Контакт

Свет

Ковид-19 е трета најчеста причина за смртност во Шведска во првата половина од годината

Објавено пред

Зa време на првите шест месеци од 2020 година третата најчеста причина за смрт во Шведска била Ковид-19, соопшти Националната управа за здравство и социјална помош.

Вкупно 51.534 луѓе починале до крајот на јуни, од кои 14.000 се резултат на кардиоваскуларни болести, 11.600 од малигни заболувања и 5.500 од ковид. Следат мозочни болести и белодробни заболувања, како и смртни случаи како резултат на надворешни влијанија, како што се сообраќајни несреќи, труење и самоубиство. Вкупно 25.609 жени и 25.925 мажи починале во периодот од јануари до јуни.

„Ефектот на Ковид може јасно да се забележи во статистиката. Ковид придонесе за 10 проценти зголемување на смртноста кај жените и 14 проценти кај мажите во споредба со првите шест месеци од 2019 година, а во текот на април тоа беше дури и најчеста причина за смрт. За да пронајдеме иста вкупна стапка на смртност, кога станува збор за мажите, треба да се вратиме во 2013 година, а на жените до 2017 година “, објаснува Мона Хеугрен, раководител на одделот за статистика во Шведската национална управа за здравје и благосостојба.

Просечната возраст на починатиот во првата половина на оваа година беше приближно половина година поголема (82,5 години за жени и 77,6 години за мажи) во споредба со истиот период во 2019 година, што се објаснува со фактот дека од Ковид-19 се умира повеќе на постара возраст отколку од други причини. Кога станува збор за Ковид-19, просечната возраст на починатите жени била 85 години, а на мажите 80,4 години. Просечната возраст на луѓето кај кои Ковид-19 била најголема причина за смрт е две години поголема отколку кај Швеѓаните кои починале од други причини.

Каква ќе биде статистиката за другите шест месеци од гоодината пред сè зависи од стапката на смртност во преостанатите 45 дена од годинава.

Шведска вчера воведе досега најстроги мерки. Досега можеа да се соберат до 300 луѓе на спортски и културни настани, а до 50 на други. Сепак, ограничувањето не важи за приватни и деловни собири, па и покрај препораката да се избегнуваат такви места, и натаму нормално работат рестораните, баровите, спортските сали, кината и трговските центри.

Она што ја прави Шведска сè уште најразлична од другите европски земји е ставот дека маските не се неопходни во борбата против пандемијата.

Во своето обраќање до нацијата, премиерот Лофвен имаше можност да ги повика граѓаните да носат маски барем во ситуации кога не може да се следи далечина, на пример во јавниот превоз, но на прашањето директно за маските, тој одговори: „Маските не се забранети во Шведска“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Словачка го откажа вториот круг од масовното тестирање за коронавирус

Објавено пред

Вториот круг на тестирање за коронавирус на ниво на цела Словачка наиде на отпор и поради тоа е одложен на неопределено време

Премиерот, Игор Матовиќ, рече дека вториот круг кој требаше да се изведе на 6 и 7 декември е одложен и ќе се одржи, но засега нема определено термин.

Матовиќ е голем поборник за тестирање на целото население, а во првиот круг на 31 октомври и 1 ноември беа тестирани 3,6 од вкупно 5,5 милиони Словаци. Во вториот круг, би биле откриени оние кои се заразиле во меѓувреме.

Но, градските и локалните лидери се спротивставуваат на логистичките тешкотии при одржување на масовно тестирање, па сакаат тие да се фокусираат само на ранливите групи од населението.

Податоците покажуваат дека бројот на заразени во Словачка е малку зголемен. Противниците на масовното тестирање претходно изјавија дека неодамнешниот пад на бројот на новозаболени се должи на делумното затворање во октомври и нема никаква врска со масовното тестирање.

Учеството во масовното тестирање беше доброволно, но секој што немал негативен тест не смеел да оди на работа две недели.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Италија во последните 24 часа од коронавирус починале 822 пациенти

Објавено пред

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починаа 822 лица, објави италијанското Министерство за здравство.

Бројот на починати во последните 24 часа е поголем од претходниот ден, кога беа регистрирани 722 смртни случаи.

Во соопштението се наведува дека се потврдени 29.003 нови случаи, а вчера тој број беше 25.853.

Направени се 232.711 тестови, повеќе од вчера, кога биле направени 230.007 тестови.

Во Италија, од почетокот на пандемијата починале 52.850 лица, а заболеле 1.510.000.

Прикажи повеќе...

Свет

Директорот на „АстраЗенека“: Вакцината бара дополнителна студија

Објавено пред

Вакцината против Ковид-19 развиена од британската лабораторија „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд, бара понатамошно истражување, рече извршниот директор на „АстраЗенека“ по критиките за објавените резултати за ефикасноста.

„Сега, кога се чини дека ја најдовме најдобрата ефикасност, треба да ја потврдиме, затоа треба да спроведеме дополнителна студија“, рече Паскал Сориот во интервју за „Блумберг“.

Резултатите од оваа нова меѓународна студија, додаде тој, може да се постигнат побрзо затоа што знаеме дека ефективноста е висока и затоа ни требаат помалку пациенти.

Сориот не верува дека овој дополнителен тест ќе го забави одобрувањето на вакцините што треба да го дадат регулаторите во Европската унија и Велика Британија, но на американските власти ќе им треба повеќе време да дадат зелено светло.

Британската лабораторија во понеделникот, врз основа на големи клинички испитувања во Велика Британија и Бразил, објави дека вакцината е во просек ефикасна 70 проценти.

Сепак, зад овој просечен резултат лежат големи разлики помеѓу два различни протоколи. Така, ефикасноста беше 90 проценти за волонтерите кои прво добија половина од дозата, а потоа и целата доза еден месец подоцна, а за групата што ја прими целосната доза двапати, исто така, со разлика од еден месец, ефикасноста беше 62 проценти.

Лабораторијата објави дека инјектирањето на половина од дозата во првата група е резултат на случајна грешка, така што само 3.000 пациенти биле подложени на ваков протокол. Сепак овие резултати сугерираат дека таквата шема предизвикува подобар имунолошки одговор.

Сепак, критиките дојдоа токму затоа што станува збор за мала група волонтери и затоа што откритието е направено по грешка.

Понатаму, просечната возраст на групата која примила половина од дозата не надминува 55 години, со што се исклучуваат ризичните групи.

Новата студија треба да ја процени ефикасноста на вакцината со давање помала доза.

„АстраЗенека“ има предност во однос на конкурентите затоа што користи потрадиционална технологија и затоа е поевтина и полесна за чување. Вакцината може да се чува на температура од обичен фрижидер, а не на екстремно ниски температури како во случајот на вакцината на „Модерна“ (-20 степени Целзиусови), или -80 за вакцината што ја развиваат „Фајзер“ и „Бионтек“.

Во понеделникот, „АстраЗенека“ објави дека брзо ќе започне со производство на 3 милијарди дози што ќе бидат достапни во 2021 година. За споредба, „Фајзер“ и нејзиниот партнер „Бионтек“ објавија дека ќе произведат 1,3 милијарди дози до крајот на 2021 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија2 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија3 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа3 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион5 часа

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија5 часа

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Македонија7 часа

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија8 часа

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија8 часа

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија11 час

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ12 часа

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија13 часа

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија13 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет13 часа

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет14 часа

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија1 ден

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија1 ден

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија1 ден

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет1 ден

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен1 ден

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Досие