 милиони евра, осмислен со цел да се побегне од советското наследство, иако жителите на Казахстан подобро го говорат рускиот отколку државниот казашки јазик.

Во првите две години предвидено е формирање владино тело за транзиција, создавање дигитален код за промена на писмото и повторно издавање на учебниците во училиштата во земјата.

Втората фаза ќе почне во 2021 година, и ќе трае две години, а ќе опфаќа обука на професорите од средните училишта.

Последната, трета фаза, ќе трае една година и ќе се однесува на превод на владини документи и вести во владините медиуми, како и вработување на т.н. инфлуенсери за работа на социјалните мрежи.

Преминот кон латиница би можел да ги ослабне трговскиот односи со другите постсоветски земји. Моментално 10 проценти од трговијата помеѓу Русија, Казахстан и Украина се одвива на заеднички јазик, поради што луѓето од Казахстан кои говорат руски јазик економски се посилни од оние кои не говорат.

Од друга страна, промената на писмото би можела да доведе до поголема поврзаност со западните земји, како во случајот на Турција, која од 1928 година ја применува латиницата.

Според истражувањата на лингвистичкиот институт во Казахстан, 80 проценти од младите (18-25 години) во земјата ја поддржуваат промената.

Европа

(Видео) Французите излегоа на улиците – штрајкува целата земја, полицијата со солзавец кон демонстрантите

Објавено пред

Низ цела Франција синдикатите започнаа штрајк, кој се смета дека ќе биде еден од најголемите досега, а чија цел е да се принуди францускиот претседател, Емануел Макрон, да ја повлече најавената реформа на пензискиот систем.

Полицијата за разбивање на протести пукаше со солзавец кон маскираните демонстранти кои кон припадниците на органите на редот фрлаа со најразлични предмети.

Во Лион и Марсеј на улиците изегоа илјадници демонстранти кои носе транспаренти со натпис „Макрон се изгуби“ и „Не ги допирајте нашите пензии“, пренесува „Ројтерс“.

Во Монпелје, во поворката учествуваа стотици адвокати во одори и негуватели во болничарски униформи, како и десетици жолти елеци.

Вкупно околу 285.000 лица денеска демонстрираат во околу 40 градови низ Франција, но оваа времена проценка не ги зема предвид демонстрациите во Лион и Париз, каде поворката почна околу 15 часот и 15 минути.

Како резултат на штрајкот, сообраќајот во градовите е парализиран, без железнички ниту метро сообраќај, додека на францускиот аеродром „Орли“, сообраќајот е намален за 20 проценти.

Во пресрет на демонстрациите милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест поради тоа што ќе бидат принудени да се пензионираат подоцна или ќе се соочат со намалени пензии.

Училишните и транспортните работници ќе им се придружат на полицијата, адвокатите и вработените во болниците и аеродромите.

Прикажи повеќе...

Свет

Претседателот на Азербејџан го распушти парламентот и свика предвремени избори

Објавено пред

Долгогодишниот азербејџански претседател Илхам Алиев денес издаде указ за распуштање на парламентот и одржување на предвремени избори за два месеца.

Овој потег, координиран со еднодомниот парламент и претставен пред јавноста како реформаторски, одново ги поттикна шпекулациите дека неговата вистинска цел е да се зацврсти моќта на фамилијата Алиев во земјата.

Неговата сопруга Мехрибан Алиева е потпретседателка на Азербејџан.

Претседателот, кој ја води поранешната советска република со излез на Касписко езеро повеќе од петнаесет години, беше реизбран минатата година со освени над 80 проценти од гласовите.

Во неговата уредба се вели дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 9. февруари, осум месеци пред планираниот датум.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ до Меркел: Важно е Германија да остане на ставот за укинување на таксите од Приштина

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денес во телефонски разговор со германаската канцеларка Ангела Меркел се заблагодарил за континуираната поддршка на Германија за евроинтеграциите на Србија, особено со оглед на германското претседателство со ЕУ во втората половина на следната година, пренесоа српските медиуми.

Според информациите, Вучиќ изразил потреба од јасен план за проширувањето на ЕУ и временска рамка за членството, бидејќи, како што рекол, процесот на евроинтеграциите на Западен Балкан се важни за мирот и стабилноста во регионот.

Српскиот претседател во разговорот исто така порачал дека би било важно за Германија и Европа да останат на ставот дека е неопходно приштинските власти да ги укинат таксите на производи од Србија со цел да се продолжи дијалогот.

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа6 минути

(Видео) Французите излегоа на улиците – штрајкува целата земја, полицијата со солзавец кон демонстрантите

Низ цела Франција синдикатите започнаа штрајк, кој се смета дека ќе биде еден од најголемите досега, а чија цел е...

Македонија3 часа

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија4 часа

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија5 часа

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија8 часа

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура8 часа

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион9 часа

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет9 часа

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија9 часа

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет9 часа

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Спорт10 часа

Фудбалските менаџери годинава заработиле преку 500 милиони фунти

На фудбалските менаџери ширум светот во 2019 година им биле исплатени 500 милиони фунти. Прва пат се случува вкупната заработка...

Европа10 часа

„Монд“: Руски шпиони ги користеле Алпите како главен камп за операции во Европа

Весникот „Монд“ пишува дека руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во Европа. 15 припадници на...

Свет10 часа

Макрон ќе организира самит за француското воено присуство во Западна Африка

Францускиот претседател Емануел Макрон, по смртта на 13 француски војници во хеликоптерска несреќа во Мали, изјави дека лидерите на Западна...

Свет10 часа

Пет европски држави го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страна на Северна Кореја

Европските држави повторно го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страната на Северна Кореја од мај годинава, наведувајќи дека...

Регион10 часа

Палмер: За сите земји од Западен Балкан сме подобар партнер од Русија

Пратеникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму е...

Македонија21 час

Трудо: Зоране Заев, добредојдовте на масата на НАТО

„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоране Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во алијансата“, напиша канадскиот...

Македонија1 ден

Милошоски: Заев и Дескоска се правно неписмени, ги принудија пратениците да не донесат заклучок за членот 11

ВМРО-ДПМНЕ реагира по одлуката на Комисијата за законодавно-правни прашања, на која беше заклучено дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов помилувал 56...

Македонија1 ден

Пратениците одлучија дека Иванов помилувал 56 лица преку непостоен член

Собраниската Законодавно-правна комисија попладнево донесе одлука дека Собранието не може да толкува правна норма што не постои, која се однесува...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Како дел од НАТО, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите го оцени учеството на владината делегација на...

Македонија1 ден

Бојан Јовановски останува во притвор, aпелација ја одби жалбата

Апелациониот суд Скопје денеска ја отфрли жалбата за притворот на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13. „Апелациониот...

Досие