Европа
Кличко: На градот му се заканува апокалипса како во холивудските филмови

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко предупреди дека градот може да се соочи со апокалипса доколку Русија продолжи да ја таргетира виталната инфраструктура. Тој додаде дека засега нема потреба од евакуација на населението, туку граѓаните треба да се подготват за тоа сценарио, пишува Sky News.
„Киев може да го загуби снабдувањето со струја, вода и греење. Може да се случи апокалипса како во холивудските филмови, така што граѓаните не можат да бидат во своите домови поради ниските температури“, рече Кличко, додавајќи дека властите се обидуваат да спречат да се случи тоа сценарио. .
Киев нема доволно загреани засолништа за да ги смести своите 3,6 милиони жители во случај на целосно затемнување.
„Во моментов имаме подготвено речиси 500 автономни засолништа со греење, но ова не е ништо за град од три милиони жители, доколку се уште има прекини во струја, ќе бидеме принудени да ја исцедиме водата од зградите бидејќи во спротивно, поради ниската температури, може да замрзне во цевките и да ја оштети целата водоводна мрежа“ – изјави Кличко.
Градоначалникот на Киев ги повика жителите да подготват залихи со храна и вода за итни случаи, како и да имаат подготвена облека и документи за брзо заминување доколку не успее греењето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Сменет украинскиот министер за одбрана

Олексеј Резников повеќе не е министер за одбрана на Украина. Како што соопшти вечерва АФП, на негово место ќе дојде поранешниот директор на воената разузнавачка агенција Кирило Буданов.
#BREAKING Ukraine's Defence Minister Reznikov to be replaced by head of military intelligence Budanov pic.twitter.com/Qq3ggxSPK2
— AFP News Agency (@AFP) February 5, 2023
За потсетување, украинските медиуми денеска објавија дека украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников наскоро ќе мора да ја напушти функцијата, а со министерството најверојатно ќе раководи Кирило Буданов, шеф на Разузнавачката служба на Украина, пренесе Индекс.хр.
Европа
„Туркиш ерлајнс“ откажа над 200 летови од и до аеродромот во Истанбул

Турската национална авиокомпанија Туркиш ерлајнс соопшти дека вкупно 238 летови, планирани за денеска и утре во Истанбул, се откажани поради предвиденото невреме, придружено со снежни врнежи.
Во соопштението се наведува дека одлуките за откажување се донесени во согласност со заклучокот на Метеоролошкиот комитет за вонредни состојби (МАДКОМ), а граѓаните се предупредуваат да го проверат статусот на нивните летови пред да пристигнат на аеродромот, пишува истанбулскиот весник „Дејли Сабах“.
„Поради очекуваните врнежи од снег во Истанбул и според одлуката на МАДКОМ, летовите од аеродромот во Истанбул се откажани на 5 и 6 февруари. Откажани се вкупно 238 летови до и од аеродромот во Истанбул – 72 домашни и 166 меѓународни. Можно е дека ќе се зголеми бројот на откажани летови“, се наведува во соопштението, пренесе Б92.
Европа
Шолц: Путин никогаш не ми се заканувал ниту мене ниту на Германија

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не му се заканувал на него ниту на Германија во нивните телефонски разговори, пренесува денеска германскиот весник „Билд ам Зонтаг“.
Последен пат разговарале на телефон на почетокот на декември, пренесува Ал Џезира.
Шолц, исто така, рече дека јасно му кажал на Путин дека има многу различни ставови за војната во Украина.
„Јасно му ставам до знаење на Путин дека Русија е одговорна за војната. „Русија го нападна својот сосед без причина за да стави под своја контрола делови од Украина или целата земја“, рече Шолц.
Тој додаде дека Германија смета дека рускиот напад ја прекршил европската мировна рамка и дека Берлин обезбедува финансиска, хуманитарна и воена помош за Украина.
Има договор со украинскиот претседател Володимир Зеленски дека оружјето што го испорачува Запад може да се користи само на украинска, а не на руска територија, нагласи Шолц,пренесе Денес.рс.