Контакт

Свет

Кои се жртвите во несреќата на „Етиопијан ерлајнс“?

Објавено пред

Во авионската несреќа на „Етиопијан ерлајнс“, што се случи во утрото во неделата, загинаа 157 луѓе од 35 националности. Меѓу нив имало 32 патници од Кенија, 18 од Канада, девет од Етиопија, девет од Велика Британија и по осум од Италија, Кина и од САД и седум од Франција, објави Би-би-си.

Голем дел од патниците одел на самитот на Обединетите нации во Најроби. Најмалку 22 луѓе на летот биле поврзани со ОН, а нивниот идентитет сè уште се утврдува. Меѓу нив имало делегати, преведувачи и друг персонал на ОН, како и нигерискиот амбасадор Олуреми Башуа.

Засега се идентификувани и тројца италијански државјани што работеле за хуманитарната организација „Африка Тремила“, која е базирана во Бергам. Загинале претседателот на организацијата, Карло Спини, неговата сопруга и секретарот на организацијата.

Во несреќата загинал и Себастиоано Туса, археолог на 66-годишна возраст, кој патувал во Кенија на проект со УНЕСКО.

Австриското Министерство за надворешни работи потврди дека на летот имало тројца доктори на 30-годишна возраст, кои патувале во Занзибар.

Вчера беше потврдено дека загинале синот и сопругата на словачки политичар. Објавено е и дека загинале тројца Швеѓани, но нивниот идентитет не е потврден.

Загинала и 28-годишната Норвежанка Каролин Адланд, која работела во Црвениот крст, како и тројца туристи од Русија.

Канадскиот премиер Џастин Трудо потврди дека загинала и една Канаѓанка – Даниел Мур, 24 години, која патувала на конференцијата на ОН.

Даниел Мур

Од САД загинале четворица членови на Католичкото здружение за помош, кои патувале во Најроби на обука.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Иран повторно заплени танкер во Персискиот Залив

Објавено пред

Иранската револуционерна гарда заплени уште еден танкер во Персискиот Залив поради наводно криумчарење на 250.000 литри дизел гориво во Обединетите Арапски Емирати, објави иранската полуофицијална студентска новинска агенција ИСНА.

„Тој беше задржан во близина на островот Голем Тунб во Персискиот Залив … екипажот беше предаден на правните органи во провинцијата Хормозган“, наведува ИСНА, која не ја прецизираше националноста на членовите на екипажот, пренесува „Ројтерс“.

Сепак, Индекс.хр наведува, повикувајќи се на агенцијата „Фарс“, дека на танкерот има 11 членови на екипажот и дека припаѓа на Обединетите Арапски Емирати.

Прикажи повеќе...

Свет

Остатоци од повеќе од 2.000 фетуси пронајдени во домот на починат лекар

Објавено пред

Остатоци од повеќе од 2.000 фетуси се пронајдени во домот на американски лекар од Илионис по неговата смрт, соопшти тамошната полиција.

Семејството на д-р Урлих Клофер ги открило остатоците кога влегло во неговиот дом по неговата смрт на 3 септември.

Лекарот имал клиника во Саут Бенд, Индијана, која била затворена, откако му била одземена лиценцата во 2016 година. Тој бил обвинет затоа што на надлежните органи не им пријавил абортус извршен врз 13-годишно девојче.

Лекарот рекол дека не изгубил ниту еден пациент во текот на 43 години, период во кој вршел абортуси.

„Жените забременуваат, мажите не. Мора да ја почитуваме одлуката за која жените мислат дека е најдобра за нив. Не е моја работа да диктирам нешто или да судам некого “, рекол Клепер на рочиштето,пренесува „Њујорк тајмс“.

Властите открија остатоци од вкупно 2.224 фетуси земени од патологот, а истрагата е во тек.

Прикажи повеќе...

Свет

Околу 50.000 работници на „Џенерал моторс“ започнаа штрајк

Објавено пред

Повеќе од 49.000 работници на „Џенерал моторс“ (ЏМ) започнаа штрајк денес и поставија препреки на влезовите во фабриката, откако не успеаја преговорите на синдикатот Обединети автомобилски работници (ОАВ) со раководството на компанијата за заработката и работните услови.

Работниците затворија 33 производствени погони во девет држави низ САД, како и 22 складишта за дистрибуција на резервни делови, пренесува АП.

Неизвесно е колку долго ќе траат протестите, а синдикатите велат дека ГМ ги одолговлекувал неколкумесечните преговори, додека компанијата соопшти дека тие направиле значителни понуди, вклучително и повисоки плати и инвестиции во фабрики.

Бидејќи соопштенијата на двете страни се контрадикторни, тешко е да се каже колку долго ќе трае штрајкот, рече Кристин Џичек, потпретседателка за прашања на трудот и индустријата во Центарот за истражување во автомобилскиот сектор.

Разговорите треба да продолжат и денес, додава АП.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија2 часа

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија2 часа

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет5 часа

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија5 часа

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија5 часа

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион5 часа

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ5 часа

Поднесено обвинение за ќерката што ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката што ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет6 часа

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Свет6 часа

Потона брод во Индија, се удавија 12 лица

Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со...

Регион17 часа

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Регион19 часа

Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира...

Македонија20 часа

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Македонија1 ден

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија1 ден

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет1 ден

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија1 ден

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Европа1 ден

Хан бара земјите членки да дадат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но...

Европа1 ден

Сноуден: Нѐ следат на секој чекор

Погрешно би било подемот на политичарите како Доналд Трамп, Борис Џонсон или десничарската Алтернатива за Германија, да го гледаме само...

Култура2 дена

Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки“

Вечерва во Битола почна 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори претседателот на држвата,...

Досие